29/11/2021
Дископатија - збор кој многумина не сакаат да го слушнат, но имаме решение во ФИЗИОМЕДИКА
ШТО Е ДИСКОПАТИЈА?
– За да се разбере дископатијата, најпрво треба да се знае дека Вашиот ’рбетен столб е составен од 32 прешлени, меѓу кои се наоѓа ’рскавица, односно дискуси, кои го спречуваат триењето меѓу прешлените, како и лигаменти и мускули, кои се наоѓаат долж ’рбетниот столб обединувајќи го неговиот прешленски и дискусен дел.
Во ’рбетот сместен е ’рбетниот мозок во кој се наоѓаат сплет на нерви, наречени спинални нерви. Системот функционира така што прешлените се цврстиот дел кој дава цврстина, заштита на ’рбетниот мозок и стабилност на телото, додека дисковите служат исклучиво како амортизери.
КАКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА ДИСКОПАТИЈА?
– Дископатијата се дијагностицира така што на рендгенска снимка, каде прешлените се гледаат како бели, односно светли полиња, се воочуваат празнините помеѓу нив, каде што се наоѓаат ’рскавичните дискуси кои не ги одбиваат рендгенските зраци, туку ги апсорбирааат.
Кога ќе забележиме дека просторот каде што би требало да се наоѓа еден диск е потесен од просечното, можеме да заклучиме дека станува збор за дископатија.
КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ КАЈ ПАЦИЕНТОТ?
– Пред дијагностицирањето на дископатијата пациентот чувствува продорна болка, најпрво во пределот на повредениот дискус, а се појавуваат и низа други несакани ефекти и симптоми, како болка, трнење, вртоглавица. Интензитетот на болката може да биде толку силен да предизвика и блага до потполна вкочанетост, невозможност за ослонување на една или на двете нозе или пречки при движење и свртување.
Други несакани ефекти настануваат како последица на триењето меѓу прешлените, после што доаѓа до вклештување на одредени нерви долж ’рбетот. Поради тоа болката не се задржува само локално на местото на повредениот дискус, туку се пренесува и на други делови од телото, да речеме во пределот на ребрата, карлицата или на некој од екстрмитетите, во зависност од спиналниот нерв кој е доведен во прашање.
КАКО СЕ ТРЕТИРА?
– Ако станува збор само за дископатија, без други патолошки процеси во ’рбетот, тогаш терапијата обично не е тешка. Се третира со физикална терапија, масажа и киропрактика (бидете особено внимателно кого ќе одберете да Ве лекува, со оглед на тоа дека има многу недоволно обучени терапевти и киропрактичари!).
Медикаментозно се зема витамин Б6, кој допринесува за обновување на ’рскавицата.
ШТО ПОТОА?
– После примарното лечење особено важно е да се промени стилот на живеење.
Дископатијата најчесто е резултат на предолго стоење или седење, па решението е во контрастот, односно во движењето и вежбите.
При соодветните кинезитерапевтски вежби телото се обидува да ја прилагоди својата градба според условите во околината, а знаејќи дека тешко се менуваат коските, телото настојува да го промени обликот на мускулите и ’рскавицата, во што и најчесто успева.
Тоа се прави со два вида на вежби, прво вежби за сила, кои ги зајакнуваат мускулите на ’рбетот, при што се растеретуваат прешлените и дисковите, а потоа доаѓаат вежбите за истегнување со кои се одржува флексибилноста на лигаментарниот и тетивниот систем на ’рбетот и директно се намалува можноста за повторно појавување на болката.
Контактирајте не 🔘