Логопед

Логопед логопедскa дијагностика, совети, третмани и консултации

Како изгледаат буквите во очите на дислексичарите (лицата кои се соочуваат со проблеми во читањето и разбирањето на проч...
25/03/2021

Како изгледаат буквите во очите на дислексичарите (лицата кои се соочуваат со проблеми во читањето и разбирањето на прочитаното)?

(отворете на линкот)

Необична слика на која е претставена емотивна реакција на Harold Whittles коj за прв пат слуша звук при вградување на сл...
15/03/2021

Необична слика на која е претставена емотивна реакција на Harold Whittles коj за прв пат слуша звук при вградување на слушен апарат.

Oваа фотографија е објавена во 1974 година.

Самодовербата на вашето дете се гради уште во неговиот развој.️Потрудете се секогаш да практикувате пофалби и награди за...
11/03/2021

Самодовербата на вашето дете се гради уште во неговиот развој.
️Потрудете се секогаш да практикувате пофалби и награди за послушноста на вашето дете, додека казните може да ги замените со разговор кој сигурно со тек на време ќе направи самоуверена личност која не се плаши од грешки.

Вашето дете на 4 годишна возраст веќе треба да знае да ги именува и да знае за што служат зададените предмети.Треба да г...
10/03/2021

Вашето дете на 4 годишна возраст веќе треба да знае да ги именува и да знае за што служат зададените предмети.

Треба да ги знае основните бои и да знае да го покаже соодветниот предмет кој што сме го изговориле.

Се сомневате дека вашето дете се соочува со потешкотија при наведените активности?- консултирајте се веднаш со логопед .

Најчесто во текот на мојата работа како логопед практикувам работа со сложувалки.Зошто ?Дали сте знаеле дека преку самио...
10/03/2021

Најчесто во текот на мојата работа како логопед практикувам работа со сложувалки.
Зошто ?
Дали сте знаеле дека преку самиот начин на размислување на детето да ја пронајде и да ја вметне фигурата на соодветното место доволно кажува за неговиот развој.

Истовремено преку постојаната комуникацијата за активностите и називот на фигурата, без разлика дали се работи за учење на овошје или па зеленчук, детето преку игра учи и повторува нови поими.
Ова учење преку игра е најчестото прифатено учење кое децата со задоволство го прават и дефинитивно дава резултати.

Дали знаете дека една од најчестите причини за неправилен изговор е поради кратката подјазична ресичка-френулум ??Изгово...
25/02/2021

Дали знаете дека една од најчестите причини за неправилен изговор е поради кратката подјазична ресичка-френулум ??

Изговорот на некои гласови кои се состои од подвижноста на јазикот поради кратката ресичка се оневозможени за продукција.

Навремената корекција, односно засекувањето на оваа ресичка е едно од решението за надминувањето на артикулационите проблемите, секако во склоп со понатамошни одредени логопедски третмани креирани врз основа на индивидуалните потреби на детето за добивање на потребниот глас.

Дали знаете дека за изговор на одредени гласови битен фактор е положбата и правилниот распоред на забите.Одредени отстап...
23/02/2021

Дали знаете дека за изговор на одредени гласови битен фактор е положбата и правилниот распоред на забите.
Одредени отстапувања секогаш даваат неправилна и погрешна артикулација.

Детето за да развие правилен говор треба да следи исклучиво правилен говор од  личностите кои се во негова непосредна бл...
23/02/2021

Детето за да развие правилен говор треба да следи исклучиво правилен говор од личностите кои се во негова непосредна близинa.

Тоа значи дека доколку неговите родители, некоја воспитувачка, некоја личност која се грижи за детето се соочува со некоја потешкотија или проблем при изговор на некој глас може да се случи детето со тек на време да автоматизира неправилно изговарање на истиот глас.

И најважно, никогаш не користете бебешки говор без разлика на возраста на детето, тоа само дополнително може да предизвика непотребна автоматизација на неправилни гласови.

Едноставна, лесна и корисна идеја за развојот на вашето дете.Потребно ви е само креативност, желба, неколку основни алат...
24/01/2021

Едноставна, лесна и корисна идеја за развојот на вашето дете.

Потребно ви е само креативност, желба, неколку основни алатки и успехот на вашето дете за учењето на боите и препознавањето на нијансите на бои е загарантиран.

21/01/2021

Се повеќе родители се жалат дека детето не им прозборело, иако наполнило три или дури четири години. Развојот ан говорот е индивидуален и постојат големи

Одлична идеја за вашето дете истовремено да се фокусира на фината моторика и да започне со учење на облека, боја и секак...
15/01/2021

Одлична идеја за вашето дете истовремено да се фокусира на фината моторика и да започне со учење на облека, боја и секако да знае да разликува која облека треба да се носи во зависнот од временската прогноза и од годишните времиња.

Оваа едноставна игра може да ја направи буквално секој родител и може да биде со најразлични идеи.

Но,најбитно главната придобивка ќе ја имаат вашите деца кои со текот на времето преку забава ќе научат доста работи кои се неопходни за нивниот целосен развој.

Идеја за квалитетно поминато време преку која ќе се вежба фината моторика, логика и постепено ќе се совладува процесот н...
14/01/2021

Идеја за квалитетно поминато време преку која ќе се вежба фината моторика, логика и постепено ќе се совладува процесот на математички пресметки на забавен начин.

Address

Ohrid

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Логопед posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram