25/11/2025
3 месеци и 3 работилници се зад нас! Го завршивме првиот циклус работилници посветен на секојдневните симптоми на силни емоции – пасивна агресија, прокрастинација и прекумерно размислување. Поттикната од вашиот интерес и фидбек за овие групни сесии, одлучив да продолжам со месечните работилници и ги најавувам следните 3 работилници.
Овие работилници ќе ни помогнат да се погрижиме за своето ментално здравје преку активна само- рефлексија (свесност за себе), само- регулација (смирување на нервниот систем) и градење здрави релации со другите (наместо people- pleasing). Еве ги следните 3 теми:
❄️Работилница 1 – 17 декември 2025, 18:00 ч
„Дневникување за подобро ментално здравје“
Како да се грижиме за себе преку само-рефлексија
Првата работилница е посветена на дневникувањето како алатка за саморефлексија – како преку пишување и цртање полесно да ги разбереме своите мисли, чувства и обрасци и да си креираме момент на рутина и контакт со себе во активното секојдневие.
❄️Работилница 2 – 14 јануари 2026, 18:00 ч
„Телото ни зборува – препознавање на раните сигнали на стрес“
Како навреме и свесно да го регулираме телото
Втората работилница ќе нè внесе во говорот на телото – ќе учиме како да ги препознаеме раните сигнали на стрес, напнатоста и потребата за пауза и како можеме да се регулираме преку едноставни телесни вежби.
❄️Работилница 3 – 11 февруари 2026, 18:00 ч
„Помeѓу угодување на другите и грижа за себе“
Како да ја најдеме границата меѓу туѓите и своите потреби
Третата работилница е фокусирана на people pleasing – што се случува кога кажуваме „да“ иако не го чувствуваме, зошто го правиме тоа и како да изградиме побалансиран однос меѓу сопствените потреби и туѓите очекувања.
Следете го линкот за повеќе информации за работилниците и поволностите за рано пријавување за повеќе од една работилница (поволностите важат за пријавување до 12ти декември).
https://senseofself.mk/rabotilnici-obuki/fokus-na-sebe-mesechni-onlajn-rabotilnici-za-svesnost-i-promena/
#стрес #психологскопје #работилница