29/04/2026
Кога понижувањето, исмевањето или нанесувањето болка стануваат средство некој да покаже моќ над друг, тоа не е детска игра, ниту „минлива фаза“.
Тоа е аларм дека нешто во нашите односи, во емпатијата, во поставувањето на граници бара внимание,промена...
Особено загрижува кога суровоста се нормализира, кога "сведоците" молчат, а болката на едно дете останува "невидлива".
Во период кога младите силно се стремат кон реализирање на чувството на припадност, важно е да ги учиме дека прифаќањето не се гради преку понижување, а силата не се покажува преку повредување.
🌱 Што им е потребно на младите повеќе од кога било?
🔹 Да препознаваат и поставуваат граници
Да умеат да разликуваат шега од понижување, влијание од притисок, другарство од повредување.
🔹 Да развиваат емпатија
Да почувствуваат дека зад секое однесување стои личност со чувства, достоинство и ранливост.
🔹 Да имаат храброст да реагираат
Да знаат дека „ова не е во ред“ е важен став, а молчењето не секогаш е решение .
🔹 Да ја разберат улогата на "сведокот"
Оние што гледаат не се само набљудувачи — тие можат да бидат поддршка, заштита и чекор кон промена.
🔹 Да градат култура на припадност
Средина во која различностите не се причина за дистанцирање, туку простор на прифаќање и заемно делување.
🔹 Да учат дека силата има поинаква форма
Не во доминација, туку во самоконтрола, почит и одговорност.
Зашто насилството не започнува со екстремност. Често започнува со премолчување.
И можеби токму затоа превенцијата започнува со едноставни, но важни чекори — како учење на сочувство, поставување на граници и пристап на човечност.