ПУСЗ ДОМ Д-Р ЈАНЕСКИ е лиценцирана приватна установа за социјална заштита за нега и грижа на стари лица. Лоцирана на 24 километри од Кавадарци, во с.Чемерско, општина Кавадарци, во подножјето на планината Кожув на надморска височина од 670 метри. Изолирана од градската врева и загаденост со кристален чист воздух/воздушна бања и убава природа. Функционира по сите стандарди и услови кои се потребни
за едно лице да се чувствува среќно, задоволно и сигурно со професионална нега од стручниот тим на ДОМ Д-Р ЈАНЕСКИ. Нашиот квалитет е тимска работа, почитување, одговорност и грижа за старите лица. Се залагаме да обезбедиме мирен и безбеден живот на старите лица и секој корисник да се чувствува како дома и да се посветиме на Вашето здравје, задоволство и долговечност.
Ве очекуваме да станете дел од нашето семејство, да ги поминете деновите во мир и спокој опкружени со хумани луѓе, одлични професионалци во љубов и хармонија.