ЈЗУ Општа Болница Охрид

ЈЗУ Општа Болница Охрид Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ЈЗУ Општа Болница Охрид, Medical and health, Ulica Sirma Vojvoda Br. 1, Ohrid.

21/08/2025

Една година исполнета со посветеност, транспарентност и бројни остварени проекти.
Во иднина не очекува уште многу работа, главен акцент ќе се стави на кадровска екипираност, подобрување на здраствените услуги, воведување на нови дијагностички и тераписки методи, донесување на сообраќајно решение во кругот на болницата, како и внатрешно и надворешно реновирање на болничките простории изјави в.д. Директорот спец Д-р Горан Маркоски
За повеќе информации следетене на: https://jzuopstabolnicaohrid.mk

Нова донација во ЈЗУ Општа болница ОхридЈЗУ Општа болница Охрид идоби донација 50 комплети постелнини, кои ќе бидат расп...
28/08/2024

Нова донација во ЈЗУ Општа болница Охрид

ЈЗУ Општа болница Охрид идоби донација 50 комплети постелнини, кои ќе бидат распределени на одделот за геријатрија.
В.Д. директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид Д-р Горан Маркоски изрази голема благодарност за оваа донација, со која ќе се подобрат условите за престој на една од најранливите категории на пациенти.

НОВИ СОВРЕМЕНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ ДОСТАПНИ ВЕЌЕ И ВО ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД
07/06/2024

НОВИ СОВРЕМЕНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ ДОСТАПНИ ВЕЌЕ И ВО ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД

Во периодот од 11 до 15 март 2024 година Светската здравствена организација(СЗО) , со учество на домашни официјални лица...
14/03/2024

Во периодот од 11 до 15 март 2024 година Светската здравствена организација
(СЗО) , со учество на домашни официјални лица и со меѓународни експерти од
Велика Британија , Франција , Шпанија и Швајцарија преку технички средби и
работилници , посети на терен ја спроведува националната мисија за оценување на болничкиот сектор во Република Северна Македонија .
Чест ни е да споделеме дека ЈЗУ Општа болница Охрид беше посетена од
делегацијата на Светската здравствена организација (СЗО) . Во текот на нивната
посета, делегацијата не упати на софистицирани насоки за спроведување на нивната мисија за проценка на болнички капацитети, индентификувајќи области и можности за подобрување на капацитетите во насока на поддршка и зајакнување на стратешките цели на Министерството за здравство до 2030 година, обезбедувајќи здравствени реформи кои ќе бидат сеопфатни , проширени и кои ќе водат кон подобар систем во согласност со меѓународните одредници .
Благодариме на делегацијата на СЗО за нивната посета , и сме посветени на
поддржување на иновативни пристапи во кои пациентот е секогаш во центарот на вниманието .
Во продолжение следат фотографии од моментите од посетата.

ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД ДЕНЕС ДОБИ ЗНАЧАЈНА ДОНАЦИЈА ОД ЗЕГИНДенес во Општата болница – Охрид, на оделението за Гинекологија...
02/02/2024

ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД ДЕНЕС ДОБИ ЗНАЧАЈНА ДОНАЦИЈА ОД ЗЕГИН
Денес во Општата болница – Охрид, на оделението за Гинекологија и Неонатологија, компанијата Зегин донираше апарат за мерење на билирубин кај новороденчињата.
Апаратот овозможува точен и брз резултат кој го заштитува новороденчето од традиционалниот начин за проверување на крв.
Донацијата ја прими директорот на болницата, спец. д-р Асен Шајн кој од свое име и од името на целиот персонал на одделот се заблагодари за донацијата и ја поздрави општествено одговорната иницијатива на компанијата Зегин, нагласувајќи ја важноста на овој апарат, не само за овој оддел, туку и за целата болница во која доаѓаат пациенти од целиот регион, а со чија помош многу ќе се олесни работата на персоналот и ќе се добиваат многу побрзи резултати во интерес на здравјето на пациентите.
Од компанијата Зегин изјавија дека оваа донација е еден почеток со кој би се најавиле и идни соработки со болницата, а Зегин како етаблирана општествено одговорна компанија и понатаму ќе продолжи да излегува во пресрет онаму каде што е потребно.

Во новата 2024 година првото новороденче во Охрид е здраво машко бебе родено во 01:54 мин, спонтано породено, со тежина ...
01/01/2024

Во новата 2024 година првото новороденче во Охрид е здраво машко бебе родено во 01:54 мин, спонтано породено, со тежина од 2730гр. Мајката е на 27 годишна возраст, истата ја породи дежурниот гинеколог д-р Горан Маркоски со екипата. Ова и е трето дете, претходно има 2 женски деца. Во тек е петтото породување во ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД

Address

Ulica Sirma Vojvoda Br. 1
Ohrid

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Општа Болница Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram