Poraka Nasa Kumanovo

Poraka Nasa Kumanovo ПОРАКА НАША е граѓанско родителска организација која ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост.

Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово во 2006 оформи дневен центар за лицата со интелектуална попреченост чија прогрма е насочена кон развивање на вештини за самостојно живеење на лицата со интелектуална попреченост, едукативни активности, работно-окупациони активности и организирање на слободното време.
Директни корисници на проектот се 21 возрасно лице со умерена и тешка интелектулна попреченост од мулти-етнички состав и нивните семејства. Имплементацијата на различни активности за подигање на јавната свест во однос на потребите, потенцијалите и способностите на лицата со интелектуална попреченост ја опфаќа општата популација од локалната заедница вклучувајќи и субјекти во заедницата (здруженија, поединци, бизнис заедница, јавни установи и служби и НВО и др.).
Истровремено, дневниот центар ќе обезбеди поддршка за семејствата преку опфаќање на нивните членови со интелектуална попреченост за одреден период од денот, овозможувајќи им подобри услови за успешно семејно функционирање и можности за вработување на родителите, како би допринеле за зголемување на семејниот буџет. Предвидените активности во дневниот центар треба воедно да дадат резултати за поефективна инклузија на лицата со интелектуална попреченост во пошироката заедница. Функционирањето на оваа сервисна служба треба да резултира со нејзино проширување како и со отварање и на други алтернативни сервисни служби во локалната заедница и во регионот.
Визијата на Здружението е обезбедување на севкупна општествена грижа и третман на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства на ниво на општините:Куманово, Липково и Старо Нагоричане, но и пошироко на територија на РМ .

Долгорочните цели на Здружението за обезбедување на еднаков третман на лицата со интелектулана попреченост и нивните семејства се:

• Почитување на човековите права на лицата со интелектуална попреченост;
• Вклученост во општеството и учество во секојдневниот живот;
• Недискриминација на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
• Поттикнување на лицата со интелектуална попреченост за самостојно живеење;
• Самостојност на лицата со интелектуална попреченост како корисници на услуги;
• Економска, социјална, здравствена и правна заштита на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
• Социјална правда, социјална интеграција и инклузија.

Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следниве активности:
- Организирање на конкретни програмски активност;
- Спроведување на заеднички проекти;
- Организирање на конференции, семинари, обуки и друг вид на активности;
- Поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;
- Медијација;

Велигденски свеќи и сетови 🐣🌸Големиот сет се состои од 3 големи свеќи и 2 мали (една од свеќите може да се замени со 3D ...
23/03/2026

Велигденски свеќи и сетови 🐣🌸

Големиот сет се состои од 3 големи свеќи и 2 мали (една од свеќите може да се замени со 3D украс – зајаче 🐰).

Малиот сет се состои од 1 голема свеќа и 2 мали.

Може да изберете комбинација од било кои свеќи и бои по ваша желба 🎨

За повеќе информации, пишете ни во инбокс ✉️

🎗️ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 21-ви МАРТ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦА СО ДАУНОВ СИНДРОМ ВО ПОРАКА НАША🎗️Корисниците на Порака Наша, денес...
23/03/2026

🎗️ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 21-ви МАРТ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦА СО ДАУНОВ СИНДРОМ ВО ПОРАКА НАША🎗️

Корисниците на Порака Наша, денеска испраќаат порака до сите по повод 21-ви март- Меѓународниот ден на лица со Даунов синдром, кој оваа година се одбележува од 16 до 22 март 2026 година, порака преку која порачуваат дека различностите се тука да не обединат.

Датумот не е избран случајно од страна на О.Н. да се одбележува токму на 21-от ден од третиот месец од годината, носејќи ја моќната биолошка симболика на лицата со оваа состојба: 3 (три) копии на 21-от хромозом, наместо вообичаените две.
Токму таа мала генетска разлика е изворот на нивната бескрајна искреност и топла насмевка. ✨
Зошто носиме различни чорапи?
Затоа што под микроскоп, хромозомите по својот облик потсетуваат на чорапи. 🧦🧦🖍️
Шарените ракавички повикуваат на шаренило и различност. 🧤

🔖Темата за Светскиот ден на Даунов синдром за 2026 година е ''Together against loneliness'' или „Заедно против осаменоста“, која се фокусира на подигање на свеста за тоа како осаменоста непропорционално влијае на луѓето со Даунов синдром и други интелектуални попречености, како и на нивните семејства.

Се нагласува дека осаменоста не е само емоционално чувство, туку сериозен здравствен проблем што може да доведе до анксиозност, депресија и физичка штета, честопати поврзана со социјална исклученост и стигма.

Кампањата повикува на вистинска инклузија во училиштата, работните места и заедниците, нагласувајќи дека присуството не е еднакво на вклучување или вистинска поврзаност. Се нагласува дека сите - поединци, семејства, организации, училишта, работодавачи и влади - имаат улога во создавањето пријатни простори и значајни односи за да им помогнат на луѓето да се чувствуваат дека припаѓаат.

🔖И не помалку важно, темата ја претставува осаменоста како прашање на човекови права, повикувајќи на колективна акција за претворање на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост во конкретна промена што ќе стави крај на изолацијата и промовира целосно учество во општеството.

Лицата со Даунов синдром не се генетска грешка.
Тие често се радост на семејствата кои што ги чуваат.

📍Можете да им испратите поддршка во коментарите со срца, слики, шарени бои а ние ќе им ги покажеме за време на дневните активности.

Приклучете се на кампањата за 2026 година.
Join the campaign.

📌Во коментарот исто таке ќе биде поставен (превземен) линк од пост на Филип Трајковски. брат на Даце кој е лица со Даун синдром и корисник на Порака Наша и кој што заедно со Даце исто така сака да испрати една моќна порака.

🔗ОДРЖАНА ВТОРА СЕДНИЦА НА ИЗВРШЕН ОДБОР ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЗРЦЛИП ''ПОРАКА НАША'' на ден 19.03.2026 година🔗✍️Денеска, на ...
19/03/2026

🔗ОДРЖАНА ВТОРА СЕДНИЦА НА ИЗВРШЕН ОДБОР ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЗРЦЛИП ''ПОРАКА НАША'' на ден 19.03.2026 година🔗

✍️Денеска, на 19.03.2026 година (четврток), по завршување на дневните активности, во просториите на ЗРЦЛИП ''Порака Наша'' се одржа втората седница на Извршен Одбор во оваа година, на кој заседаваше претседателот Сашо Арсениевски; кој во присуство на членовите на извршниот одбор, откако утврди кворум, продолжи со дискусија за актуелните точки на дневниот ред, кои беа ставени на гласање и потоа усвоени од присутните членови. 📋

📌Извршниот Одбор претставува еден од важните органи на Здружението, чија седница ја свикува Претседателот, предлага дневен ред и раководи со нив.

📌Според Член 61 од Статутот на Здружението кој се однесува на ''Јавност и отчетност во работата''
- Работата на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША е јавна.
Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување ( на членовите, други здруженија или пошироката јавност) за работењето и активностите на Здружението,со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работа на органите и телата на Здружението, за материјално – финансиско работење и друго.

Извршниот Одбор на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово брои од пет до девет члена, од кои 51% се родители,старатели на лица со интелектуална попреченост.

Извршниот одбор на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово брои пет до девет члена, од кои 51% се родители, старатели на лица со интелектуална попреченост и други членови.
Извршниот одбор како еден од органите на Здружението се состанува и одржува седници по потреба. 📋

🎁 ДОНАЦИЈА ЗА КОРИСНИЦИТЕ ОД ПОРАКА НАША 🎁 Денеска, корисниците со умерена и тешка интелектуална попреченост од Центарот...
19/03/2026

🎁 ДОНАЦИЈА ЗА КОРИСНИЦИТЕ ОД ПОРАКА НАША 🎁

Денеска, корисниците со умерена и тешка интелектуална попреченост од Центарот за рехабилитација и реинтеграција "Порака Наша" ги посетија нашите пријатели Горан, Александар (Бебо), кои заедно со Аида и Амела, им донираа сокови, слатки и други ужинки, кои се типично се користат по ручек или помеѓу активностите, кога корисниците одмараат од веќе завршените активности.

Ви благодариме од срце, а посебен поздрав праќаме до Аида и Амела, кои ја иницирале оваа хумана донација а кои денеска не беа во можност лично да присуствуваат и да се подружат со присутните корисници. 🥰

Ве чекаме на дружење следниот пат и благодариме уште еднаш. ❤️

❤️КОРИСНИЦИТЕ СО УМЕРЕНА И ТЕШКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ПОРАКА НАША СО ПОДАРОЦИ ЗА СВОИТЕ ДОЛГОГОДИШНИ ПРИЈАТЕЛИ И...
18/03/2026

❤️КОРИСНИЦИТЕ СО УМЕРЕНА И ТЕШКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ПОРАКА НАША СО ПОДАРОЦИ ЗА СВОИТЕ ДОЛГОГОДИШНИ ПРИЈАТЕЛИ И РЕДОВНИ ДОНАТОРИ ❤️

Денеска, покрај другите тековни програмски активности, дел од корисниците го однесоа и последниот подарок за сега- рачно изработена чаша- со лого на Порака Наша и лого на општествено- одговорната компанија, фирма или ресторан кои веќе со години наназад ја помагаат работата на центарот, а откако започнаа со учење на работа на машини за сублимација, ги поддржуваат и со купување на нивни производи.

Затоа по завршување на периодот во кој се изработија многу производи и се оддржаа повеќе продажни работилници, корисниците изработија чаши- овој пат за подарок, кој што лично го однесоа до секој од овие донатори и лично ги врачија чашите на сопствениците и на вработените. 🎁

На секоја чаша, која беше спакувана професионално. онака како што се продава- со закачен мал принт на контакти за идни нарачки доколку некои гости ги заинтересира и ливче со мал опис на лицето кое што ја изработило чашата или шолјата, нивното име, омилени нешта и секако по некоја типична карактеристика само за нив.

📌Внимателно замотана во заштитна кеса и спакувана во соодветна картонска кутија, чашите се веќе таму каде што треба да бидат- на некој шанк, полица, маса, но најажно во рацете на луѓето за кои сме пишувале до сега и ќе пишуваме и понатаму.
Општествено- одговорни компании кои што покрај својата работа и профит, имаат разбирање и волја, дека враќајќи назад во сопствената заедница, особено кај лицата кои припаѓаат на маргинализирани и социјално загрозени групи допринесуваат нешто што кое за нас значи многу.

Тоа многу, не се гледа на слика, ниту се опишува со зборови.
Тоа многу се гледа секој ден од самите корисници со попреченост, од нивните семејства, од гостите а најмногу се чувствува кога во текот на денот, се чувствува една грижа помалку, а безброј благодарам повеќе. 🫶

Затоа, денес повторно ве поздравуваме. 🤝
И јавно ви благодариме од срце. ❤️

🔖ФОРМА ДООЕЛ КУМАНОВО, со чија донација и помош центарот многу пати бил подновен и снабден со потребни нешта последната деценија, но како редовни месечни донатори обезбедуваат потребни канцелариски материјали за работа, кои исто така се користат и во текот на активностите.

Нашите пријатели од угостителскиот сектор, со години веќе секојдневно обезбедуваат порции оброк за секој корисник од нивниот асортиман на јадења и обезбедуваат ручек.

🔖Gostilnica DOMA Kumanovo - понеделник;
🔖Galerija Kasapski Krug - вторник;
🔖Pizza Pomodoro - среда;
🔖Agora Cookhouse - четврток;
🔖Градска кафана “Корнер/Баба Цана“ - петок.

По ручекот, корисниците собираат прибор и се учат да постават и раскренат маса, додека други средуваат во кујна. 🫶

🔖Нашите пријатели од Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово работата на лицата со попреченост ја поддржаа со нарачка на поголем број чаши за репрезентација на кои корисниците работеа подолг временски период и секако со секоја плус нарачка, ги усовршуваат своите вештини уште повеќе. 🤝🫶🎁

Со почит, Порака Наша. ❤️

🥳 РОДЕНДЕНСКА ПРОСЛАВА НА НАШИОТ МАРТИН- ВУЧКО СО ДРУГАРИТЕ ВО ПОРАКА НАША 🎊 Денеска, заедно со своите другари од центар...
17/03/2026

🥳 РОДЕНДЕНСКА ПРОСЛАВА НА НАШИОТ МАРТИН- ВУЧКО СО ДРУГАРИТЕ ВО ПОРАКА НАША 🎊

Денеска, заедно со своите другари од центарот, нашиот корисник Мартин, кој од мал го носи надимокот Вучко, го прослави својот 44-ти роденден на наш традиционален начин.

Со другарите до него, омилените три роденденски песни, роденденските свеќички и една јасна и гласна желба а другите во себе, на Мартин му го честитавме роденденот и му посакуваме сите роденденски желби да му се остварат како што сака и си замислува.

По ручекот, корисниците продолжија со своите пладневни практични активности кои ги довршуваат овој период, во пресрет на поубавите и потопли денови пред нас.

Нека е весел денот Мартин (или среќен роденден Вучко) и нека ти носи убави денови пред тебе.

Среќен роденден. ❤️ 🎂 🎶

🌹 ПОРАКА НАША И УЧЕНИЦИТЕ ОД О.О.У. ''КОЧО РАЦИН'' КУМАНОВО И ДЕНЕСКА ВРЕДНИ И УСПЕШНИ НА ВТОРИОТ ДЕН ОД ОСМОМАРТОВСКИ С...
06/03/2026

🌹 ПОРАКА НАША И УЧЕНИЦИТЕ ОД О.О.У. ''КОЧО РАЦИН'' КУМАНОВО И ДЕНЕСКА ВРЕДНИ И УСПЕШНИ НА ВТОРИОТ ДЕН ОД ОСМОМАРТОВСКИ САЕМ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД 🌹

Во рамки на Манифестацијата „Осмомартовски саем, кој овие денови го спроведува Општина Куманово во соработка со Регионална занаетчиска комора Куманово, корисниците со умерена и тешка интелектуална попреченост од Порака Наша и нашите драги и долгогодишни пријатели- учениците од О.О.У. ''Кочо Рацин''Куманово, денеска денот го поминаа расположени, вредни и ефективни, на штандот на кој беа иложени сите нивни досегашни изработки.

Голема благодарност до волонтерите од О.О.У. "Кочо Рацин"- Куманово за нивната постојана поддршка, ангажман и волонтерски дух.🫂

Се гледаме повторно следната недела, во понеделник, на исто место, во исто време, кога ќе го завршиме нашето учество на овој осмомартовски саем. ❤ 💐☀️

🌹 ПОРАКА НАША НА ОСМОМАРТОВСКИ САЕМ И ДЕНЕСКА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД 🌹 Денеска почнувајќи од 10 часот, Порака Наша повторн...
06/03/2026

🌹 ПОРАКА НАША НА ОСМОМАРТОВСКИ САЕМ И ДЕНЕСКА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД 🌹

Денеска почнувајќи од 10 часот, Порака Наша повторно ќе биде на Градскиот плоштад, заедно со волонтерите од О.О.У. " Кочо Рацин" каде што ќе продолжат со продажната изложба која што започна вчера, на која се изложени сите нивни досегашни изработки.

Исто така, сите кои вчера нарачаа персонализирани изработки, ќе имаат прилика да си ги подигнат денес на штандот.

Голема благодарност до нашите пријатели, ученици и волонтери од О.О.У. "Кочо Рацин"- Куманово за нивната постојана поддршка, ангажман и волонтерски дух.

🌷ПОРАКА НАША СО СВОЈ ШТАНД НА ОСМОМАРТОВСКИ САЕМ🌷Порака Наша, од утре е дел од Манифестација: „Осмомартовски Саем “Перио...
04/03/2026

🌷ПОРАКА НАША СО СВОЈ ШТАНД НА ОСМОМАРТОВСКИ САЕМ🌷

Порака Наша, од утре е дел од Манифестација: „Осмомартовски Саем “Период: 05.03.2026 – 10.03.2026година, организиран од Регионална Занаетчиска комора Куманово и Општина Куманово, со свој штанд на кој ке бидат изложени сите досегашни изработки на кои работеа овој период.

🔖Локација: Градски плоштад „Нова Југославија“, центар на градот
Период на настанот: 05.03.2026 – 10.03.2026 година, од10;00 часот.

🔖Цел на настанот:
Одбележување на 8 Март – Меѓународниот ден на жената.
Афирмирање на улогата, придонесот и значењето на жената во општеството.

🔖Целта на Осмомартовскиот саем е да создаде пријатна и инспиративна атмосфера во духот на Меѓународниот ден на жената, со: цветови, ракотворби, локални производи и креативни изработки.

Саемот овозможува промоција и продажба на: локални занаетчии, претпријатија и организации, поттикнувајќи културна разноликост, креативност и интеракција помеѓу изложувачи и посетители.

Саемот обезбедува на: локални занаетчии, претпријатија и организации да ги презентираат своите производи и услуги, да разменуваат искуства и да воспоставуваат контакти со посетители и потенцијални партнери.

🔖Ние ќе бидеме таму,на штанд број 4, со поддршка на волонтери, а корисниците ќе се менуваат по групи и ќе имаат прилика личноо да ги презентираат своите изработки и да се социјализираат.

Голема благодарност до Регионална Занаетчиска комора Куманово за целата логистичка помош овој период, ❤️

Се гледаме утре и задутре на Градскиот плоштад. 🎁🎀💌

🌹 КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА СО УЧЕНИЦИТЕ ОД УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПРИ О.О.У. "КРСТЕ МИСИРКОВ" ОД КУМАНОВО И ПОРАКА НАША ПО ПО...
04/03/2026

🌹 КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА СО УЧЕНИЦИТЕ ОД УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПРИ О.О.У. "КРСТЕ МИСИРКОВ" ОД КУМАНОВО И ПОРАКА НАША ПО ПОВОД 8 МАРТ- ДЕНОТ НА ЖЕНАТА🌹

Вчера, дел од корисниците со интелектуална попреченост од Порака Наша, присуствуваа на креативна работилница на која заедно со учениците од О.О.У. "Крсте Мисирков" изработуваа честитки на тема 8 март- Денот на жената.

Овој пат ние бевме нивни гости, а креативната работилница, како наша трета по ред соработка и дружење се одржа во самото училиште.

По повод претстојниот празник, корисниците и учениците заедно изработија честитки и за своите другари во центарот, кои потоа ќе ги подарат на своите мајки, сестри, пријателки, учителки и личности кои ним им се драги.

По завршувањето на креативната работилница, корисниците од Порака Наша најпрвин им подарија честитки на директорката на училиштето, Александра Стаменковска и на другите вработени во име на своите пријатели, а денеска во центарот ги подарија изработените честитки изработени и за едукаторите од Порака Наша. 🌸

Ние и понатаму ги продолжуваме заедничките активности со учениците од О.О.У. "Крсте Мисирков " и сите вработени со цел зајакнување на инклузијата и меѓусебното почитување на локално ниво.

Ви благодариме од срце уште еднаш. ❤️

03/03/2026

🌸 Ова е само дел од достапните производи што ги изработија нашите корисници по повод Денот на жената.

Производите се достапни за купување и ќе бидат изложени на нашиот базар.
Подарете си себе или на вашите драги жени нешто уникатно, изработено со многу љубов и внимание ❤️

Со секоја купена креација го поддржувате трудот и креативноста на лица со интелектуални попреченост и придонесувате кон нивна поголема видливост и вклученост во заедницата.

Ве очекуваме! 🌷

🌺 ПРОЦЕСОТ НА ИЗРАБОТКА НА ДЕКОРАТИВНИ МИРИЗЛИВИ СВЕЌИ, ЧАШИ, МАГНЕТИ И ДРУГИ ПРОИЗВОДИ КАКО ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ ЗА ПРОФ...
25/02/2026

🌺 ПРОЦЕСОТ НА ИЗРАБОТКА НА ДЕКОРАТИВНИ МИРИЗЛИВИ СВЕЌИ, ЧАШИ, МАГНЕТИ И ДРУГИ ПРОИЗВОДИ КАКО ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЛИЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ПОРАКА НАША КУМАНОВО 🌺

Корисниците со интелектуална попреченост од Порака Наша Куманово, продолжуваат секој ден да изработуваат нови производи, како дел од програмата за нивна професионална рехабилитација.

Во пресрет на уште еден меѓународен празник, 8ми март-Денот на жената, покрај другите програмски активности за самостојно живеење, тие секојдневно изработуваат нови декоративни и креативни производи и ги усовршуваат своите работоспособни вештини.

🔖Изработката на креативни производи и ракување со соодветните машини и материјали значително влијае врз нивната професионалната рехабилитација, најпрвин преку подобрување на нивните фини моторни вештини, координацијата рака-око и претпазливост; градење на когнитивната издржливост и поттикнување на самодовербата преку достигнувања кои што за нив се видливи и опипливи.

Тие имаат прилика од почеток до крај, преку самиот процес на изработка на било кој од производите, да видат како во неколку чекора, она што го започнале добива облик и потоа таа изработка е спремна и за продажба.

🔖Индивидуалната работа, работата во помали групи, во работна атмосфера која што секој ден се создава во центарот, го намалува чувството на стрес и анксиозност и им дозволува на корисниците не само да ги развиваат и практикуваат, туку со постојана работа и да ги задржат тие вештини кои што се специфични за работата, како што се следење на инструкции и упорност да ја извршат задачата до крај.

🔖Изработката на овие производи бара планирање, меморија, концентрација, решавање на проблеми, трпение, се она што со помош на стручните лица кои насочуваат, потсетуваат и даваат инструкции за секој чекор, понатаму директно ќе влијае, ќе им користи и ги подготвува за нивно идно вработување.

📌Со самото финализирање на изработките, кога корисниците во рака ги држат нивните финални производи: свеќи, чаши, шишиња, магнети, привезоци и други, корисниците чувствуваат посилно чувство на гордост, оствареност, смиреност, што од една страна влијае врз намалувањето на стресот или вознемиреност, а од друга страна ја зголемува и нивната лична самодоверба, и вербата во своите можности и потенцијали како идни работници.

🔖Преку работа во групи во центарот или организирани работилници со други ученици и волонтери, исто така се социјализираат, се учат да работат тимски и да комуницираат појасно и посигурно- што пак директно го намалува личното чувство на изолација и чувството дека се дружат или работат едни со други, одвоени во центарот како лица со попреченост.

Затоа, постојаната и секојдневна работа која што корисниците ја извршуваат за време на нивниот престој во центарот е важна секој ден, а уште поголемо значење има кога самите имаат прилика да ги престават своите професионално изработени производи за време на организираните продажни изложби меѓу своите пријатели и сограѓани.

Лично, со свои зборови, стоејќи зад наместениот штанд, одговарајќи на прашањата кои им се поставуваат и секако самиот акт на продажба.

🔖И секојдевните останати програмски активности; постојаното секојдневно повторување на целокупниот процес на изработка на декоративните производи и подготовките и возбудата пред, за време а особено по завршување на продажната изложба кога самите гледаат како нивниот труд е препознаен и уважен-претставува еден мост до некое идно можно вработување,

На тој начин, целокупниот процес обезбедува и практичен, пријатен начин за учење на работа со раце, што често води до зголемена независност и социјално прифаќање.

🔈Во пресрет на 8ми март- меѓународниот ден на жената, корисниците од Порака Наша, последниот период интензивно изработуваат и производи за празникот, со мотиви карактеристични за овој ден, прикажани преку кратки видеа и слики во албумот, со наведени цени. 🌹🕯️🎁

Ви благодариме на сите кои што постојано ја поддржувате нивната работа со вашите нарачки за персонализирани изработки. 💌

За сите други информации, прашања и нарачки, потсетуваме дека може да си нарачате изработка по ваша желба преку нашите официјални социјални мрежи, лично во дневниот центар или за време на продажните изложби. ❤️

Address

Bajram Shabani Bb
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 08:00 - 15:00
Tuesday 08:00 - 15:00
Wednesday 08:00 - 15:00
Thursday 08:00 - 15:00
Friday 08:00 - 15:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Poraka Nasa Kumanovo posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Poraka Nasa Kumanovo:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram