Здружение Егограм

Здружение Егограм Здружение за психолози и психотерапевти "Егограм"

„🧠✨ Помогнете му на вашето дете да развие емоционална интелигенција ✨🧠 Работната тетратка "Кој сум јас" повторно е во пр...
22/01/2026

„🧠✨ Помогнете му на вашето дете да развие емоционална интелигенција ✨🧠

Работната тетратка "Кој сум јас" повторно е во продажба. Таа е специјално дизајнирана да им помогне на децата да ги освестат и разберат нивните емоции. 🌈 Овој забавен, интерактивен водич ќе го научи вашето дете на основните вештини во:

✅ Зборување за своите чувства
✅ Изразување на емоциите на здрави начини
✅ Развивање на свесноста за себе

Пригодна е за родители, наставници и старатели кои сакаат да ја негуваат емоционалната интелигенција. 🌟

📖 Подготвени сте да го поттикнете емоционалниот раст на вашето дете?
Земете ја вашата тетратка сега и направете го првиот чекор кон емотивно поинтелигентна иднина. 🌱

Денес ја реализиравме  последната работилница од проектот „Млади со глас – заедно за ментално здравје“ Во пријатна и без...
27/11/2025

Денес ја реализиравме последната работилница од проектот „Млади со глас – заедно за ментално здравје“

Во пријатна и безбедна атмосфера разговаравме за тоа што претставува стрес, како телото реагира, и како влијае на емоциите, мислите и однесувањето. Учесниците зборуваа за сопствените стресори и споделија свои техники на справување.

Најголем дел од работилницата го посветивме на техниките за справување:
🌿 Вежбавме кратки техники за смирување
🌿 Научивме како да го регулираме стресот преку дишење
🌿 Користевме визуализации и релаксација
🌿 Го поттикнавме ставот дека барањето помош е сила, а не слабост.

💚 Со оваа работилница официјално го заокружуваме проектот и сакаме да се заблагодариме на сите учесници и поддржувачи. Благодарност до
📣Општина Неготино за финансиската поддршка
📣 @Црвен крст - Неготино за отстапениот простор
📣 Елена Кабранова - психолог и ТА практичар , Suzana Veljanova, Trajce Markov, @џудо клуб "Кожувчанка" Кавадарци помош во реализација на активностите.

Ќе зборуваме и понатаму за менталното здравје кај младите во нашата општина 🍀

#МладиСоГлас #МенталноЗдравје #Стрес #СправувањеСоСтрес #ПсихолошкаПоддршка #ЗаедноСмеПосилни

Во рамките на проектот „Млади со глас – заедно за ментално здравје“, денес имавме посебен час посветен на џудото и негов...
20/10/2025

Во рамките на проектот „Млади со глас – заедно за ментално здравје“, денес имавме посебен час посветен на џудото и неговото влијание врз менталното здравје.
На гости ни беа џудистите од џудо клуб „Кожувчанка“ од Кавадарци, предводени од тренерот Trajce Markov , кои ни зборуваа за важноста на физичката активност, дисциплината и упорноста за одржување на добро ментално здравје.

Имавме можност и практично да се запознаеме со некои основни движења на џудото, да научиме нешто ново и да се забавуваме во исто време.
Благодарност до нашите гости за инспиративниот и едукативен час! 🥋💪🧠

Драги млади, ве очекуваме во понеделник во 20: 00 во спортската сааала на ООУ Гоце Делчев Неготино 🥋.
17/10/2025

Драги млади,
ве очекуваме во понеделник во 20: 00 во спортската сааала на ООУ Гоце Делчев Неготино 🥋.

📣Силата е во заедништвото! 💬Вчера реализиравме работилница со млади на тема „Силата е во заедништвото“, во рамките на пр...
17/10/2025

📣Силата е во заедништвото! 💬

Вчера реализиравме работилница со млади на тема „Силата е во заедништвото“, во рамките на проектот „Млади со глас – Заедно за ментално здравје“.
Преку разговор, игри и заеднички активности, споделувавме и градевме заедница во која секој глас се слуша. 🌱

Работилницата се одржа во просториите на Црвен крст Неготино, во пријатна и поттикнувачка атмосфера исполнета со позитивна енергија и тимски дух. 🤝❤️

Во понеделник во 20:00 ве покануваме на нашиот час по џудо во спортската сала на ООУ Гоце Делчев - Неготино со Trajce Markov

Проектот го реализира здруженито Егограм - Неготино со поддршка од Општина Неготино.

#МладиСоГлас #ЗаедноЗаМенталноЗдравје #ЦрвенКрстНеготино #СилатаЕВоЗаедништвото #менталноздравје Suzana Veljanova

Физичката активност е важна за менталното здравје. Џудото не е само спорт – тоа е уметност на самоконтрола, почит и рамн...
14/10/2025

Физичката активност е важна за менталното здравје.
Џудото не е само спорт – тоа е уметност на самоконтрола, почит и рамнотежа, и тело и ум.
Преку џудото младите учат:
✨ да ја канализираат енергијата на здрав начин
✨ да ја зајакнат самодисциплината и концентрацијата
✨ да го изградат самопочитувањето и довербата во себе
✨ да развиваат емпатија и почит кон другите

Секој пад е можност да научиш нешто ново и да станеш посилен – физички и психички.
А токму тоа е суштината на менталното здравје. 💪

📅 Приклучи се на нашиот час по џудо и откриј како движењето може да биде твој сојузник за внатрешен мир и сила!
👉 20.10.2025 во 20:00 часот во спортската сала на ООУ Гоце Делчев - Неготино

#Млади #МенталноЗдравје

Се радуваме за можноста да ве поканиме на работилница која е  дел од проектот „Млади со глас - заедно за ментално здравј...
13/10/2025

Се радуваме за можноста да ве поканиме на работилница која е дел од проектот „Млади со глас - заедно за ментално здравје“ кој го реализираме во периодов.
🌟 Тема на настанот е „Силата е во заедништвото“ – заеднички да градиме силна и поддржувачка заедница.

Ако си млад/млада и сакаш да стекнеш нови знаења, да ги споделиш своите искуства и да градиш силни врски со својот врснички круг, ова е твојата прилика! Заедно можеме да ја зајакнеме нашата благосостојба и да создадеме подобра иднина.

📅 Датум: 16.10.2025
🕒 Време: 18:30 ч.
📍 Локација: Црвен крст - Неготино

Дојдете, учете и бидете дел од промена! Го очекуваме вашето присуство!
Работилницата ќе ја води психологот Сузана Андонова.

#МенталноЗдравје #Заедништво #МладиСоГлас #Работилница

#општинаНеготино

Нека ни е среќен светскиот ден на менталното здравје 🍀.Во рамките на проектот кој го спроведуваме "Млади со глас - заедн...
10/10/2025

Нека ни е среќен светскиот ден на менталното здравје 🍀.
Во рамките на проектот кој го спроведуваме "Млади со глас - заедно за ментално здравје ", младите од нашата општина придонесуваат за ширење на свесноста за важноста на менталното здравје.
Да се чувствуваш добро е исто толку важно колку и да си физички здрав 💚.
📣Да се грижиме за себе и за другите. Ние сме едно ❤️.
#општинаНеготино #менталноздравје #младисоглас

Започнавме со реализација на активностите од проектот " Млади со глас - заедно за ментално здравје" 🍀🙇‍♀️🧏‍♀️🙋Се надевам...
03/10/2025

Започнавме со реализација на активностите од проектот " Млади со глас - заедно за ментално здравје" 🍀
🙇‍♀️🧏‍♀️🙋Се надеваме дека ќе обезбедиме место за нашите млади каде што ќе се чувствуваат безбедно и слушнато.

Работевме кративно на тема - кој сум јас, зборувавме за емоции, мисли и однесување и притоа се претставивме себе си 🧠👬🎨

Им благодариме на нашите учесници за активноста и придонесот 💕.
Им благодариме за поддршката на општина Неготино како и на општинската организација на Црвен крст од Неготино за отстапување на своите простории за реализација на активностите. Очекуваме наскоро младите да добијат свој простор за работа, дружба и учество.

📣Се надеваме дека ќе разбудиме интерес и кај други млади од нашата општина да ни се приклучат во нашата мисија.
#менталноздравје #млади #општинаНеготино #демократскоучество
Suzana Veljanova Елена Кабранова

Запознајте се со Jasna Gjorgievska. Таа е училишен психолог со 17 години професионално искуство во основното образование...
27/08/2025

Запознајте се со Jasna Gjorgievska. Таа е училишен психолог со 17 години професионално искуство во основното образование. Нејзината работа е посветена на унапредување на психосоцијалната добросостојба на учениците и наставниците, со посебен интерес за емоционална писменост и развој на развоен ум (growth mindset) кај децата и младите.

Како сертифициран обучувач на возрасни, има реализирано бројни обуки за наставници, со акцент на критичко размислување, инклузивни практики и создавање поддржувачка клима во воспитно-образовниот процес.

Нејзиното искуство вклучува и учество во различни проекти насочени кон младите, меѓу кои и активна работа во рамки на ЦКА-ПХВ програмата на Црвениот крст, каде придонела за личен и социјален развој на младите преку волонтерство и едукација.

🎯 Проект: „Млади со глас – Заедно за ментално здравје“Со голема радост ве известуваме дека нашиот проект „Млади со глас ...
13/08/2025

🎯 Проект: „Млади со глас – Заедно за ментално здравје“

Со голема радост ве известуваме дека нашиот проект „Млади со глас – Заедно за ментално здравје“ ќе се реализира со поддршка од општина Неготино 🙌.
Искрена благодарност до Општината за довербата и поддршката да работиме заедно за благосостојбата на младите во нашата заедница. ❤️

📌 Целта на проектот е да го отвориме патот на отворен разговор ментално здравје, да обезбедиме сигурен простор за размена на искуства, да учиме техники за справување со стрес и да се поврземе.

📢 ПОВИК ЗА УЧЕСТВО
Ги покануваме сите млади на возраст од 16 до 25 години да се приклучат и станат дел од оваа иницијатива. Ве очекуваат интерактивни работилници, креативни активности и средби полни со инспирација.

📅 Почеток: септември, 2025г.
📍 Локација: Неготино
📩 Пријавување преку месинџер

#општинаНеготино

✨ Запознајте ја Сузана Андонова ✨Психолог во општинската организација на Црвен крст – Неготино и посветен стручен сорабо...
13/08/2025

✨ Запознајте ја Сузана Андонова ✨
Психолог во општинската организација на Црвен крст – Неготино и посветен стручен соработник кој со својата енергија и знаење придонесува за подобар живот во нашата заедница. ❤️
Како координатор на бројни значајни проекти, но и на социјални услуги кои се добиваат во нашата општина, Сузана несебично работи за поддршка на најранливите категории.
Едукатор е на различни програми, особено насочени кон младите, а со долгогодишното искуство и дополнителната едукација за советодавна работа со деца, таа остава трага во животите на многу семејства.
Учествува во истражувачки и волонтерски активности, секогаш со истата цел – да помогне, да поддржи и да инспирира. 🌟

Address

Улица Цандо Кожинков бр. 17
Negotino
1440

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение Егограм posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram