16/10/2025
ЈЗУ Здравствен дом Неготино ја информира јавноста дека информациите изнесени на прес конференцијата на 14.10.2025 година на КТВ телевизија се невистинити.
1.Дезинформација е дека ЈЗУ Здравствен дом Неготино ќе се припојува кон Општа болница Кавадарци. До сега за вакво нешто не е разговарано помеѓу двете установи, а нема ниту никакви насоки од Министерството за здравство. Дека постоела соработка и постои е ангажирањето со договор на доктори специјалисти кои преку мој термин извршуваат прегледи на наши пациенти. Исто така и доктори специјалисти од Здравствен дом Неготино биле ангажирани за работа во Општа болница Кавадарци.
2.Дезинформација е дека е укината приправноста во одделот за Радиодијагностика и Лабораторија. Приправноста во двата оддела за докторите специјалисти постои, а за трета смена и празници, преку мој термин е укината можноста да се креираат упати од страна на дежурниот лекар од ИМП од причини што во нашиот Здравствен дом немаме хируршко одделение, па итните случаи се транспортираат во Општа болница Кавадарци каде на едно место се добиваат сите неопходни здравствени услуги и се превземаат потребните интервенции. Ова е период пред назначување на актуелниот директор.
3. Неточни се наводите дека директорот дал, како што наведуваат во пресот ,согласност" за заминување на неврологот во Општа болница Кавадарци. Имено согласно Законот за здравствена заштита, специјалистите се обврзани да работат во установа што им ја дала специјализацијата, во времетраење еднакво на траењето на специјализацијата. Бидејќи времетраењето беше поминато, согласно потпишаниот Анекс на договор потпишан од поранешната директорка во 2019 година, неврологот законски има право да ја напушти установата кога сака без да бара согласност од било кој. Денес нашата установа има потпишано Спогодба со Општа болница Кавадарци одобрено од Министерството за здравство, со која неврологот доаѓа да врши прегледи на наши пациенти закажани преку Мој термин.
4. По Програма за упатување на специјализација со бр.02-682/3-2 од 23.08.2023 година, потпишана од тогашниот Претседател на Управен одбор за 2025 година е предвидена и одобрена од Министерството за здравство специјализација по неврологија.
Апелираме да не се пласираат во јавноста вакви дезинформации со кои се нарушува угледот на ЈЗУ Здравствен до Неготино, а ние и понатаму остануваме посветени на обезбедување на поквалитетна здравствена заштита и транспарентно работење.