JZU Opsta Bolnica- Ohrid

JZU Opsta Bolnica- Ohrid Hospital

Хуманоста на дело – вработените од ЈЗУ Општа болница Охрид обединети за ЕваВработените во ЈЗУ Општа болница Охрид, обеди...
19/03/2026

Хуманоста на дело – вработените од ЈЗУ Општа болница Охрид обединети за Ева
Вработените во ЈЗУ Општа болница Охрид, обединети со заедничка хумана цел, реализираа акција за поддршка на малата Ева од Охрид, која води тешка и храбра борба.
• Синдикалната организација на ЈЗУ Општа Болница – Охрид донираше 120.000 денари,
• а дополнително беа собрани уште 66.700 денари преку доброволни донации од вработените, поставени во кутии на одделите.
Собраните средства се донирани за поддршка на лекувањето на Ева – како симбол на заедништво, хуманост и надеж.
Оваа иницијатива е уште една потврда дека вработените во оваа установа покрај професионалната грижа, носат и големо човечко срце.

Започна со работа Центарот за менаџирање на дебелината при ЈЗУ Општа Болница Охрид           Отворањето на центарот е уш...
16/03/2026

Започна со работа Центарот за менаџирање на дебелината при ЈЗУ Општа Болница Охрид
Отворањето на центарот е уште еден важен чекор во превентивата и грижата за здравјето на граѓаните, а дебелината е еден комплексен проблем кој бара менаџирање на многу состојби, беше посочено на официјалното отпочнување со работа на Центарот од страна на медицинскиот тим, директорот на болницата Д-р Горан Маркоски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
"Зголемената телесна тежина сама по себе повлекува и ризици од многу други состојби, пред се од кардиоваскуларниот, локомоторниот систем, оптеретување на зглобови, па и секако тука е опфатен и психолошкиот аспект. Ова бара едно комплексно менаџирање. Ние сме сега на самиот почеток, имаме моментално апарат којшто ни овозможува определување на композицијата на составот на мастите, мускулната маса, водата, значи еден увид во составот на телото, којшто е една почетна точка и од којашто понатаму можеме да го следиме пациентот и секако со другите параметри, коишто вклучуваат преглед, притисок и сите други работи понатаму да го насочуваме" изјави Д-р Даниела Мисоска Пендова, која заедно со Д-р Лилјана Ангелеска и Д-р Сашо Василевски ќе работат со овај центар.
"Веќе има интерес од нашите сограѓани, прашуваат и за терапија. Имаме и терапија за намалување на телесна тежина која се дава кај пациентите. Така да се надеваме дека ќе ги заштитиме пациентите да не страдаат од други заболувања, зошто дебелината знаеме какви проблеми може да донесе" посочи Д-р Лилјана Ангелеска, раководител на Интерното одделение при Општа болница Охрид.

Нов ендоскопски апарат за гастро и колоноскопија на Одделението за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при Општат...
13/03/2026

Нов ендоскопски апарат за гастро и колоноскопија на Одделението за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при Општата Болница Охрид
Интерното одделение при Општата Болница Охрид доби нов ендоскопски апарат со кој значително се зголемува квалитетот и прецизноста во однос на изведување на интервенциите дијагностичка и тераписка гастро и колоноскопија. Апаратот е набавен на јавна набавка со средства обезбедени од Фондот за здравстено осигурување на Република Македонија.
"Се обидуваме да согледаме што е потребно каде за да создадеме капацитет, бидејќи скринингот да функционира како што треба ќе треба инфраструктурата да се воспостави. Во Општата Болница Охрид имаме два одлични доктори, значи кадри имаме. Потребно е да се погледне опремата и другите прашања за да се зголеми бројот, посебно на колоноскопии. Гастроскопиите се јавуваат со симптоми и граѓаните почесто доаѓат за гастроскопија отколку колоноскопија, бидејќи дебелото црево е тивко. Ако ќе станат симптомите видливи и јасни, тогаш може да е доцна. Ние ги охрабруваме граѓаните да секој над педесет години, без разлика на симптомите, направи колоноскопија, дури е здрав за да се види каква е состојбата. Ова е еден од чекорите за да создадеме една инфраструктура за повеќе гастроскопи и колоноскопи, бидејќи посебно ракот на дебело црево е сè позначаен проблем во државата. " изјави Директорот на Фондот за здравство Д-р Сашо Клековски
"Последниот апарат беше стар околу дваесетина години. Често беше во дефект, затоа и бројот на интервенции беше значително мал, незадоволителен за нашиот град, при што нашите граѓани често користеа приватни установи за ваков тип на интервенција, беа подложени на дополнителни материјални трошоци, често патуваа и во други центри надвор од нашиот град, така што оваа набавка има големо значење општо за нашата општина во однос на материјално-економски аспект, посочи в.д. Директорот на ЈЗУ ОБ Охрид Д-р Горан Маркоски.

Се роди сто дваесеттото дете во Охрид "На одделението за Гинекологија и акушерство - Охрид, ведрината и среќата ни ја сп...
12/03/2026

Се роди сто дваесеттото дете во Охрид
"На одделението за Гинекологија и акушерство - Охрид, ведрината и среќата ни ја споделија 120 семејства. Горди сме што сме дел од Вашата приказна, продолжуваме да ја градиме довербата. Впрочем, за тоа и сме тука - за Вас.
Дополнително, зголемен е и обемот на гинеколошки интервенции вклучувајќи ги и хистероскопските интервенции, што од неодамна за прв пат ги воведовме во регионот.
Следниот чекор ни е воведување на лапароскопски операции, како и унапредување на квалитетот на породувањето со епидурална и спинална анестезија. Современите пристапи и новите третмани веќе даваат конкретни и позитивни резултати" изјави Д-р Мимоза Влаши раководител на одделението за Гинекологија и акушерство.

Се враќа оперативниот програм на одделението Уво, нос и грло при ЈЗУ Општа болница ОхридОпштата Болница Охрид станува Ре...
12/03/2026

Се враќа оперативниот програм на одделението Уво, нос и грло при ЈЗУ Општа болница Охрид
Општата Болница Охрид станува Регионален центар во Југозападниот регион за изведување на оперативни зафати од оваа специјалност. Пациентите од Охрид и од целиот Југозападен регион, кои со години беа принудени да патуваат во други градови и кои се соочуваа со долги листи на чекање за ваков тип на операции, отсега ќе можат за истите да се услужуваат на Одделението за уво, нос и грло во Охрид.
После осумнаесет години, беа изведени два оперативни зафати од страна на медицински тим на одделението за Уво, нос и грло во Охрид со колегите од Клиниката во Скопје. Вакви интервенции, според најавите, се планирани да се изведуваат еднаш неделно.
"Точно пред 18 години беше направена последната операција на тонзили, која претставува еден од основните оперативни зафати од оваа дисциплина. Особено сум горд што после толку години во нашиот град повторно започнува оперативната програма на одделението за уво, нос и грло. Тоа значи големо олеснување за граѓаните, особено за најмладата популација која на почетокот ќе бидат најчести пациенти за овие зафати. Интервенциите се изведуваат во општа анестезија и бараат внимателна подготовка на пациентите. Исто така сакам да изразам честитки до целиот тим од одделението за Оториноларинхологија, тимот од одделението за Анестезиологија и реанимација и благодарност до тимот од Клиниката за Оториноларингологија од Скопје предводената од Директорот Д-р Игор Камшикоски за нивната несебична подршка “, вели д-р Горан Маркоски, в.д. Директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Нова опрема за поквалитетни услуги во Биохемиска лабараторија при ЈЗУ Општа болница - ОхридНовиот интегриран апарат за б...
11/02/2026

Нова опрема за поквалитетни услуги во Биохемиска лабараторија при ЈЗУ Општа болница - Охрид
Новиот интегриран апарат за биохемиски и имунолошки анализи кој меѓудругото е прв од ваков вид во нашиот регион, сместен во одделот за Биохемиско- лабораториска медицина претставува современо и ефикасно решение со висока точност, брзина и сигурност во дијагностиката. Апаратот овозможува автоматизирано извршување на широк спектар биохемиски и имунолошки тестови на еден систем, со минимална потреба од рачна интервенција.

Со напредна технологија, висока репродуктивност на резултатите и брзиот софтвер за управување со податоци, интегрираниот систем ја подобрува работната ефикасност и го намалува времето на анализа. Обезбезбедува сигурни резултати кои се клучни за точна и навремена медицинска одлука.

Новиот хематолошки бројач со CRP и седиментација овозможува прецизна и брза анализа на диференцијална крвна слика со показатели на воспалителни процеси во телото. Апаратот обезбедува сигурни резултати, автоматизирана работа и зголемена ефикасност во болничките и лабораториските услови, придонесувајќи за навремена и точна дијагноза.
Ова само претставува дел од проектите кои што во блиска иднина ќе се реализираат на ова одделение.

Воведени хистероскопски интервенции на Одделението за Гинекологија и акушерство во болницата во Охрид!  Со големо задово...
05/01/2026

Воведени хистероскопски интервенции на Одделението за Гинекологија и акушерство во болницата во Охрид!
Со големо задоволство сакаме да ве информираме дека на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа Болница Охрид започна со употреба на нов, најсовремен хистероскопски апарат. Ваков тип на процедура е извршена за прв пат во нашата Општина Охрид како и во околниот регион.
Оваа значајна набавка претставува голем чекор напред во унапредувањето на гинеколошката здравствена грижа во нашата општина и регионот кој што го опслужуваме.
Со оваа современа и софистицирана метода овозможуваме:
➡️ минимално инвазивна дијагностика и третман,
➡️ побрзо и побезболно закрепнување,
➡️ прецизност во откривање и отстранување на туморски формации и септуми во матката,
➡️ услуги кои досега не биле достапни во Охрид
"Како в.д. Директор на ЈЗУ ОБ Охрид, особено сум горд што нашиот тим од ова одделение од каде што и самиот доаѓам, започнува да работи со нови методи кои за прв пат се воведуваат во нашата болница и кои на пациентките ќе им овозможат поквалитетна и побрза здравствена услуга - дома во својата општина, без потреба од упатување во други здравствени центри. Исто сакам да го истакнам и економскиот аспект и оптоварување од кое ќе бидат ослободени нашите пациентки, кои што за ваков тип на интервенции одвојуваа големи средства по приватните болници или пак беа дел од долги листи на чекање во терциерните здраствени установи, а сега истите ќе им бидат достапни само по основ на платена партиципација." истакна В.Д. Директорот на болницата спец. гинеколог и акушер Д-р Горан Маркоски
Продолжуваме да вложуваме во модернизација на здравството и здравствените услуги и подобра грижа за нашите пациенти.

На Одделот за геријатрија во изминатиот период беше реализирано комплетно реновирање на две дупли болнички соби  Овие ак...
22/12/2025

На Одделот за геријатрија во изминатиот период беше реализирано комплетно реновирање на две дупли болнички соби
Овие активности се дел од континуираните напори за унапредување на болничката инфраструктура и подобрување на квалитетот на здравствената грижа, особено за највозрасната и најранливата група пациенти.
Реновирањето опфати целосна замена на подовите, санација и уредување на ѕидовите, како и промена на дограмата, со цел обезбедување подобри услови за престој, зголемена безбедност и поголем комфор за нашите пациенти.
Реализацијата на овој проект беше овозможена со дел од средства обезбедени од сопствениот буџет на установата, како и дел од донација на DNC Balkans & Europe, на која искрено ѝ се заблагодаруваме за поддршката и придонесот во унапредувањето на болничките услови.
Посебен и емотивен момент го одбележа крајот на денот на отворањето на реновираните болнички соби, кога нашиот пациент Дедо Божин во топла и пријатна атмосфера го прослави својот 82-ри роденден. Овој настан уште еднаш потсети дека болницата не е само место за лекување, туку и простор за човечка грижа, внимание и достоинство.
Во наредниот период продолжуваме со понатамошно реновирање, дел по дел, на останатите болнички простории, со јасна цел создавање побезбедна, похумана и поквалитетна болничка средина за пациентите и персоналот.

ВРЕДНА ДОНАЦИЈА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ПЕДИЈАТРИЈА ПРИ ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД   Финансиските средства собрани од хуманитарни...
05/12/2025

ВРЕДНА ДОНАЦИЈА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ПЕДИЈАТРИЈА ПРИ ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД
Финансиските средства собрани од хуманитарниот концерт во чест на Андреј Лаброски кој се одржа оваа година, ВИС Билјана заедно со @брајтм и Виктор донираа средства во износ од 180.000 денари на одделението за педијатрија во општа болница Охрид.
Донирани се:
-Два клима уреди и сервис на еден клима уред
-ЕКГ со педијатриски штипки и пумпици
- Пулсоксиметар со неонатален сензор
- Четири медицински креветчиња
Од средствата собрани на забавно - хуманитарен настан "На Бована Сараиште" на одделението за педијатрија донирани се : грејни тела, чаршафи, штитници за душеци и ќебиња.
Од срце им благодариме на сите кои донираа, донираните средства директно ќе влијаат на унапредување на здравствената грижа, дијагноза и третман на најмалите пациенти.

РЕШЕН ДЕЦЕНИСКИ ПРОБЛЕМ ВО ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД, УРЕДЕНИ АРХИВСКИТЕ ПРОСТОРИ ВО БОЛНИЦАТА   Врз основа на извршениот ...
27/11/2025

РЕШЕН ДЕЦЕНИСКИ ПРОБЛЕМ ВО ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД, УРЕДЕНИ АРХИВСКИТЕ ПРОСТОРИ ВО БОЛНИЦАТА
Врз основа на извршениот инспекциски надзор од страна на Државниот архив на РСМ и по добиениот указ и насоки, В.Д. Директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид спец. Др. Горан Маркоски, согласно законите формира Комисија за одбирање и евидентирање на архивскиот материјал.
Комисијата беше формирана од вработени во администрацијата при ЈЗУ Општа болница Охрид, кои имаа задолжение да го одберат и издвојат архивскиот материјал, да одредат рокови за негово чување, да документираат рокови за уништување, да изработат опис и попис на архивскиот материјал. По извршувањето на задолженијата, Комисијата имаше задача да изготви и достави до Архивот на РСМ, барање согласност за уништување на класифицираниот материјал.
Членовите на Комисијата ги мапираа сите простории во ЈЗУ Општа болница Охрид, каде се чуваше архивски материјал и се екипираа по групи и тоа: архива до морга бр. 1, архива до морга бр. 2, архива до перална, архива – котлара, архива – геријатрија и АТД диспанзер.
Во горенаведените архиви се направи попис на целокупниот затекнат архивски материјал, се изврши издвојување на безвредниот архивски материјал и останатиот материјал кој согласно Законот за архивско работење влегува во траен архивски материјал или архивски материјал со рокови за негово чување.
Секоја група за секоја архива поединечно изготви Извештај за состојбата со архивскиот материјал, класифициран спрема Планот и Листата за чување на архивскиот материјал. Воедно Листите беа изработени во координација со одделенијата при ЈЗУ Општа болница Охрид и нивно изјаснување за рокови на чување на медицинската документација. Истото го доставија до претседателот на Комисијата.
Комисијата изврши попис и опис на материјалот односно го издвои архивскиот материјал со рокови за чување, трајниот архивски материјал и архивскиот материјал за уништување, кој изнесува 827,195 метри должни.
ЈЗУ Општа болница Охрид, согласно извештајот на Комисијата, се обрати до Архивот на РСМ за добивање согласност за уништување на 827,195 метри должни безвреден архивски материјал, по што се доби согласност за уништување на документираниот материјал за период од 1941 до 2020 година.
По стекнување на правосилност на решението од Архивот на РСМ, ЈЗУ Општа болница Охрид, склучи Договор за уништување на архивскиот материјал со овластен оператор за подигнување на отпад и негово уништување.
Службите на ЈЗУ Општа болница Охрид продолжија со уредување, чистење, осветлување, како и набавка на нови сталажи за чување на архивскиот материјал.
Со овој зафат беше решен децениски проблем и се обнови достапноста на архивскиот материјал на болницата за потребите на граѓаните на општина Охрид.
Изразуваме посебна благодарност до вработените во администрацијата на ЈЗУ Општа болница Охрид, за нивниот несебичен 8 месечен ангажман, со кој беше реализиран овој проект, а истовремено беа заштедени околу пет милиони денари.
Исто така изразуваме благодарност до Државен архив на РСМ и Државен архив – Одделение Охрид за нивната поддршка и ангажман околу целиот проект.

Набавена нова медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница Охрид.Ве информираме дека болницата доби нова современа медицинска ...
14/11/2025

Набавена нова медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница Охрид.

Ве информираме дека болницата доби нова современа медицинска опрема, со што значително се унапредува квалитетот на здравствената услуга и безбедноста на пациентите.

🔹 7 најсовремени пациентски монитори, распределени на:
• Анестезија и Интензивно лекување
• Неврологија
• Интерна медицина
• Гинекологија и Акушерство

🔹 Аспиратори за сукција – вкупно 4:
• 2 аспиратори за возрасни пациенти – за Оддел Анестезија и Интензивно лекување и Интерно одделение
• 2 педијатриски аспиратори – за Неонатологија и Педијатрија

🔹 Инфузиони пумпи и перфузори – вкупно 8 уреди:
• 4 инфузиони пумпи
• 4 перфузори
Распределени на Оддел Анестезија и Интензивно лекување и Интерно одделение, за обезбедување прецизна и сигурна терапија, особено кај критично болни пациенти.

🔹 Гасни анализатори – вкупно 2:
• 1 за Оддел Педијатрија
• 1 за Оддел Анестезија и Интензивно лекување
Овие уреди овозможуваат брза и точна анализа, неопходна за навремена процена на респираторниот и метаболниот статус на пациентите.

Оваа опрема претставува голем чекор напред во унапредувањето на квалитетот на здравствената услуга и директно придонесува за подобра, побрза и побезбедна грижа за сите пациенти.

По четири години повторно воведено тросменско работно време на Детското одделение при Општата болница ОхридСо ова се реш...
10/10/2025

По четири години повторно воведено тросменско работно време на Детското одделение при Општата болница Охрид

Со ова се решава еден од најосетливите проблеми во нашата Општина кој ги засегаше најмладите пациенти. Конечно децата од Охрид ноќе, во викенди и за празници нема да мора да патуваат во околните градови, тука потребните здравствени услуги ќе ги добиваат во охридската болница.
На Одделението моментално се ангажирани шест доктори специјалисти педијатри од кои двајца со консултантски договор и еден доктор со договор од друга здравствена институција. Исто така пет доктори се моментално на специјализација. Фрекфенцијата на пациенти подразбира 50-тина прегледи дневно, бројот на прегледи е значително поголем за време на викенди, кога не работат матичните лекари. Најголем број од дечињата ги водиме преку Дневна болница и во моментов имаме околу 30-тина. Имаме зголемена фрекфенција на пациенти во ноќните часови, после 22 часот.
Во претходните месеци се извршени и одредени реновирања и санации за да се создадат оптимални услови. Се изврши санација на санитарните јазли, се изврши молерисување на целото Одделение. Во моментов се изготвува проект за целосно реновирање на ова Одделение со што следната година ова ќе прерасне во едно од поубавите Детски одделенија во нашата држава. Апелирам и до граѓаните на Општина Охрид да го користат прво примарното здравство односно матичните лекари за да не се создава голема гужва на одделението. Доколку има потреба одделението е отворено 24 часа, изјави Д-р Горан Маркоски.

Address

Sirma Vojvoda
Ohrid
6000

Telephone

+38946267267

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when JZU Opsta Bolnica- Ohrid posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category