04/05/2026
Запознајте го тимот на Ендовита – Спој на искуство, наука и посветеност 🩺✨
Тимот на Ендовита составен од врвни професионалци, обединети пред една цел: прецизна дијагностика и современо лекување.
Д-р Томислав Цуцулоски- специјалист интернист со:
✅ Меѓународна експертиза: Покрај долгогодишната работа во Општа болница Охрид, своето искуство го надградува и во Саудиска Арабија (Универзитетска болница King Halid).
✅ Специјалист за дигестивно здравје: Едукации во Љубљана, Софија, Белград и Скопје за ендоскопија на гастро интестинален тракт и ехо-дијагностика.
✅ Посветеност на превенцијата: Автор на книга за здраво слабеење и поранешен претседател на Лекарската комора за охридскиот регион.
✅Интернационален сертификат за кардио пулмонална реанимација.
Д-р Ѓоко Константинов-специјалист интернист.
✅ Со 26-годишно искуство како специјалист.
✅ Експерт по ехокардиографија и кардио-дијагностика.
✅ Докажан лидер во Центар за јавно здравје, Охрид.
✅ Член на Македонското, Европското и Светското здружение на кардиолози.
✅ Координатор за итна кардиологија.
Д-р Даниела Мисоска Пендова- субспецијалист ендокринолог
✅ Специјалност: Интерна медицина и Ендокринологија.
✅ Искуство: Повеќе од 15 години пракса како специјалист-субспецијалист.
✅ Фокус: Дијагностика и третман на дијабет и ендокрини нарушувања.
Д-р Стојан Митрески- Кардиолог
✅Глобално искуство: Експертиза стекната во Германија, Дубаи, Швајцарија и Србија.
✅Лидер во интервенции: Над 500 кардиолошки процедури годишно и експерт за пејсмејкери, коронарна ангиографија и третман на аритмии.
✅ Врвна едукација: Германска државна лиценца и стипендист на Salzburg-Weill Cornell.
🤝 Вашето здравје е наша грижа. Ве очекуваме!