16/04/2026
ТECAR TЕРАПИЈА - ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР НА ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО ФИЗИОТЕРАПИЈАТА
ШТО Е ТЕCAR ТЕРАПИЈА?
Тecar терапија е иновативна метода во областа на физиотерапијата за лекување на мускулно - скелетни заболувања и повреди со исклучителна ефикасност. Тecar терапија спаѓа во високофреквентна електромагнетна терапија и користи радиофреквентна енергија за длабинска стимулација на ткивата, која што предизвикува загревање на третираното ткиво. Станува збор за ендогена енергија која се создава внатре во телото и која ги стимулира природните регенеративни и антиинфламаторни процеси во телото. За разлика од другите методи чие дејство е ограничено на површинските слоеви на телото, tecar терапијата со резистивен и капацитивен пренос на енергија има длабоко терапевтско дејство.
Капацитивниот пренос на енергија се применува за третман на ткива со помал отпор (мускули, кожа, сврзно ткиво, венски и лимфен систем). Капацитивниот пренос на енергија ги третира површинските слоеви на третираната регија.
Кај резистивниот пренос на енергија се третираат ткива со поголема отпорност на пренос на електрична енергија ( коскено ткиво, р ‘скавица, тетива, лигаменти ). Резистивниот пренос на енергија ги третира длабоките структури на третираната регија.
КАКВО ДЕЈСТВО ИМА ТЕСАR ТЕРАПИЈАТА?
- веднаш после првиот третман ја намалува болката,
- го скратува времето на лекување (примарна терапија за спортисти и за оние кои треба брзо да бидат активни),
- ја намалува вискозноста на мускулното и сврзното ткиво,
- ја зголемува метаболичката активност и производство на енергија,
- го стимулира венскиот и лимфниот систем,
- го подобрува транспортот на кислород од периферните крвни садови до ткивата,
- ја зголемува апсорпцијата на хранливи материи,
- го елиминира метаболичкиот отпад,
- ги намалува воспалителните процеси,
- го забрзува процесот на ревитализација.
Тесаr терапија делува аналгетски, антиинфламаторно, регенеративно и антиедематозно.
КАДЕ СЕ ПРИМЕНУВА ТЕСАR ТЕРАПИЈА?
Тесаr терапијата наоѓа своја примена во: ортопедијата, неврологијата, травматологијата, неврохирургијата како и рехабилитација на спортски повреди.
Индикации:
- спортски повреди
- мускулни болки и трауми,
- болки во тетивите и трауми,
- лумбаго
- повреда на зглобовите,
- болки во рамо,
- цервикален (вратен) синдром,
- руптура на мускул,
- остеоартикуларни заболувања и трауми,
- постоперативно лекување,
- артроза,
- ишијас,
- дискус хернија,
- пириформис синдром.
ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД БОЛКИТЕ!
ЗАКАЖЕТЕ ГО ВАШИОТ ТЕРМИН на тел. бр. 075 365 062.