Jazz up your body and mind

Jazz up your body and mind Едно поинакво гледиште на релација телото и свесноста од страна на нутрицијата и јогата

Рамноденица е еден од двата дена во годината кога ноќтта е еднаква со денот (оттука и терминот „рамноденица“ или еднаква...
23/09/2022

Рамноденица е еден од двата дена во годината кога ноќтта е еднаква со денот (оттука и терминот „рамноденица“ или еднаква ноќ).

Зошто се слави? Според традициите на древниот Египет, Месопотамија и античка Грција, септемвриската рамноденица се поврзува со почетокот на есента - време на жетва и транзиција. Листовите ќе станат темноцрвени и ќе се распаднат. Воздухот ќе се чувствува поостро.

Ритуали во чест на септемвриската рамноденица

Од античко време, луѓето ширум светот ги означувале и мартовските и септемвриските рамноденици како посебни, моќни, па дури и свети со изведување на ритуали што им помогнаа да се усогласат со енергиите на новата сезона.

Поради ова, сакам да Ви предложам неколку идеи како сами да се вклучите во овој момент. Еве шест ритуали кои ќе Ви помогнат да ја почитувате сезонската промена.

1. Бидете во природа - нурнете се во преубаво обоена шума, парк и пешачете вдишувајќи ги боите. Ако имате градина, посветете време на собирање на овошјето или зеленчукот што се подготвени за берење
2. Одвојте момент да уживате во личната „жетва. Уживајте во плодовте на својот труд, на она што сте го твореле, собирале или реализирале до сега. Заблагодарете си и прославете го Вашиот труд и колку далеку сте стигнале
3. Вратете ја рамнотежата во Вашиот дом. Исчистете ги плакарите и фиоките. Подарете или продадете сè што изгледа како дополнителна тежина. Со еднаквите часови на светлина и темнина, оваа рамноденица носи можност за рекалибрирање одвнатре и однадвор
4. Направете енергетско расчистување во домот. Направете ритуално бришење на секоја соба, отстранувајќи ја целата застоеност. Изметете во правец на вратата - потоа излезете низ неа. Испраќањето на заостаната енергија ќе Ви помогне свежи да влезете во новата сезона
5. Украсете го вашиот дом со сезонски мотиви, како што се ореви, јаболка, шишарки, тиква, лисја или било што сезонско
6. Медитирајте или практикувајте ја Вашата јога пракса која помага да Ви се врати менталната рамнотежа

#рамноденица #есенскарамноденица #рамнотежа #ритуали #балансирањеначакри #реики

Здрав леб од леќа со 100% состојки од цели зрна, без масло, јајца, пченично брашно или квасецКомбинација од леќа, овесни...
14/04/2022

Здрав леб од леќа со 100% состојки од цели зрна, без масло, јајца, пченично брашно или квасец

Комбинација од леќа, овесни снегулки, брашно од наут и семки, овој здрав леб е преполн со корисни состојки кои навистина ќе Ве нахранат – во традиционалниот пченичен леб (бел), има околу 3,5 г протеини по парче (40 г) и 4 г во парче од интегрално брашно. За споредба, овој високопротеински леб содржи 10-12 г протеини по парче

⁖леќа: ова скромна мешунка е богата со диетални влакна, протеини, полифеноли (кои се антиоксидантни и антиинфламаторни) и неколку витамини и минерали – железо, магнезиум, калиум и витамини од Б групата, кои се корисни за крвниот притисок, холестеролот и целокупното здравје на срцето

⁖овесни снегулки: богат со диетални влакна, полифеноли и протеини заедно со јаглехидрати, за да Ве засити подолго време. Тука се и бројните витамини, минерали и антиоксиданси – витамини од Б групата, манган, магнезиум, бакар, железо, цинк, фолна киселина.. Комбинацијата е одлична за холестерол, шеќер во крвта, дигестија..

⁖наут: богат со влакна, протеини и хранливи материи. Содржи високи нивоа на фолати и манган, бакар, фосфор, железо и тиамин, потоа полифеноли за да тело се ослободи од штетните слободни радикали. Исто така, многу повеќе заситува од обичното пченично брашно

⁖семки: користев комбинација на семки од тиква и од сончоглед. Можете да користите семе од коноп или јаткасти плодови. Слободно можете да додадете чиа или ленено семе

⁖psyllium husk (индиски тегавец): оваа состојка имитира глутен во пецива без глутен и игра голема улога во растењето на тестото

⁖чување: на собна температура 2-3 дена, во фрижидер 7-10 дена, а во замрзнувач 3-4 месеци

#леќа #наут #протеини #лепче

Оризовата вода е древен метод за нега на коса со долга традиција во Азија. Тоа е магичен еликсир кој може, кога се корис...
05/04/2022

Оризовата вода е древен метод за нега на коса со долга традиција во Азија. Тоа е магичен еликсир кој може, кога се користи правилно, да спречи оштетување и да ја зајакне косата

Кои се придобивките од оризова вода:
჻зајакнува – со затворање на кутикулата, косата ќе ја направи посилна и ќе ја заштити од надворешни влијаниа, како сонце, топлина, загадување и др
჻лесно се отплеткува –таа делува како длабок регенератор и ја прави косата мека и лесна за чешлање и расплетување
჻го зголемува сјајот – со затворање на кутикулата, ја прави косата да изгледа сјајна и неизгорена. Кога кутикулата е отворена, косата изгледа многу нездраво, мртво и суво. Оризовата вода е полна со скроб, за кој се вели дека помага да се зајакне косата за да може да расте подолга и погуста без да се оштети - тоа е и вековно искуство

Како да направите оризова вода:

Постојат неколку начини да направите оризова вода, секој со свои добри и лоши страни. Но, сите имат иста основна состојка: несварен ориз (кафеавиот има најмногу хранливи материи, но и белиот делува одлично)

჻методот на вриење
჻методот со натопување
჻ферментиран метод

Како да ја користите оризовата вода:

჻исшампонирајте ја косата двапати пред да ја додадете оризовата вода
჻измасирајте го скалпот и така ќе ја подобрите циркулацијата на крвта и ќе помогне да се намали првутот
჻оставете да отстои 15 до 20 мин
჻на крај исплакнете ја косата со регенератор

Најчести прашања за оризова вода:

჻каков вид на ориз да користам? – оризовата вода може да се прави и со бел и со кафеав ориз. Кафеавиот ориз има повеќе хранливи материи, но можете да користите секаков вид ориз што го имате при рака

჻што ако не ми се допаѓа мирисот? – можете да додадете неколку капки етерични масла кои се добри за Вашата коса откако водата ќе се олади:

– за оштетена коса: гераниум, лаванда, римска камилица

– за мрсна коса: рузмарин, чајно дрво, лимон

– за сува коса: гераниум, сандаловина, кедар

– за растење на косата: рузмарин, лаванда, босилек, гераниум, ѓумбир

Оризовата вода е фантастичен изум кој нуди одлични резултати и за кожата и за косата. Сепак, мора да се внимава при изборот на сортата на ориз

За повеќе информации, прочитајте на линк во био

DiGize е едно многу моќно масло со брзо дејство! Тоа е едно од првите масла што ме убедија колку се моќни овие мали раст...
01/04/2022

DiGize е едно многу моќно масло со брзо дејство! Тоа е едно од првите масла што ме убедија колку се моќни овие мали растенија во шишенца

Ако се прејадовте и имате болки и надуеност во стомакот... DiGize е спас! Ме потсетува на нешто што би го пиела по вечера во Франција или Италија – Дигестив!!!

DiGize е фантастична мешавина од 8 различни етерични масла, вклучувајќи Peppermint (нане), Lemongrass (маточина), Fennel (коморач), Ginger (ѓумбир), Anise (анасон), Patchouii (пачули), Tarragon (естрагон) и Juniper (смрека). Ова зачинето и егзотично масло содржи цела палета на растенија ценети поради нивната способност да го регулираат варењето

DiGize е корисен за подобрување на дигестивните функции, како што се грчеви, подригнување, надуеност, стомачни тегоби, бавно варење и горушица. Значи DiGize за СЀ, ама баш за СЀ што има врска со желудникот, варењето, цревата итн. Од искуство, испробано и стојам зад тоа масло! Ако не верувате во моќта на маслата, ова масло е првото кое Ве разубеди

Помага и при проблеми со анорексија, гадење при патување лош здив и паразити

Мирисот на маслото DiGize е зачинето, земјено и дрвенесто. На некои можеби не им се допаѓа или им е смрдливо кога за првпат ќе го помирисат

На духовно ниво, тоа ќе им помогне на оние кои се обесхрабрени, разочарани и без надеж. DiGize помага да се ослободат верувањата од минатото кои се чуваат во меридијаните на желудникот и тенкото црево и во прифаќање на информации што тешко се „варат“

Еве неколку практични примени за употреба на DiGize маслото:
჻кога патувате, користете го ова масло наместо пробиотици
჻кога ќе почувствувате симптоми на надуеност или киселина, додадете уште неколку капки нане и измасирајте го стомакот во правец на часовникот
჻DiGize е многу ефикасен во борбата против дигестивна кандидијаза и паразити. Во тој случај, паралелно тријте ги стапалата и пијте до 3 капки дневно растворени во мед
჻ додадете капка DiGize во 1 мл базно масло и нанесете на стомакот за да ги смирите менструалните грчеви
჻за да работите на духовниот план, користете го маслото на сите горенаведени начини, вклучително директно вдишување со свесна намера
჻после бурна ноќ со алкохол, комбинација на DiGize и лимон е спас

Ако Попај Морнарот може да ја добие својата сила од спанаќот, тогаш и Вие ќе ја имате затоа што овој лиснат зеленчук се ...
30/03/2022

Ако Попај Морнарот може да ја добие својата сила од спанаќот, тогаш и Вие ќе ја имате затоа што овој лиснат зеленчук се смета за суперхрана. А причината е поради големиот број на хранливи материи и нискокалоричност

Спанаќот е зелен лиснат зеленчук кој потекнува од Персија. Припаѓа на семејството амаранти и е поврзан со цвеклото и киноата

Некои од моќните здравствени придобивки од спанаќот е тоа што овој зеленчук помага во стабилизирање на нивото на гликоза во крвта, помага во намалување на ризикот од рак, го подобрува оксидативниот стрес, здравјето на очите, крвниот притисок и е добар за здравјето на коските

Спанаќот е зеленчук кој е исклучително богат со хранливи материи. Тој има високи количини на каротеноиди, витамин Ц, витамин К, железо, магнезиум и калциум. Спанаќот има малку јаглехидрати, но богат со нерастворливи влакна. Спанаќот може да се пофали со многу растителни соединенија кои можат да го подобрат здравјето, како што се лутеин, кемпферол, нитрати, кверцетин и зеаксантин

Видовме дека спанаќот се покажал за многу здрав. Сепак, може да предизвика и негативни ефекти кај некои поединци. Луѓето кои се склони кон бубрежни камења треба да избегнуваат спанаќ. Спанаќот со својата зелена боја е многу богат со витамин К, што може да биде проблем за луѓето кои користат лекови за разредување на крвта

Но, која верзија е најздрава – замрзнат или свеж? Варен или сиров? Одговорите на овие „тајни“ за спанаќот може да ги најдете на линкот во био

#спанаќ #киноа #протеини #питиче #суперужина

Сигурно сте ја слушнале изреката: „Тоа си што јадеш“Но, во реалноста, тоа е повеќе како: „Вие сте она што апсорбирате“Мо...
24/03/2022

Сигурно сте ја слушнале изреката: „Тоа си што јадеш“

Но, во реалноста, тоа е повеќе како: „Вие сте она што апсорбирате“

Можеме да се храниме со ултра квалитетни хранливи намирници, но ако не можеме правилно да ја апсорбираме храната, нема ниту да ги почуствуваме сите придобивки. За да бидете сигурни дека ги добивате сите тие вредни хранливи материи од храната што ја јадете, важно е цревата да се во одлична состојба. Подригнување, надуеност, киселина, гасови, брзање за во тоалет или не одење со денови се знаци дека има проблем некаде во дигестивниот систем

Апсорпцијата на хранливи материи вклучува:
↬ обезбедување на правилно функционирање на дигестивниот систем
↬ конзумирање на најбиорасположивите форми на основни макронутриенти
↬ правилно подготвување на храна како житарки, мешунки, зеленчук, јаткасти плодови и семки
↬ вежбање и практикување на свесноста

5 едноставни совети за подобрување на апсорпцијата на хранливи материи од храната:

1. Мудро комбинирајте ја храната – протеините се најважните хранливи материи за која треба да водиме сметка кога комбинираме различни намирници. Вклучете храна богата со протеини во секој оброк за да добиете максимална искористливост

2. Џвакајте ја храната внимателно – кога ја џвакате храната, таа не само што ги активира ензимите присутни во устата, туку тие помагат и во варењето

3. Јадете храна со внимание – уживајте во секој залак што го јадете бидејќи помага во лачењето на дигестивните сокови во желудникот и овозможува да се измеша со внесената храна. Кога сте под стрес, мозокот ослободува хормони на стрес, како што е кортизолот, со што срцето чука побрзо. Стресот го забавува празнењето на желудникот и времето на транзит низ цревата и влијае на варењето, апсорпцијата и метаболизмот на хранливите материи

4. Овошјето се јаде или се пие? – според Journal of Food Science, можете да правите smoothie кој ги задржува влакната од овошјето и зеленчукот заедно со подобрување на апсорпцијата на различни хранливи материи. Сепак, како општо правило, се советува правилно да го џвакате овошјето отколку да пиете сокови

5. Вклучете ензими, пробиотици и пребиотици во исхраната

Живееме под голем стрес, и позитивен и негативен, што понекогаш телото не знае да ја препознае состојбата на релаксација...
23/03/2022

Живееме под голем стрес, и позитивен и негативен, што понекогаш телото не знае да ја препознае состојбата на релаксација и спокој па често ни треба помош за да ги намалиме тензиите и напнатоста

Од нас мајките се очекува да имаме супер моќи и да завршиме милион обврски во текот на денот. Кога почнав да ги користам овие мали моќни шишенца, искрено не верував дека тие ќе бидат секојдневен ритуал во мојот исполнет ден

Кога мирисате нешто, малите нервни завршетоци во носот пренесуваат пораки до мозокот, а делот од мозокот кој го складира мирисот е веднаш до лимбичкиот и меморискиот дел од мозокот. Сè е поврзано! Кога ќе вдишете длабоко или само ќе ја помирисате оваа мешавина, ќе се испратат пораки за длабока релаксација, смиреност и спокојот до мозокот!

Капнете масло на дланка, втријте и вдишете неколку пати длабоко или нанесете го зад увото, над срцето, на клучните коски и зглобовите

Мешавината на ова етерично масло содржи ванила, со нејзиниот еугенол кој е одличен во борба против нервната напнатост, а заедно со уникатната комбинација на лимета, дава привлечна и пријатна арома. Stress Away ја вклучува и Copaiba со грст особини кои ги има; лавандата, со освежувачки и смирувачки мирис; и кедар, кој ја содржи моќната хербална состојка цедрол. Овие состојки се внимателно измешани со егзотичниот мирис на Окотеа, уникатно есенцијално масло од Еквадор

Stress Away помога да ги отпуштите научените и генетските обрасци на ментален, емоционален, духовен и физички стрес. Ќе Ви помогне да ја насочите свесноста за тоа што треба да промените. Запомнете, не можете да промените она за што не сте свесни!

Затоа секој ден по капка-две Stress Away и капка портокал и расположението се подобрува за минутка. Апсолутно совршено! Комбинација со пеперминт во дифузер и веќе сте на море, а со лимон те подига и те буди

Редовно го ставам и во путерот за тело, бидејќи кога неговиот мирис ќе се измеша со путер од какао, се добива таков прекрасен мирис кој потсетува на Јафа кекс

#моќнаприродата #животсополнигради #безгрижи

Која е точната теорија за слабеење?Да ги успоредиме calories in vs. calories out (CI-CO), хормонални проблеми и диети со...
17/03/2022

Која е точната теорија за слабеење?
Да ги успоредиме calories in vs. calories out (CI-CO), хормонални проблеми и диети со „метаболичка предност“

Кога внесувате повеќе енергија отколку што согорувате, добивате тежина. Кога внесувате помалку енергија отколку што согорувате, губите тежина. Ова е фундаментален концепт во регулација на телесната тежина, и е приближно до научен факт.
Но, зошто CI-CO е извор на толку многу несогласувања? Едните викат дека внесувате премногу калории или не се движите доволно, или и двете. А другите дека не се земени предвид хормонските нерамнотежи, отпорноста на инсулин, синдромот на полицистични јајници (PCOS) и други здравствени проблеми кои влијаат на метаболизмот

Ниту една од двете гледишта не е целосно погрешна, но ниту се во право!

CI-CO ги зема предвид само калориите што ги внесувате и калориите што ги согорувате. Но, равенката за енергетска рамнотежа ги вклучува сите сложени внатрешни дејствија во телото, како и надворешните фактори кои на крајот влијаат на ова равенка

[еnergy in] – [еnergy out] = промени во телесните резерви*

*намерно не користев „промена на телесната тежина“ бидејќи сакам да ја исклучам тежината на водата, која може да ја промени ТТ независно од енергетскиот биланс. Со други зборови, водата е збунувачка променлива

Калкулаторите на калории не функционираат баш како што ги замислуваме. Дури и ако сте во можност прецизно да го измерите секој залак што го јадете, сепак нема да имате точен број на калории. Еден од битните фактори е:

Ние не ги апсорбираме сите калории што ги консумираме!

•апсорбираме калории врз основа на нашите индивидуални цревни бактерии
•со квалитетен сон, подобро се регулират хормоните на гладот и се зголемува метаболизмот
•користете ги техниките против стрес, како медитација, длабоко дишење
•зголемете го дневното движење без да вежбате: паркирајте кола малку подалеку, користете ги скалите наместо лифтот и сл
•подобрете го квалитетот на оброците, наместо да намалувате на количината
•промена во макронутриенти, нпр.јадете повеќе протеини и влакна, или зголемете ги јаглехидратите и намалете ги мастите, или обратно
•експериментирајте со зачестеноста и времето на вашите оброци

win-win

Каков е ова ☘St. Patrick's Day☘ ако не се погостиме со класиката – ирскиот сода леб, и тоа во посна варијанта (да ги исп...
17/03/2022

Каков е ова ☘St. Patrick's Day☘ ако не се погостиме со класиката – ирскиот сода леб, и тоа во посна варијанта (да ги испочитуваме и нашите обичаи за овој период)

☘Зошто сода?

Сода бикарбона е, всушност, натриум бикарбонат. Таа е нешто што е долго позната во историјата на храна, бидејки се користела за многу работи – уште од древниот Египет каде што се користела за сушење и зачувување на мртвото тело. Кога се меша со вода, таа е добро средство за чистење и дезинфицира до одреден степен

☘Што прави содата за да нарасне лебот?

Сода бикарбона прави базна средина (висока pH) и кога се меша со кисела, како матеница – сок од лимон, предизвикува создавање на меурчиња, на CO2 и тоа е она што се заглавува во лебот за да нарасне. И топлината предизвикува содата да испушта CO2, но само одреден дел

☘Кој ја откри реакцијата на сода?

Различни култури ги открија многуте употреби на содата. Домородните Американци се заслужни за некои од првите откритија дека постои супстанца што помага да се „квасува лебот“.
Холанѓаните ги открија магичните квалитети за растење кога требаше да го продолжат траењето на брашното. Тие додале супстанца од креда во прав која има слични квалитети на сода бикарбона. Кога додале киселина во мешавината од брашно, како матеница, забележале дека тестото се крева кога се пече

☘Зошто големиот X во лебот со сода?

Постојат различни приказни зад потеклото на крстот во лебот. Легендата вели ако има зли духови тие нема да се заробат во лебот, туку ќе побегнат бидејки се веруваше дека крстот како религиозен симбол ќе ги исплаши сите зли духови. Но, пекарите велат дека тоа е само начин да се направи природно раздвојување, за полесно печење и лесно да откинување на лебот...Мене легендите поубаво ми звучат. А на Вас?

*слободно додадете неколку лажици шеќер во лебот заедно со суво грозје или друго сушено овошје за слатка варијанта

Copaiba е етерично масло со балзамичен мирис кое е богато со бета кариофилен (дури 55%) па мајките го обожаваат – се пре...
15/03/2022

Copaiba е етерично масло со балзамичен мирис кое е богато со бета кариофилен (дури 55%) па мајките го обожаваат – се препорачува кога забите ќе почнат да растат бидејки ја ублажува болката или се користи во креми при пеленски осип. Бета кариофилен му помага на телото да реагира на иритација, било да е тоа физичка, ментална или емоционална. Со овој процент на бета кариофилен, копаиба е едно од растенијата со најсилно антиинфламаторно дејство

Маслото се добива од дрвјата кои се наоѓаат длабоко во срцето на бразилската прашума. Домородците ја користат како чај за да ги смират дигестивните проблеми

Слатка, балсамична арома ментално го подигнува и релаксира умот. На духовен план, таа ќе ни помогне да ги зацелиме емоционалните рани кои повеќе не ни служат, а ја превземавме улогата на жртва и така станавме слаби – таа ќе ни обезбеди духовна заштита. Ни помага да бидеме присутни во сегашниот момент наместо да живееме во минатото или иднината

Помага при болки во мускулите и зглобовите. Го зајакнува имунитетот. Ја поддржува функцијата на бубрезите. Одлична е и за одржување на здрав дигестивен тракт и за сите дигестивни проблеми. Го подобрува ефектот на другите етерични масла

Може директно да се нанесува, да се разреди во кокосово, бадемово или маслиново масло, да се вдишува, да се дифузира. Употреба:

჻ втријте 1-2 капки во болни, воспалени непца
჻ измешајте 1-2 капки со лажица масло и втријте во болните мускули и зглобови
჻ втријте 1 капка во дланките и вдишете кога ќе се чувствувате нервозни или иритирани
჻ неколку капки на топла влажна крпа и ставете на воспалените синуси
჻ измешајте 2 капки Copaiba и 2 капки Purification со топла вода и направете гаргара за болното грло
჻ серум за лице: 5 мл бадемово масло, 2 капки лаванда, 2 капки темјан, 1 капка копаиба – нанесена на кожата, таа е во интеракција со канабиноидните рецептори и го стимулира производството на хормони на среќа!
჻ во дифузер, за мирен сон: 1 капка темјан, 1 капка копаиба, 2 капки портокал – со вискозност речиси како сандалово дрво, ќе почекате неколку минути пред да ги почувствувате нејзините смолести ароми кои ќе создадат пријатна, топла атмосфера, токму за овие студени пролетни вечери

„Постпородилно гушкање“ е онлајн програма со комплетна програма на јога пракса (асани, техники за дишење, медитации, виз...
10/03/2022

„Постпородилно гушкање“ е онлајн програма со комплетна програма на јога пракса (асани, техники за дишење, медитации, визуелизации, музика за опуштање), како и соодветна исхрана за постпородилен период која ќе Ви помогне за побрзо закрепнување во целиот процес на опоравувањето (мени со рецепти, диетни насоки, препораки и примери) предводена од мене – мајка која својата љубов подеднакво ја дели со нутриционизмот и со јогата (дипломиран инженер по прехрана и сертифицирана јога инструкторка со специјализирана обука за пренатална и постнатална јога).

Програмата вклучува модули со видео, аудио и PDF содржина, кои можете да ги поминувате со свое темпо, без да излезете од дома! Оваа програма Ве води низ точните чекори што треба да направите за да имате најдобро можно опоравување и по вагинално породување и по царски рез.

Ова програма не само што ќе Ви даде поголемо разбирање кон телото, туку ќе Ве научи како безбедно да ја вратите силата за да можете повторно да се почувствувате себеси.

~ сеопфатно знаење и практични стратегии за тоа како најдобро да се опоравите по вагинално породување или царски рез
~ запознавање на физиолошките промени што се случуваат во телото по породувањето
~ важноста на вежбите на карличниот под и како правилно да ги активирате внатрешните стомачни мускули
~ како да ја излекувате абдоминалната одвоеност (diastasis recti)
~ како да започнете безбедно да го движите телото по породувањето и побрзо да се вратите на вежбањето
~ нивоа на јога вежби почнувајќи од првата недела по раѓањето до неколку месеци после породувањето
~ важноста на постнаталната исхрана и што треба да јадете за да овозможите најдобро закрепнување

Кликнете на линк во био да ѕирнете какви гушкања Ви припремив 🤗🤗🤗

Ве очекувам со нетрпение 💗

#постнаталнигушкања #постнаталнајога #исхрана #едукација #нега #мајкаибебе

Дали знаете како најточно да ги пресметате макронутриентите што треба да ги внесувате секојдневно?Следете ги овие чекори...
07/03/2022

Дали знаете како најточно да ги пресметате макронутриентите што треба да ги внесувате секојдневно?

Следете ги овие чекори за да полесно да научите

Чекор 1 – пресметајте ги Вашите дневни потреби за калории

Двете најчести равенки се:⁠
• Harris Benedict
• Schofield⁠
Но оваа пресметка е прилично досадна па ќе Ви препорачам користење на онлајн калкулатор како калкулаторот TDEE (запомнете дека ова е само проценка!)

Чекор 2 – одредете го Вашиот процент на јаглехидрати⁠те

помножете ги вкупните дневни калории (пресметани погоре) со Вашиот процент
На пример, ако сакате вкупните јаглехидрати да бидат 65% од дневниот внес
= 2000 калории x 0,65
= 1300 калории дневно ќе потекнуваат од јаглехидратите
= 690/4 = 325 g јаглени хидрати дневно

Чекор 3 – одредете ги Вашите потреби за протеини

Во зависност од Вашите потреби (во зависност дали имате мала или голема физичка активност), тие треба да се движат од 0,75-1,5 g протеини/кг ТТ
На пример, ако тежите 60 кг
= 60 x 1,1 g протеин
= 66 g протеини/ден
Вашите потреби за протеини исто така се менуваат во зависност од тоа дали сакате да изградите повеќе мускули, дали сте бремени или некои други состојби

Чекор 4 – одредете го Вашиот процент на масти⁠

Помножете ги вкупните дневни калории (пресметани погоре) со Вашиот процент
На пример, ако сакате вкупната дневна маснотија да биде 20%
= 2000 калории x 0,20
= 400 калории дневно ќе потекнуваат од мастите
= 690/9 = ~ 44 g масти дневно

Чекор 5 – научете како да ги приготвувате вашите оброци – целите да:

½ од чинијата да биде составена од разнобоен зеленчук што не содржи скроб.
¼ од чинијата да биде составена од посен протеин
¼ од вашата чинија да биде составена од јаглени хидрати
и не заборавајте да додадете некои здрави масти!

Ако Ви треба помош околу составување на план за исхрана, пишете ми во ДМ

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Jazz up your body and mind posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category