Пела Мед / Pela Med

Пела Мед / Pela Med Нов модерен и луксузен дом за грижа и нега во кој ние ќе се погрижиме вашите животи да бидат исполнети со чувство на спокој и среќа.

Прв центар изграден по светски стандарди за нега и грижа Пела Мед, инвестиран од Пелагонија АД Гостивар е вистинското место каде што сакате да бидете вие или вашите најблиски. Новите сместувачки капацитети со беспрекорни услови како во хотел со 5 ѕвезди се лоцирани во центарот на градот Гостивар, веднаш до Гостиварската болница. Сега е лесно да уживате во она кое го заслужувате, а ние во Пела Мед

ќе се погрижиме вашите животи да бидат исполнети со чувство на благосостојба, среќа и сигурност.

Вашата нега е во сигурни раце на нашиот медицински персонал. Со исклучителен квалитет во професионални здравствени услуги, нашиот медицински тим е посветен да ви обезбеди соодветна нега во која можете да верувате. Со главен фокус постојано да ги следиме главните медицински индикатори кои покажуваат одреден здравствен проблем нашиот центар е опремен со најсовремени апарати, помагала како и инвалидски соби.

Освен грижата за вашето здравје, дополнително внимание посветуваме и на вашиот социјален живот. Со цел вашето време да биде исполнето, организираме голем број активности и настани на дневно ниво. Тие опфаќаат најразлични едукативни и креативни работилници за заедничко дружење, како и прошетки и излети за максимално уживање во убавината на природата. Живејте безгрижно и препуштете се во атмосфера на проактивно и позитивно стареење.

Со грижа за потребите на секој од вас и за начинот на кој сакате да се храните, секој оброк го трансформираме во ново кулинарско искуство со изборот на свежи и висококвалитетни состојки од нашите професионални готвачи. Покрај храната, ви ги обезбедуваме сите удобности потребни за среќен живот со цел да ја искусите суштината на староста која е златен период во животот.

Доколку повеќе не можете да живеете самостојно дома, преселувањето во дом за грижа и нега може да обезбеди квалитетен живот, удобност и да бидете спокојни дека сте добро згрижени.

Пела Мед – Грижа за секој од вас

Address

Улица Мајор Чеде Филиповски бр. 31
Gostivar
1230

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Пела Мед / Pela Med posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category