05/06/2025
Денес ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Кочани доби уште една значајна донација за одделението по физикална медицина. Станува збор за ортопедски помагала донирани од страна на аптеките Зегин и фондацијата “Др. Верица Механџиска” во соработка со дечките од Support Kocani.
Помагалата се сместени во новата просторија при одделението за физикална медицина при нашта установа и изразуваме огромна благодарност за оваа донација.
Секогаш во служба на граѓаните.