21/08/2025
❓ПОМОШ ОД ПРИЈАТЕЛ/КА | Како се збори за ова кај нас? ❓ 🛑 18+ ⭕️
Овој прашалник за локални, жаргонски и дијалектни имиња, поими и фрази на македонски јазик, поврзани со сексуалноста е дел од процесот на собирање јазични и културни материјали за превод на ново издание во рамки на Va**na Dentata - феминистичката книжевна едиција на Тиииит! Инк. Целта е да се документираат и споделат локални, жаргонски и дијалектни изрази поврзани со телото, сексуалноста и родот, кои може да помогнат во преводот и контекстуализацијата на идната книга.
Собраните податоци ќе се користат исклучиво за потребите на изданието и нема да бидат јавно објавени во друга форма. Со пополнување на прашалникот, учесниците придонесуваат кон создавање на побогат и автентичен јазичен ресурс за оваа едиција, а придонесот ќе биде уредно забележан во самата книга од страна на преведувачките.
Учесниците 🔞 може да предложат онолку поими и изрази колку што сакаат, без ограничување на бројот.
Пополни го прашалникот на следниот линк 🔞 ➡️ https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeJTNnlLI3RwiGoZCaAf04Cgi8k0zq8b31Ph13TNmzCxEroLg/viewform