12/05/2026
Кои супстанци спаѓаат во категоријата на гоитрогени?
Тиоцијанат - цијаногените гликозиди се метаболизирани до тиоцијанати кои што се натпреваруваат со јодот за преземање од страна на тироидата; нив ги има во: касава, сладок компир, лима грав, ленено семе, сирак (sorghum)
Глукозинолати - исто се натпреваруваат со јодот за преземање од страна на тироидата; ги има во зелкастите зеленчуци (зелка, карфиол, брокула, кељ, трупка
Флавоноиди - ја забавуваат функцијата на тироидната пероксидаза, овие супстанци ги има во: просо и во соја
Гоитрин - ја намалува продукцијата на тироидните хормони, ги има во зелка, прокељ,
Јод - кога се зема во прекумерни количини, исто така има гоитроген ефект
Пушење цигари - го зголемува нивото на серумскиот тиоцијанат, кој се натпреварува со јодот за преземање од страна на тироидната жлезда, и за транспорт во секреторниот епител на градите (при доење)
Перхлорат, нитрати - натпреварувачки инхибитори на превземањето на јод од страна на тироидната жлезда; ги има во во контаминирана вода, преработена храна (особено месо и месни производи) во кои нитратите и нитритите се додаваат како адитиви;
Polychlorinated (PCB) and polybrominated (PBB) biphenyls; 2,4-dinitrophenol - го нарушуваат метаболизмот на тироидните хормони; вообичаено се содржат во животински производи кои се контаминирани со овие загадувачи;
Секако, постојат и други супстанци кои што имаат гоитроген ефект, но сега ќе се задржиме на овие. Додатоците и загадувачите како што се перхлорат, нитрати во форма на адитиви, PCB, PBB, се нешта од чиј што внес, треба да се заштитиме; пушењето цигари секако е навика која треба да ја одвикнеме, а во поглед на прехранбените намирници кои што ги содржат овие супстанци, би нагласиле, дека здрави лица кои што немаат проблеми со тироидната жлезда, нема потреба да ги исклучуваат овие намирници од исхраната, и сите овие нешта може да бидат дел од разновидна и избалансирана исхрана. “Антинутриентите“ се нормален составен дел од скоро сите намирници. Кај лица кои што страдаат од хипотироидизам, овие намирници исто така не треба да се исклучат од исхраната, туку треба да се употребуваат умерено, во ограничени количини, и термички обработени.