24/02/2023
🙏Неколку мои гледишта и рандом факти за Индија:
Луѓето се океј со се што ќе им кажеш и никој нема да ти замери каква религија си, во што веруваш, дали јадеш месо или слично 🥹🫶
🐲 Имаат милион богови и повеќе од 50 религии 🕉
🛖Пред куќите си цртаат интересни шаблони кои се шаренки и нарекуваат раголи.
Поентата на раголите е да привлечат добра енергија и да посакаат добредојде на божицата Lakshmi. Бојата која ја користат за цртежите одбива инсекти.
Често вработуваат луѓе да ги цртаат наместо нив!
Поентата зашто одат боси е да ја задржат чистотата на местото кое им е свето.
Така што супер е одење боса низ супер маркет 😂
🍳Готват на земја, користат исти крпи во кујна и на под, понекогаш користат лажица но оризот мора да го јадат со голи раце.
Нечисто е, преполно е а мирот нема никаде да си го најдеш освен во соба со слушалки и затворени прозорци. GoOod luck 🤞
Ефтино е мал збор. Особено uber-от. За 200 денари можеш да се возиш 18 километри 🚗
Да одите САМО ако не се гадите или за ЈОГА! 🥰
Во спротивно одберете нешто друго 🙏