Life academy

Life academy Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Life academy, Yoga studio, Улица Никола Тесла бр. 68, Bitola.

Да го промениме она што можеме да го промениме и да го прифатиме она што не можеме да го промениме.
Место за мотивација и инспирација.
Заедница каде секој е поддржан и информиран за настани и содржини што нè прават подобра верзија од себе. Добредојдовте на Facebook страната на Life academy.

Тука ќе Ве информираме за нашите редовни часови, настани, јин курсеви и работилници.

Формулар за запишување https://bit.ly/Life_academy

Дали некогаш сте ја изеле целата чинија додека гледате серија, а потоа сте се запрашале: „Кога исчезна храната?" Сите го...
11/05/2026

Дали некогаш сте ја изеле целата чинија додека гледате серија, а потоа сте се запрашале: „Кога исчезна храната?" Сите го правиме тоа. Но, познатиот зен-учител Тич Нат Хан нè учи дека јадењето може да биде најлесниот начин да го смириме умот и да ја вратиме радоста во секојдневието.

1. Јадењето е тренинг за мозокот

„Јадењето не е само исхрана за телото, туку и за умот."

Ако јадете додека сте лути или под стрес, го храните стресот. Ако јадете со внимание, го храните внатрешниот мир.

2. Заборавете на мултитаскингот

„Пред неколку години прашав некои деца: 'Која е целта на појадокот?'
Едно момче одговори: 'За да добиеме енергија за денот.'
Друго рече: 'Целта на појадокот е да се појадува.'
Мислам дека второто дете беше во право."

Поентата е да бидете тука за појадокот, а не веќе на работа во вашите мисли.

3. Што всушност џвакате?

Ова е најважниот практичен совет: „Не ги џвакајте вашите грижи, вашиот страв или вашиот гнев. Ако ги џвакате вашите планови и вашата анксиозност, тешко е да се чувствувате благодарни за секое парче храна. Само џвакајте ја вашата храна."

Следниот пат кога ќе почнете да мислите на неплатените сметки додека ручате, кажете си: „Сега само џвакам." Толку е едноставно.

4. Јадењето како среќа, а не обврска

„Поминете време со вашата храна; секоја минута од вашиот оброк треба да биде среќна. Не многумина имаат време и можност да седнат и да уживаат во оброк на тој начин. Ние сме многу среќни."

5. Храната како лек

Кога избираме што да ставиме во чинијата, треба да имаме намера: „Да јадеме само храна што нè негува и спречува болести... Да ја прифатиме оваа храна за остварување на патот на разбирањето и љубовта."

6. Поврзете се со светот

За Тич Нат Хан, секој момент е шанса за длабоко живеење: „Живејте го секој момент од вашиот живот длабоко, и додека одите, јадете, пиете и ја гледате утринската ѕвезда, ја допирате крајната димензија."

Практичен заклучок:

Утре, оставете го телефонот настрана само за првите пет залаци. Погледнете ја храната, помирисајте ја и „само џвакајте". Тоа е почетокот на еден посреќен живот.

#свеснојадење #присутност #внатрешенмир #здравживот #тичнатхан #Битола

Дали некогаш сте се запрашале како одредени звуци можат да ја променат вашата ментална состојба? Па уште кога ќе ги комб...
08/05/2026

Дали некогаш сте се запрашале како одредени звуци можат да ја променат вашата ментална состојба? Па уште кога ќе ги комбинираме со техники на дишење и соодветна јин секвенца за колковите и 'рбетот — се случува магија.

На овој час ги спојуваме најстарите јогиски техники со модерната наука за звукот.

You are here to make the waves.

📅 10.5.2026 г.
🚫 19:15 – 20:15 ч. (терминот е пополнет)
📍 Life Academy, Битола

#Битола #јинјога

Нашиот мозок постојано предвидува што ќе се случи следно, врз основа на она што веќе сме го доживеале и повторувале.Пред...
05/05/2026

Нашиот мозок постојано предвидува што ќе се случи следно, врз основа на она што веќе сме го доживеале и повторувале.

Предвидувачкото кодирање е процес во кој мозокот гради модели од минатото и ги користи за да одлучи што е веројатно во иднина.

Ако сакаме поинакви исходи, мораме да му дадеме на мозокот поинакви докази.

#твојотмозок #промена #навики #предвидувачкокодирање #мотивација #размислување #наука

Не се критикувај за минатото. Во тој момент даде се од себе со знаењето, силата и искуството кое го имаше тогаш. Растење...
01/05/2026

Не се критикувај за минатото.

Во тој момент даде се од себе со знаењето, силата и искуството кое го имаше тогаш. Растењето значи учење, а учењето доаѓа само со време.

Покажи си сочувство кон себе си. 🤗

#порака #самосочувство #личенразвој #мотивација #позитивност #засебе #Битола

Дали некогаш сте почувствувале дека го носите целиот товар на светот токму во вашите рамена? Токму тука најчесто ја скла...
30/04/2026

Дали некогаш сте почувствувале дека го носите целиот товар на светот токму во вашите рамена? Токму тука најчесто ја складираме физичката напнатост која доаѓа од прекумерна одговорност, стрес или секојдневниот притисок.

Кога се соочуваме со несигурност или потисната фрустрација, нашето тело реагира со затегнување. Тој отпор не запира само на едно место, туку влијае врз држењето на целото тело и врз слободата на движење.

На овој час пристапуваме кон рамениот појас како на комплексен систем. Преку специфична jин јога секвенца, ги активираме сите насоки на движење неопходни за здрави зглобови и функционално тело:

флексија и екстензија, абдукција и адукција, ротација, циркумдукција, пронација и супинација, опозиција и репозиција.

Целта е да го вратиме телото во неговиот природен баланс и да овозможиме движење без непотребен структурен отпор, да се опуштиме и вистински да уживаме на само еден час.

📅 3.5.2026 г. 🚫 19:15 – 20:15 ч.
📍 Life Academy, Битола

#јинјога #Битола #рамена

Генерално, стресот се однесува на две нешта: психолошката перцепција на притисок и одговорот на нашето тело на тој прити...
27/04/2026

Генерално, стресот се однесува на две нешта: психолошката перцепција на притисок и одговорот на нашето тело на тој притисок. Овој сложен процес вклучува повеќе системи во нашиот организам — од метаболизмот и мускулите, па сè до меморијата.

Стресот е природен одговор на нашето тело на секоја побарувачка или закана. Кога се чувствуваме загрозени, нашиот нервен систем реагира со ослободување хормони, како што се адреналин и кортизол, кои нè подготвуваат за итна акција. Ова е познато како одговор: „бори се или бегај“.

Зошто ни се појавува?
- опстанок: тоа е механизам за преживување кој ни помага брзо да реагираме на опасност;

- перцепција: не е секогаш предизвикан од реална физичка закана, туку често произлегува од нашиот начин на размислување за одредена ситуација;

- дисбаланс: стресот се јавува кога постои нерамнотежа помеѓу барањата што ни се поставени и нашите способности за справување.

Симптоми на кои треба да внимаваме:
- емоционални: иритабилност, лутина, анксиозност или чувство на преоптовареност;

- когнитивни: проблеми со меморијата, слаба концентрација и постојана загриженост;

- физички: главоболки, напнатост во мускулите, забрзано чукање на срцето и замор;

- однесување: промени во апетитот, несоница или социјално повлекување.

Како да се справиме?
- физичка активност: вежбањето ни помага во согорување на хормоните на стрес;

- поставување граници: важно е да научиме да кажеме „не“ на дополнителните обврски;

- поврзување: разговорот со блиски луѓе ни помага во регулирање на емоциите;

- спиење и исхрана: тие се клучни за обновување на нашата енергија.

Јогата како наш сојузник ✨
Сите овие стратегии, одржувањето физичка активност, храброста да поставиме граници, отворениот разговор и грижата за квалитетен сон, се всушност основните столбови на јогата. Таа не е само вежбање, туку комплетна дисциплина која нè учи како преку свесни движења и релаксација да ги интегрираме овие здрави навики во нашето секојдневие, трансформирајќи го начинот на кој нашето тело и ум реагираат на животниот притисок.

#стрес #здравје #јога #релаксација #самогрижа #вежбање #дишење #Битола

24/04/2026

Мај е месец за нов почеток. 🌱

•Флексибилност - за лесно движење и насмевки;
•Функционална јога - за твојата стабилност;
•Deep reset - за смирување на нервниот систем;
•Јин јога - за истражување на длабочината;
•Работилница за рамнотежа.

✉️Пријава во био
📞076 437 212

На последниот час од овој курс, избираме тишина.Во свет во кој постојано сме насочени кон надвор и преплавени со стимула...
23/04/2026

На последниот час од овој курс, избираме тишина.

Во свет во кој постојано сме насочени кон надвор и преплавени со стимулации, еден час тишина не е празен простор. Напротив, тоа е најгласниот и најважниот разговор што можеме да го водиме со самите себе.

Кога вежбаме без музика, учиме самите да ги регулираме нашите внатрешни состојби. Низ положбите на јин јогата, ќе забележиме дека звуците се секогаш тука, во просторот околу нас и внатре во нас. Прашањето е само дали сме доволно тивки за да ги слушнеме?

И можеби ќе откриеме многу интересни и нови нешта за себе.🤫

🗓 26.4.2026 г. | 🚫19:15 – 20:15 ч. (терминот е пополнет)
📍Life Academy, Битола

#звукотнатишината #јинјога #тишина #внатрешенмир #свесност #Битола #нада

Што ќе правиме на последниот јин час од овој циклус?Физиолошки, ова ќе биде пракса фокусирана на колковите. Темата е мит...
22/04/2026

Што ќе правиме на последниот јин час од овој циклус?

Физиолошки, ова ќе биде пракса фокусирана на колковите. Темата е митови — со надеж дека ќе се инспирираме и ќе прифатиме дека нема подобар учител од својот внатрешен учител.

🗓 26.4.2026 г. | 18:00 – 19:00ч.
📍Life Academy, Битола

Дали знаете што ќе правиме во мај? 🌿Ќе уживаме, ќе бидеме опуштени и ќе бидеме среќни. Така решивме!А ако и вие сакате т...
20/04/2026

Дали знаете што ќе правиме во мај? 🌿

Ќе уживаме, ќе бидеме опуштени и ќе бидеме среќни. Така решивме!

А ако и вие сакате така – јавете се, дојдете и можеби и вие ќе бидете опуштени, среќни и вистински ќе уживате.

✨ НОВО ВО МАЈ: Deep Reset ✨
Нашата специјална станица за оние кои немаат многу време, а им треба целосен рестарт на нервниот систем за само 30 минути.

На располагање ги имаме и:
• Флексибилност (за движење и насмевки)
• Функционална јога (за стабилност)
• Јин јога (за истражување на длабочината)
• Рамнотежа (работилница)

📢 Бидете дел од нашата заедница на Viber! Ако планирате да ни се придружите и сакате први да бидете информирани за сите настани, приклучете се на нашиот Viber канал https://shorturl.at/cz6ps

🚀 МАЈСКИ ПРЕДИЗВИК: НОВИ ШАБЛОНИ Од мај, ексклузивно на нашиот Viber канал започнуваме со предизвик! Секој ден ќе имаме по една мала задача за заедно да изградиме нови шаблони за грижа, сила и внатрешен мир.

💌 Резервирајте го вашето место во ДМ, пополнете ја пријавата https://bit.ly/Life_academy или пишете ми на Вибер ако имате прашања.

Ајде да го направиме мај месец за уживање и нови почетоци! ✨

#НовиШаблони #Битола #јинјога #јогамакедонија #Рамнотежа

Address

Улица Никола Тесла бр. 68
Bitola
7000

Opening Hours

18:00 - 21:00

Telephone

+38976437212

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Life academy posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Life academy:

Share

Category