14/07/2023
Eucerin Kids Sun Sensitive Protection – за сонцето да биде радост, а помалку опасност 🌞!
Детската кожа е многу потенка од онаа на возрасните, а природните заштитни механизми не се доволно развиени. Дополнително, детската љубопитност и темперамент, желбата за истражување и игра, предизвикува поголема изложеност на сонце, на што треба соодветно да се одговори со квалитетната и доверлива Еуцерин детска колекција за заштита од сонце.
Eucerin Kids Sun Protection ја навлажнува кожата, ја охрабрува регенерацијата на клетките на кожата, обезбедувајќи заштита за кожата. Овие производи не содржат хемиски додатоци за боја и мирис, така што е минимизиран ризикот од иритација на кожата.