Veterinarna Klinika Stiv Vet

Veterinarna Klinika Stiv Vet Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Veterinarna Klinika Stiv Vet, Done Bozinov br. 61, Kumanovë.

10/03/2022

goldenretrieverunion • Original Audio

27/07/2020
06/12/2019
29/11/2019

Сопствениците на домашни миленици до крајот на годината можат да аплицираат за бесплатното микрочипирање на нивните миленици, информираат од Агенцијата за храна ....

https://veterinarnica.mk/4-glavni-znatsi-deka-treba-da-go-odnesete/
23/10/2018

https://veterinarnica.mk/4-glavni-znatsi-deka-treba-da-go-odnesete/

ГУБЕЊЕ НА АПЕТИТ Повеќето кучиња ја обожаваат својата храна, па прескокнување на оброк треба да биде загрижувачки знак дека вашиот крзнен пријател не се чувствува ...

04/10/2018

Денес е Светскиот Ден на Животните ❤️
Изгушкајте ги вашите миленици и од нас денес и покажете ни слика од нив во коментар ❤️❤️❤️

06/09/2018

На 1 септември 2018 година Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Ветеринарната комора на Република Македонија преку Ветеринарните друштва, започна со реализација на кампањата за бесплатна идентификација и регистрација (чипирање) на домашните миленици .
За таа цел АХВ набави 100000 микрочипови, истите бесплатно се поделени по ветеринарните друштва во Р.Македонија , кои од своја страна без никаков надоместок и на свој трошок ќе ја спроведат постапката на идентификација и регистрација на домашните миленици.
Кампањата за бесплатна идентификација и регистрација ќе трае до 31.03.2019 година, сопствениците ќе ја добиваат услугата по принципот ,,прв дојден прв услужен,,.
Чипирањето на домашните миленици (кучиња и мачки) е законска обврска на секој сопственик , пропишана со Законот за идентификација и регистрација на животните и Правилникот за идентификација и регистрација на домашните миленици.
Не извршувањето на обврската повлекува изрекување на соодветна материјална санкција –глоба.
Сопствениците на кучиња и мачки уште од најрана возраст се обврзани да ги однесат домашните миленици во ветеринарно друштво по сопствен избор, за да им се вгради микрочип и се изврши регистрација во Електронската база на податоци во ИСАХВ. Во таа прилика, овластеното ветеринарно друштво на одгледувачот на домашниот миленик му издава ПАСОШ за домашен миленик, што претставува здравствена легитимација во која се евидентираат сите вакцинации и други медицински третмани и истовремено претставува патна исправа за животното. Сопствениците ги сносат трошоците за издавање на пасошот во износ од 120 денари.
Микрочипот се аплицира со стерилен апликатор, поткожно во средниот дел на вратниот предел, од левата страна на телото на животното. Апликацијата е еднократна, а микрочипот е траен, од моментот на апликацијата до крајот на неговиот живот. Капсулата на микрочипот е по големина слична на зрно ориз и е направен од биокомпатибилен материјал. Тоа значи дека не е отровен и дека не му штети на телото на животното, односно нема да има алергиска реакција на микрочипот по имплантацијата.
По извршеното вградување на микрочипот на животните, овластеното ветеринарно друштво кое ја извршило апликацијата ги внесува податоците за животното и неговиот сопственик во Електронската база на податоци.
Микрочипот како законска обврска на секој сопственик на куче или мачка е единствен доказ за сопственост во случај на кражба, или исчезнување на домашниот миленик, мерка против напуштањето на животните , како и најважно утврдување на вакциналниот статус за беснило и спроведен третман против ехинококоза , што е од големо јавно здравствено значење .
Во врска со тоа ја потенцираме и другата значајна со Закон утврдена обврска за редовно вакцинирање на домашните миленици против беснило и соодветен третман против ендопаразити во интервал од една година. Трошоците се на сметка на сопственикот на животното и изнесуваат 590 денари на територијата на цела држава.
Неизвршувањето на обврската повлекува соодветни со Закон утврдени санкции –глоба.
Секоја промена во однос на податоците за животното или сопственикот треба да се пријават до надлежното ветеринарно друштво во рок од 30 дена од настанокот на промената по што ветеринарното друштво ги внесува промените во електронската база на податоци.
Во случај на угинување или губењена животното, истото треба да биде пријавено до надлежното ветеринарно друштво во рок од 30 дена.
Список на Ветеринарни друштва вклучени во кампањата за бесплатна идентификација и регистрација на домашни миленици

04/09/2018

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов денеска  во Универзитетска ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина ќе а...

Address

Done Bozinov Br. 61
Kumanovë
1300

Telephone

+38970529038

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Veterinarna Klinika Stiv Vet posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram