Diaverum North Macedonia

Diaverum North Macedonia ДИАВЕРУМ обезбедува бубрежна нега за подобрување на животот на пациентите со хронична бубрежна болест, овозможувајќи им исполнет живот.

05/05/2026

Не, не ни е роденден, само ги миеме рацете 20 секунди. 🧼

Пеењето „Среќен роденден“ е едноставен начин да се осигураме дека рацете ги миеме доволно долго, како би ја завршиле работата како што треба.

На Светскиот ден на хигиена на раце, , истакнуваме една мала навика што прави голема разлика, помагајќи секојдневно да ги заштитиме пациентите, колегите и заедницата.

Чистите раце спасуваат животи. Толку е едноставно. 🧡

👷‍♀️👨‍⚕️ Среќен 1 Мај - Ден на трудот!Денес го одбележуваме трудот, посветеноста и придонесот на секој поединец кој секо...
01/05/2026

👷‍♀️👨‍⚕️ Среќен 1 Мај - Ден на трудот!
Денес го одбележуваме трудот, посветеноста и придонесот на секој поединец кој секојдневно вложува во создавање подобро општество. 💙
Во Диаверум, веруваме дека вистинската грижа започнува од луѓето - од нивната професионалност, одговорност и желба да направат разлика.
🌟 Секој наш вработен е важен дел од мисијата за обезбедување квалитетна здравствена грижа и поддршка за пациентите.
🙏 Денешниот ден е потсетник да ја цениме вредноста на трудот, тимската работа и заедничкиот напредок. Благодарност до сите кои со својата посветеност придонесуваат за подобро утре!
💪 Заедно продолжуваме да градиме средина во која трудот се вреднува, а грижата е на прво место.

Светска недела на имунизацијата 2026.За луѓето кои живеат со хронична бубрежна болест, за оние кои се на дијализа, или п...
24/04/2026

Светска недела на имунизацијата 2026.

За луѓето кои живеат со хронична бубрежна болест, за оние кои се на дијализа, или пак имаат трансплантиран бубрег, многу e важно да имаат силен имунолошки одбранбен систем. Вакцинацијата може да помогне во заштитата од сериозни инфекции и да поддржи побезбедно и постабилно здравје.

Во Диаверум, Вистинска грижа не значи само овозможување на дијализни третмани, туку и помагање на пациентите да ги разберат чекорите кои сами можат да ги преземат за да го заштитат своето здравје.
Доколку имате прашање за вакцинација, Вашиот Диаверум здравствен тим е тука да Ви помогне.❤️

Прочитајте повеќе на:
👇👇👇
https://bit.ly/4sRNHal

🏥🌍 По повод Светскиот ден на здравјето, традиционално ја одбележуваме посветеноста и хуманоста на нашите медицински проф...
21/04/2026

🏥🌍 По повод Светскиот ден на здравјето, традиционално ја одбележуваме посветеноста и хуманоста на нашите медицински професионалци преку избор на доктор на годината. Оваа година, ова престижно признание ѝ припадна на д-р Благица Постоловска од Кочани. 👩‍⚕️✨
💙 Оваа награда е силна потврда за нејзината исклучителна посветеност, професионализам и љубов кон медицината, како и за нејзиниот континуиран придонес во грижата за пациентите и поддршката на колегите. Нејзиниот ангажман, емпатија и човечки пристап ја прават вистински пример за тоа што значи да се биде лекар со мисија. 🌟
👏 Д-р Благица не само што секојдневно го унапредува квалитетот на здравствената грижа, туку и активно придонесува во градење на тимски дух, доверба и професионален развој во својата средина. Нејзината работа остава траен белег и инспирација за сите околу неа. 💪
🌱 Ова признание е уште еден доказ дека вистинската грижа започнува од луѓето кои со срце ја работат својата професија. Диаверум останува посветен на препознавање и поддршка на ваквите извонредни поединци, кои секојдневно прават разлика во животите на пациентите.
🎉 Нека оваа награда биде поттик за нови успеси, уште поголеми достигнувања и континуирано унапредување на здравствената грижа!
„Ми претставува чест и огромно задоволство на Светскиот ден на здравјето што ми го доделивте ова признание за доктор на годината 2026. Ова не е само мој успех, туку успех на сите пациенти кои имаа доверба во мене, како и на вработените со кои секојдневно споделуваме знаење, поддршка и разбирање. Благодарност до Диаверум за подарената можност да се грижам за пациентите, што претставува непроценливо богатство, така да сонот е реалност. Медицината не е само професија - таа е повик, одговорност и постојана борба за здравјето и животот на луѓето. Ова признание ми дава дополнителна мотивација да продолжам најсилно во иднина за унапредување и дооформување на моето знаење и кариера. Ви благодарам на сите.“
Изјави д-р Благица Постоловска:🗣️ 🙏

Третиот „ERA Educational Meeting“ успешно се одржа во Сараево, обединувајќи медицински професионалци од регионот и пошир...
16/04/2026

Третиот „ERA Educational Meeting“ успешно се одржа во Сараево, обединувајќи медицински професионалци од регионот и пошироко, со заедничка цел - унапредување на грижата за пациентите со бубрежни заболувања. 🌍🩺
👩‍⚕️👨‍⚕️ Како претставници на Диаверум Македонија, на настанот учествуваа д-р Надица Драскачева, д-р Стефан Илиевски и д-р Марија Мијакова, кои активно ги следеа најновите трендови и практики во областа на нефрологијата.
📚 Во фокусот на состанокот беа клучни теми како современиот третман на хроничната бубрежна болест, оптимизацијата на дијализната терапија и унапредувањето на севкупната грижа за пациентите. Преку стручни предавања и презентации, учесниците имаа можност да ги продлабочат своите знаења и да се запознаат со најновите медицински пристапи. 💡
🔬 Дополнително, беа организирани практични „hands-on“ работилници за ултразвук, кои овозможија директно учење преку искуство, како и интерактивни дискусии што поттикнаа размена на идеи и професионални искуства меѓу учесниците. 🤝
✨ Ваквите настани се од исклучителна важност за континуираниот професионален развој и за унапредување на квалитетот на здравствената грижа, што останува еден од приоритетите на Диаверум.

12/04/2026

🕊️ Христос Воскресе! Во духот на најголемиот христијански празник, ви посакуваме мир, љубов и духовна сила.
💙 Велигден е симбол на победата на животот, верата и надежта, кои нè водат напред во секојдневието.
🌸 Нека овој светол празник ви донесе радост, спокој и инспирација за нови почетоци.
🙏 Да продолжиме да ја негуваме грижата, солидарноста и поддршката кон сите околу нас.
✨ Ви посакуваме Велигден исполнет со здравје, благосостојба и убави моменти со вашите најблиски!

07/04/2026

🏥🩺 Секој човек заслужува пристап до безбедна и животно важна здравствена грижа. Во Диаверум, секојдневно работиме ова да стане реалност, проширувајќи го нашето присуство во региони каде што третманот е најпотребен. ✨ Обезбедуваме врвна грижа за бубрежното здравје во повеќе од 460 клиники во 25 земји низ светот.
Нашата мисија е да ја приближиме здравствената грижа до секој пациент, без разлика на локацијата или околностите.
🧡📍 Веруваме дека достапноста до квалитетна грижа значи нова шанса за подобар и подолг живот. 🌅
🤝 Да се направи грижата достапна значи да се овозможи повеќе луѓе да живеат здрав, достоинствен и исполнет живот. Токму оваа цел нè води и нè мотивира секој ден! 🧡
🍀 Честит Светски ден на здравјето! 🩺✨
🌐 Дознајте повеќе: 🔗 https://www.diaverum.com/en/home/

05/04/2026

✨ Во духот на Велигден, празникот на воскресението и новиот почеток, ви посакуваме мир, радост и надеж во секој дом.
💛 Нека светлината на овој голем ден ви донесе сила да ги надминете предизвиците и верба во подобро утре.
🌿 Велигден нè потсетува на грижата, хуманоста и поддршката што си ја даваме едни на други.
🙏 Во овие празнични денови, да ја негуваме љубовта, заедништвото и благодарноста.
🌟 Среќен Велигден, исполнет со здравје, топлина и благосостојба за вас и вашите најблиски!

💙 Здружението за бубрежно болни НЕФРОН - Здружение на граѓани и оваа година, како и во изминатите, реализираше низа знач...
03/04/2026

💙 Здружението за бубрежно болни НЕФРОН - Здружение на граѓани и оваа година, како и во изминатите, реализираше низа значајни активности по повод Светскиот ден на бубрегот, насочени кон подигање на свесноста и поддршка на пациентите.
🤝 Како нивни долгогодишни партнери, активно се вклучивме во дел од овие иницијативи, придонесувајќи кон заедничката мисија - унапредување на квалитетот на живот на лицата со бубрежни заболувања. Ова партнерство претставува силен пример за тоа како соработката носи вистински резултати.
📍 На 12.03 во Скопје се одржа централното одбележување на Светскиот ден на бубрегот, со присуство на висока владина делегација, директорот на ФЗО, Сашо Клековски, заменик министерот за здравство Јовица Андовски, како и бројни нефролози, лекари, пациенти и нивните семејства. Настанот привлече и медиумско внимание, а конференцијата се одликуваше со отворена, конструктивна и продуктивна дискусија. 🩺🎤
📅 На 29.03 во Штип се одржа годишното собрание на здружението, каде во едукативниот дел значаен придонес имаше нашата д-р Татјана Ќосевска, специјалист интернист. Нејзиното излагање на тема „Предтрансплантациска подготовка“ предизвика голем интерес, отворајќи важни прашања и дискусии меѓу присутните. 📚✨
🌟 Овие настани уште еднаш ја потврдуваат важноста на едукацијата, дијалогот и заедничката акција во грижата за пациентите. Продолжуваме посветено да градиме партнерства кои прават вистинска разлика.
💪 Заедно остануваме посветени, одговорни и фокусирани на подобрување на здравјето и благосостојбата на пациентите.

💙 По повод Светскиот ден на бубрегот, Диаверум организираше низа активности насочени кон нашите пациенти, но и кон пошир...
02/04/2026

💙 По повод Светскиот ден на бубрегот, Диаверум организираше низа активности насочени кон нашите пациенти, но и кон пошироката јавност, со цел подигнување на свеста и унапредување на здравјето во заедницата.
🩺 Во Кочани и Визбегово, нашите колеги реализираа акции за мерење крвен притисок и шеќер во крвта, поставени на достапни локации - трговски центар во Кочани и пазарчето во Бутел, каде голем број граѓани имаа можност да направат основни здравствени проверки.
📚 Во Штип и Струмица, преку соработка со здруженија на пензионери, беа организирани едукативни презентации и мерења на крвен притисок, при што се споделуваа корисни совети за превенција и грижа за здравјето.
👩‍⚕️ Во Гевгелија беа спроведени бесплатни лекарски прегледи, овозможувајќи навремена детекција и советување за пациентите.
🏥 Дополнително, во Железара беа организирани бесплатни прегледи за членови на семејства на пациенти со полицистични бубрези.
💬 Особено внимание привлече и иницијативата „Ѕидот на убави зборови“, каде пациентите и вработените имаа можност да споделат мисли, пораки и искуства поврзани со бубрежните заболувања и третманите.
🤝 Во Скопје, во соработка со хуманитарната организација „Свети Спас“, беа спроведени бесплатни комплетни прегледи за социјално ранливи категории граѓани. Нашите доктори и медицински сестри извршија ехо прегледи, дадоа стручни совети, додека лабораторискиот тим реализираше крвни анализи, овозможувајќи сеопфатна грижа за оваа група.
🌟 Во Куманово, колегите придонесоа со едукативни активности и кратки здравствени прегледи за општинската администрација, дополнително зајакнувајќи ја врската со локалната заедница.
🙏 Реакциите беа исклучително позитивни - граѓаните, пациентите и јавноста изразија голема благодарност за посветеноста, едукацијата и достапноста на здравствените услуги.
👏 Голема благодарност до сите наши колеги кои секоја година несебично се вклучуваат во одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот, покажувајќи што значи вистинска грижа на дело. Заедно правиме вистинска разлика! 💪💙

💙 Диаверум и оваа година активно се вклучи во подигањето на свесноста за бубрежните заболувања, по повод Светскиот ден н...
31/03/2026

💙 Диаверум и оваа година активно се вклучи во подигањето на свесноста за бубрежните заболувања, по повод Светскиот ден на бубрегот, кој традиционално се одбележува секој втор четврток во месец март.
📅 Целиот месец март беше посветен на бројни активности низ сите градови каде што Диаверум ја обезбедува својата грижа, со јасна цел - едукација, превенција и поддршка на заедницата.
🌍✨ Како официјален партнер на World Kidney Day, нашите активности беа препознаени и објавени и на официјалната платформа на ова глобално движење.
📚👩‍⚕️ Преку едукативни предавања, презентации и интерактивни работилници со деца и ученици од основни и средни училишта, се опфатија теми поврзани со здрави навики, хигиена на раце и севкупно здравје, со посебен акцент на бубрежното здравје.
🏫 Активностите се реализираа во повеќе градови и институции: неколку детски градинки во Кочани, градинката„Весели Цветови“ во Кисела Вода, градинката „11 Октомври“ во Радишани, СОУ „Ацо Русковски“ во Берово и СОУ „Богданци“.
👩‍⚕️👨‍⚕️ Во Струмица се одржаа заеднички активности во средните училишта, а додека во Куманово активности беа реализирани во во средното медицинско училиште „Наце Буѓони“
🌱 Дополнително, активности се реализираа и во Крива Паланка, опфаќајќи ја најмладата популација и градејќи здрави навики уште од рана возраст.
✨ Со овие активности, Диаверум уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон превенцијата, едукацијата и вистинската грижа за секој поединец. Заедно создаваме поздрава и поинформирана заедница! 💪💙

Честит Рамазан Бајрам.Празнувајте во мир, здравје и љубов.   #РамазанБајрам
20/03/2026

Честит Рамазан Бајрам.
Празнувајте во мир, здравје и љубов.
#РамазанБајрам

Address

Jadranska Magistrala 100
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 06:30 - 00:30
Tuesday 06:30 - 18:30
Wednesday 06:30 - 00:30
Thursday 06:30 - 18:30
Friday 06:30 - 00:30
Saturday 06:30 - 18:30

Telephone

+38922602220

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Diaverum North Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Diaverum North Macedonia:

Share