БИОЛАБ/Biolab

БИОЛАБ/Biolab Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from БИОЛАБ/Biolab, Medical and health, Kej 8mi Septemvri br. 19, Radovis.

Дијагностичка биохемиска лабораторија предводена од Доцент Д-р. Марија Таскова Кукутанов (PhD, MSc, Mpharm).
Нашиот тим практикува лабораториска медицина по највисоки стандарди со што се гарантираат прецизни и навремени резултати.

Витамин Д и автоимуните болести!Витаминот Д не е важен само за коските – тој игра клучна улога и во регулирањето на имун...
14/03/2026

Витамин Д и автоимуните болести!

Витаминот Д не е важен само за коските – тој игра клучна улога и во регулирањето на имунолошкиот систем.

🔹 Луѓето со автоимуни болести често имаат пониски нивоа на витамин Д.
🔹 Научни студии покажуваат дека ниските нивоа на витамин Д се поврзани со поголема зачестеност на болести како:
- Ревматоиден артритис
- Мултиплекс склероза
- Дијабетес тип 1
- Системски лупус еритематозус (SLE)
- Болест на Крон и улцерозен колитис

✅ Како ни помага витамин Д:
- Намалува прекумерна имунолошка реакција
- Го стимулира создавањето на клетки кои го „смируваат“ имунолошкиот систем
- Помага да се одржи баланс помеѓу заштита и напади врз сопствените ткива

💡 Совет: Проверете го вашето ниво на Витамин Д! Прекумерно користење на суплементи исто така може да биде токсично за организмот.

Месец Март, ја славиме Жената!🧬 Што е AMH тест?AMH (Anti-Müllerian хормон) е хормон кој се продуцира во јајниците и прет...
07/03/2026

Месец Март, ја славиме Жената!
🧬 Што е AMH тест?

AMH (Anti-Müllerian хормон) е хормон кој се продуцира во јајниците и претставува еден од најточните показатели за оваријалната резерва – односно, бројот на преостанати јајце-клетки кај жената.

Со други зборови, AMH тестот дава јасна слика за репродуктивниот потенцијал.

Зошто е важен AMH тестот?

✅ Дава информација за бројот на преостанати јајце-клетки
✅ Помага при планирање бременост и проценка на плодноста
✅ Клучен е при планирање и следење на in-vitro (IVF) постапки
✅ Може да укаже на состојби како:
- предвремена менопауза;
- синдром на полицистични јајници (PCOS)
✅ Се користи за следење на оваријалната функција кај жени на хормонална терапија

🩺 Кога се препорачува да се направи?

• При планирање бременост
• Пред започнување IVF третман
• Кај неправилен менструален циклус
• По хируршки интервенции на јајниците
• Како дел од превентивна грижа за репродуктивното здравје

🔬 Како се изведува тестот?

• Се зема мала количина венска крв
• Не е потребна посебна подготовка
• Може да се направи во било кој ден од менструалниот циклус
• Резултатите се добиваат брзо и овозможуваат прецизна лекарска проценка

Проценката на оваријалната резерва е важен сегмент во планирањето и следењето на репродуктивното здравје.

🩸Крвните анализи за следење на функцијата на Црниот Дроб вклучуваат мерење на одредени ензими и протеини при што се откр...
27/02/2026

🩸Крвните анализи за следење на функцијата на Црниот Дроб вклучуваат мерење на одредени ензими и протеини при што се откриваат оштетувања, воспаление или болести на истиот.

Црниот дроб е витален орган кој извршувајќи околу 500 различни функции, претставува внатрешна прочистувачка лабораторија на телото. Ја детоксифицира крвта, метаболизира протеини, масти и шекери, складира енергија, витамини и продуцира фактори за коагулација на крв.

Основни параметри за проценка на статусот на црниот дроб:

✔️Аланин трансаминаза (ALT)
✔️Аспартат трансаминаза (AST)
✔️Алкална фосфатаза (ALP)
✔️Албумин и вкупни Протеини
✔️Билирубин
✔️Лактат дехидрогеназа (LDH)
✔️Гама глутамат транспептидаза (GGT)
✔️Протромбинско време (PT)

👥Ризик-фактори за оштетување на црниот дроб:

Прекумерно конзумирање на алкохол
Одредени лекарства, хербални лекови или суплементи
Одредени вируси
Дијабет
Генетска предиспозиција

📌Абнормални резултати од крвните тестови за функција на црниот дроб не секогаш значат заболување на истиот. Други состојби во организмот исто можат да доведат до зголемување на некој од горе наведените параметри. Резултатите секогаш треба да се толкуваат со вашиот лекар или друго медицинско лице.

🟤 Лабораториски анализи за проверка на функцијата на бубрезитеБубрезите имаат клучна улога во филтрирањето на отпадните ...
19/02/2026

🟤 Лабораториски анализи за проверка на функцијата на бубрезите

Бубрезите имаат клучна улога во филтрирањето на отпадните материи и одржување на балансот на течности и електролити во организмот.

Основни анализи за проценка на функцијата на бубрезите:

✔️ Креатинин
✔️ Уреа
✔️ eGFR (гломеруларна филтрација)
✔️ Урична киселина
✔️ Електролити (Na, K, Cl)
✔️ Општ преглед на урина
✔️ Микроалбуминурија
✔️ Албумин/Креатинин однос (ACR)

👥 Се препорачуваат кај:

▪️ Пациенти со покачен крвен притисок
▪️ Пациенти со дијабетес
▪️ Лица со оток
▪️ Чести уринарни инфекции
▪️ Промени во мокрењето
▪️ Фамилијарна историја на бубрежни заболувања
▪️ Постари лица
▪️ Долготрајна употреба на одредени лекови

📌 Редовната контрола помага во рано откривање на бубрежни заболувања и навремена терапија.

Грижете се за вашето здравје – проверете ја функцијата на бубрезите навреме!

Проценка на ниво на Шеќер и метаболизам на јаглехидрати во крв!🔬Проверка на Глуциден статус е рутинско тестирање и треба...
13/02/2026

Проценка на ниво на Шеќер и метаболизам на јаглехидрати во крв!

🔬Проверка на Глуциден статус е рутинско тестирање и треба да се прави редовно. Испитувањата се прават за да се дијагностицира дијабетес или предијабетес.
❓Фактори на ризик се: возраст над 45 години, прекумерена тежина, срцеви заболувања, недостаток на физичка активност, членови на семејтвото со дијабетес.

Клучни биохемиски анализи за проверка на Глуцидниот статус:

✔️Тест за гликоза на гладно - се мери количината на гликоза во крв после 10-12 часа (ноќно) гладување.
✔️Гликолизиран хемоглобин (НВА1с) тест - ги одредува просечните нивоа на гликоза во крвта за изминатите три месеци.
✔️Тест за толеранција на гликоза( ОГТТ) - се мери одговорот на телото при оптеретување со глукоза.
✔️HOMA IR индекс – мери инсулинска резистенција (потребно е мерење на гликоза и инсулин).
✔️Гликоза во урина – индикатор за дијабет.

❗️Тестовите за Глуциден статус треба да се прават годишно, дури и ако сте здрава личност која не страда од дијабетес.
🔆За подетални информации за тестовите и за тоа кој тест е најпогоден за Вас, посетете нe или контактирајте не на тел: 077 814-236. Тимот на БИОЛАБ Ви стои на располаѓање.

Липидниот статус е лабораториско испитување што ги покажува мастите во крвта и има важна улога во раното откривање и пре...
05/02/2026

Липидниот статус е лабораториско испитување што ги покажува мастите во крвта и има важна улога во раното откривање и превенција на атеросклероза – насобирање на масни наслаги во крвните садови.

👉 Зошто се препорачува?
✔️ Навремено откривање на ризик од атеросклероза
✔️ Превенција од срцев и мозочен удар
✔️ Следење на ефектот од терапија, диета и здрав начин на живот

📊 Липидниот статус вклучува:
• Вкупен холестерол
• LDL („лош“ холестерол)
• HDL („добар“ холестерол)
• Non-HDL холестерол
• VLDL холестерол
• Триглицериди
• Apolipoprotein A
• Apolipoprotein B

👥 Се препорачува за сите возрасни, особено кај лица со дијабетес, висок крвен притисок, зголемена телесна тежина, пушачи и лица со фамилијарен ризик.

🕗 Испитувањето се изведува наутро, на празен стомак, најмалку 12 часа од последниот оброк.

🫀 Грижата за липидите е грижа за вашето срце и крвни садови.

🧪Анализа на урината е рутински и важен тест за Вашето здравје.  Дава информации за бубрезите, уринарниот тракт, метаболи...
28/01/2026

🧪Анализа на урината е рутински и важен тест за Вашето здравје. Дава информации за бубрезите, уринарниот тракт, метаболизмот.. и е од корист за лекарите навремно да Ви сугерираат дополнителни прегледи и испитувања.

🔬Автоматското тестирање на урината е супериорно над рачното, субјективното човечко читање на тест ленти - практика во многу лаборатории.
🔬Автоматското тестирање е препорачан и задолжителен метод во клиничка пракса кој го правиме во нашата лабораторија со тестирање на дури 14 параметри на урината.

Испитувањето вклучува:

✔️pH – киселинско-базна рамнотежа на урината
✔️Специфична тежина – хидратација на организмот
✔️Уробилиноген и Билирубин – состојба на црниот дроб и жолчката
✔️Глукоза и Кетони – поврзани со дијабетес и метаболни состојби
✔️Еритроцити (крв во урина)
✔️Протеини и микроалбумин – показател за бубрежна функција
✔️Леукоцити и Нитрити – индикатори за уринарна инфекција
✔️Креатинин – покажува бубрежна функција
✔️Витамин Ц – висока вредност во урина е причинител на камења во бубрезите
✔️Однос албумин/креатинин (A:C) – ран показател за бубрежно оштетување

Диференцијална крвна слика е тестирање што ги одредува клетките кои циркулираат во крвта. -Дава информации за видот, бро...
23/01/2026

Диференцијална крвна слика е тестирање што ги одредува клетките кои циркулираат во крвта. -Дава информации за видот, бројот, односот и изгледот на истите.

Овој тест се користи за одредување на целокупниот здравствен статус и да се испита и дијагностицира болест или состојба која влијае на крвните клетки, како што се анемија, инфекција, воспаление и слично.

➡️Испитувањето го вклучува бројот на:
✔️Белите крвни клетки (леукоцити) и подвидовите (лимфоцити, моноцити, гранулоцити),
✔️Црвените крни клетки (еритроцити),
✔️Еритроцитни константи (MCV, MCH,MCHC,RDW),
✔️Тромбоцити,
✔️Тромбоцитни константи (MPV,PDW),
✔️Хемоглобин,
✔️Хематокрит.

🩸Земањето крв од пациентот е без претходна подготовка и за ова тестирање може да биде само од прст.
Внесување на храна не влијае на овие резултати.

💎Со тестирање на диференцијална крвна слика во БИОЛАБ добивате резултати за 22 параметри за клетките во крвта за само 10 минути.

ЛУ-1 пакет по цена од 290 денари! Без упат од матичен лекар, без чекање, без закажување.Редовната лабораториска проверка...
15/01/2026

ЛУ-1 пакет по цена од 290 денари! Без упат од матичен лекар, без чекање, без закажување.
Редовната лабораториска проверка е клучна за рано откривање и превенција на многу здравствени состојби.
Со Пакет ЛУ-1 добивате јасна слика за вашето општо здравје.
✔️Проверка на крвната слика и воспалителни процеси
✔️Контрола на нивото на гликоза во крвта
✔️Следење на липидниот статус
✔️Проценка на функцијата на црниот дроб и бубрезите
✔️Проверка на урина
✔️Навремено откривање на можни здравствени отстапувања

➡️Анализите се препорачуваат како рутинска превентивна контрола, но и при замор, слабост или како дел од грижата за здравјето.

🧬Молекуларно, Генетско тестирање!Молекуларните испитувања се едни од најсовремените и најпрецизни лабораториски тестови....
10/01/2026

🧬Молекуларно, Генетско тестирање!

Молекуларните испитувања се едни од најсовремените и најпрецизни лабораториски тестови.
Се базираат на анализа на генетски материјал (ДНК и РНК) и се користат за детекција на специфични мутации, вирусни инфекции и генетски промени во организмот.
🩺Овие испитувања се основа за практицирање на персонализирана медицината односно прилагодување на третманот или лекот за секој пациент посебно во согласност со резултатите.

Што се детектира со молекуларните анализи?

✔️инфективни болести (вируси и бактерии)
✔️болести предизвикани од промени во генетскиот материјал (канцер, остеопороза, хипертензија, тромбофилија)
✔️интолеранција на храна
✔️откривање на наследни болести
✔️предиспозиција за одредени болести
✔️пренатални аномалии

Во зависност од анализата, резултати може да се добијат за 24 часа или за 4 дена.
➡️Биохемиска лабораторија БИОЛАБ заедно со наши реномирани партнери нуди и широк спектар на генетски анализи!

🦠 Helicobacter pylori е една од најчестите бактериски инфекции која го зафаќа желудникот. Иако симптомите понекогаш се б...
01/01/2026

🦠 Helicobacter pylori е една од најчестите бактериски инфекции која го зафаќа желудникот. Иако симптомите понекогаш се благи или повремени, долготрајното присуство на оваа бактерија може сериозно да го наруши здравјето на дигестивниот систем.
Доколку не се дијагностицира и лекува навреме, инфекцијата со Helicobacter pylori може да доведе до:
▪️ хроничен гастритис
▪️ чир на желудник и дванаесетпалачно црево
▪️ долготрајни дигестивни тегоби
▪️ зголемен ризик од малигни заболувања

Најчести симптоми на инфекција се:
• чувство на подуеност и тежина
• болка или печење во пределот на желудникот
• гадење
• мачнина и чувство на тежина по јадење
• киселини и рефлукс
• намален апетит
• непријатен (лош) здив

Навременото откривање е од клучно значење за успешно и ефикасно лекување.
Со едноставен и сигурен тест може навреме да се постави точна дијагноза и да се започне со соодветен третман, со што се спречуваат понатамошни компликации и значително се подобрува квалитетот на живот.

🌞 Витамин D – зошто е важен?Витаминот D е есенцијален витамин кој најчесто се создава во кожата при изложеност на сонце....
27/12/2025

🌞 Витамин D – зошто е важен?

Витаминот D е есенцијален витамин кој најчесто се создава во кожата при изложеност на сонце. Тој има клучна улога во одржувањето на целокупната рамнотежа и правилната функција на организмот.

🔹 учествува во процесите поврзани со коскеното здравје
🔹 придонесува за стабилен имунолошки одговор
🔹 е важен за мускулната сила и подвижност
🔹 влијае врз метаболните и хормоналните процеси
🔹 има значајна улога во општата виталност

Ниски вредности на витамин D може да бидат поврзани со:

▪️ постојан замор и чувство на исцрпеност
▪️ намалена отпорност на организмот
▪️ непријатност и болка во мускулите и зглобовите
▪️ промени во расположението
▪️ зголемен ризик од воспалителни и автоимуни состојби

👉 Навремената проверка на нивото на витамин D (25-OH Vitamin D) е важен чекор кон зачувување на здравјето.

Address

Kej 8mi Septemvri Br. 19
Radovis
2420

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30
Saturday 07:30 - 12:30

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when БИОЛАБ/Biolab posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram