14/05/2026
🌿Денес започнавме со обука на собирачи на лековити и ароматични растенија и билки.
Biljana Peshova :”На мое големо задоволство на кандидатите им го пренесувам моето знаење како за основните правила на собирањето така и за
основите на хербалната медицина или фитотерапијата.”
👏 Ја поздравувам иницијативата на проектот „ВЕШТИНИ-Клучот на зелената економија„ поддржан од Амбасадата на Словенија и Министерството за
надворешни и европски работи на Словенија, МРК Дијалог / Центар за истражување
на природата и културата NATURE EXPEDITION.
Наша заедничка цел е да ги охрабриме и информираме кандидатите за стварните капацитети на природата и како фитотерапијата може да се спои со модерната медицина во третманот на заболувањата кај човекот. Како може од едно хоби билкарството да прерасне во продуктивен бизнис.
⛰️Првиот ден направивме еден мал атлас на билките од регионот. Кандидатите се запознаа со таксономијата на растенијата и биодиверзитетот на Осоговските планини. Добија и општи информации за растенијата, од што зависи нивната лековитост, регулативата за заштитени подрачја и заштитени видови.
Создраваме нова генерација на билкари кои што ќе го негуваат спојот на традицијата и здравиот живот наречен БИЛКАРСТВО! Кои исто така ќе го пренесуваат своето знаење на идните генерации се со цел да не се заборави и занемари најдоверливото,најефтиното и најпристапното лековито дејство на билките.