12/02/2026
Како да препознаете кога возрасен или постар член на семејството има итна потреба од лекар? 🚨
Кај повозрасните лица симптомите понекогаш се тивки, а состојбите можат брзо да се влошат. Затоа е важно да знаеме кога не треба да чекаме.
⚠️ Итна медицинска помош е потребна ако забележите:
🫀 Болка или притисок во градите
Особено ако се шири кон рака, врат или грб можно е да се работи за срцев проблем.
🧠 Нагла конфузија, тешкотии со говор или слабост на една страна од телото
Може да укажува на мозочен удар, па во овие случаи времето е клучно.
😮💨 Отежнато дишење
Чувство на гушење, свирење во градите или забрзано дишење.
🌡 Висока температура со треска и слабост
Кај постари лица може да сигнализира сериозна инфекција.
🤕 Пад со повреда на глава или колк
Дури и ако лицето вели дека е добро, потребни се лекарски преглед и проценка.
💧 Нагла дехидратација или одбивање течности
Особено ако е проследено со замор или намалена свест.
🩸 Ненадејно крварење или силна болка во стомакот.
📉 Нагло влошување на хронична состојба
Дијабетес, срцеви заболувања, висок притисок. Секоја нагла промена во овие случаи бара внимание.
💡 Кај постарите лица симптомите често се атипични, слабост, поспаност или губење апетит може да бидат единствениот знак дека нешто сериозно се случува.
✨ Подобро е да реагирате навреме, отколку да чекате состојбата да се влоши