Мандала - Психолошко катче

Мандала - Психолошко катче Психолошко катче Мандала

Психолошко Катче е за сите Вас кои имате порив за личен раст и развој, потреба за психолошка помош и поддршка, психолошко советување и психотерапија. Човекот се раѓа со природен потенцијал да постигне целовитост, автентичност и извонредност. Низ таа река на животот создаваме и доживуваме животни искуства, се среќаваме со радости, успеси, предизвици и кризи. Животот е таков: со мноштво убавини и си

вила, победи и порази, задоволства и непријатности. И токму низ тие тешкотии, ние всушност можеме да растеме и да ја освојуваме извонредноста.

Низ оваа станица, можете да најдете мноштво теми за кои можете да читате, како и мноштво настани. Настаните се однесуваат на тематски искуствени работилници и психоедукација, каде што дискутираме, се информираме, истражуваме и низ конкретни техники, искуствено разрешуваме конкретни предизвици. Темите за кои ќе читате овде,се однесуваат на типичните психолошки и животни предизвици со кои се соочуваме низ животот. Секој еден од нас е посебна и единствена личност, и поради тоа, секое наше искуство е индивидуално. Притоа, предизвиците со кои се соочуваме, се слични, и поради тоа можете да се препознаете во многу од нив. Се надевам дека читајќи ги темите, ќе добиете идеја, инспирација или поттик да ги разрешувате Вашите предизвици, на нов начин. Целта на текстовите е токму таа: да Ви понуди информации и идеи, базирани на психолошките истражувања и знаења, како и искуството во работа со луѓето на нивниот личен раст и развој.

Се разбира, често пати не умееме и не знаеме како да разрешиме некој наш предизвик или проблем: и тогаш можете да побарате стручна поддршка во форма на индивидуално психолошко советување, семејно советување, психотерапија, работа на себе во група.

Работата на себе е значајна дури и кога немате горлив животен предизвик или проблем: доволно е да сакате да се спознавате себеси, да ја развивате својата свесност, да учите нови животни вештини, се со цел да го збогатите Вашиот живот и да живеете радосно и слобоно.

Низ овие страници, за момент ќе се сретнеме јас и Вие. На таа средба, јас имам задоволство да Ви понудам идеи, информации и стручни знаења. Вие пак, можете да го пронајдете и добиете, токму она што во овој момент Ви е потребно.

05/04/2026

Насилството и кругот на насилство ни се за жал, доста добро познати; на микро, како и на макро ниво.

Насилството е впрочем секаде околу нас, а со тоа и неговите жртви: во реалниот и во виртуелниот свет. Секој насилник има своја жртва, а секоја жртва свој насилник.

Секој од нас поседува агресија во себе: може да повреди, или да биде повреден, физички или психолошки. Тоа се ситуациони искуства, кои можат да се случат секому, во одреден контекст. Но, нема секој од нас да постане насилник или жртва во долготраен взаемен однос.

Позицијата на насилник најчесто е позиција на сила и на гнев кој тој го доживува како оправдан. Позицијата на жртва најчесто е позиција на немоќ, слабост, страв, себеобезвреднување, огромна инертност и надеж дека нешто, само од себе и одеднаш, ќе се промени.

Што кога постои долготраен взаемен однос на насилник и жртва?

Насилникот и жртвата мораат да се соочат и да ја видат целовитоста на својата ситуација. Обајцата гледаат само половично: насилникот гледа само во она што го доживеал како повредувачко и понижувачко, а жртвата гледа во малкуте добри моменти во кои таа се почувствувала значајна и исчекува тоа повторно да го доживее. Обајцата немаат суштинска свесност за сопствената вредност нит зрелост. Жртвата не може лесно да си замине, дури и ако има каде, а насилникот не може лесно да се смири.
Насилникот е важно да ја погледне жртвата и да се соочи со она што го сторил; да почувствува вина и да признае.
Жртвата е важно да се соочи со она што и’ се случило; да земе одговорност за себе и својот живот, да се покрене на акција, особено ако има деца за кои е одговорна.

Обајцата е потребно суштински да работат на себе, како би ги исцелиле овие свои содржини.

P.S. Едни од најпознатите светски ѕвезди биле жртви на насилство. Витни Хјустон и Тина Тарнер.
Едната никогаш не излегла од таа позиција, и покрај својата слава, убавина и талент, за кои никогаш не станала суштински свесна дека ги поседува.
Другата ја паметиме по долгиот, исполнет живот, фасцинантна кариера и тивок, спокоен приватен живот.

08/03/2026

Како да го доживееме овој 8 март во контекст на она кое ни се случува?
Ако застанеме за момент, ќе станеме свесни дека и во рамките на нашата заедница, но и глобално, клучни зборови во овој период се агресија и насилство.
Агресија насочена кон другиот и агресија насочена кон себеси.
Доколку не преземеме одговорност, нештата нема да бидат подобри. За да преземеме одговорност, најпрво треба да почнеме конечно да чувствуваме. Предолго сме исклучени од себеси и од нашата заедница. Изблиците на гнев на социјалните мрежи траат 3 дена, и тоа станува бесмислена агресија. Каде е нашето чувство на вина, на срам, на тага? Дали воопшто застанавме да чувствуваме, а потоа и да мислиме?
Ништо од ова не сторивме после Кочани. Колективната свест остана непоместена од таа трагедија. Мајките останаа сами да плачат.

Способноста на едно општество да ги заштити жените и децата зборува за неговиот цивилизациски развој и свест.
Живееме во организирани заедници, за да заедницата ни понуди поддршка и/или корекција, тогаш кога самите не успеваме да бидеме во добро психофизичко здравје и здрави релации.

Овој празник посакувам секој од нас да почне прво да чувствува во себе, за себе, а потоа и за другиот. Потоа да мисли. А потоа и да делува кон заедницата.

Send a message to learn more

19/11/2025

Во народниот фолклор па и во медиумите, убиствата на жени се претставуваат на еден начин кој е митолошки и погрешен.
Имено, им се доделува еден скоро романтичен контекст:
„Премногу ја сакаше, не знам што му бидна“
“Не можеше да се помири со разделбата“
„Сè правеше за неа, сакаше цел живот да го помине со неа“
„Многу беше добар, многу патеше по неа“
„Изгледа сакаше честа да си ја одбрани“.

Драги пријатели, насилството и убиството никогаш не може да се стават во контекст на љубовта, па тоа да наликува на симпатична шпанска серија со ете, случаен трагичен крај. Многу е погрешно и нездраво да се доживува љубовта низ таква призма.

Да се земе некому живот не е лесен чин, па камоли чин од љубов. Тоа го знаат бројни војници кои страдаат од поструматско стрес растројство после воени мисии во кои им било наредено да убиваат.

Да се земе некому живот, е патолошки чин, во кој хуманиот, човечки дел од личноста се исклучува или гасне. Без нашата човечност, односно свесност и совесност, нема љубов. А нема ни чест. Идејата дека некој убива за да си ја одбрани честа, е банална и невистинита. Оној кој зема некому живот, нема чест.

Send a message to learn more

14/10/2025

„Не по магарето, туку по самарот“

Ми се чини оваа поговорка одлично го отсликува нашиот менталитет. Кога системот не чини по сите нивоа, да удриме јавно по таа една индивидуа, особа, која само ќе ја покаже системската грешка/пропуст/проблем.

Како изгледа тоа во контекстот на социјалните мрежи и комуникацијата на нив? За да зборуваме за општо ментално и системско здравје, мораме да зборуваме за нив.

Фејсбук и др мрежи, овозможија сите ниски, несвесни и полусвесни агресивни пориви во луѓето и во заедницата, да се проектираат под наслови жедни за крв.

Дали сте се запрашале зашто си дозволувате да коментирате за напис/текст/настан, за кој немате доволно јасни информации?
Дали сте се запрашале зашто коментирате со гнев, агресија, навреди, вулгарности за некого кого реално не го познавате?
Дали сте се запрашале зашто коментирате на јавна социјална мрежа со речник кој нема да си го дозволите на работа, на пример, без разлика дали коментирате лично или анонимно?

Фејсбук и слични мрежи одлично генерираат негативни емоции, агресија и проекција, и истовремено ја задржуваат заедницата во состојба на несвесност. Парадоксално нели, толку лесно достапни информации онлајн, а толку голема несвесност во народот и во онлајн комуникацијата.

Ова го разболува народот.
Ова дозволува да бидеме всушност лесно манипулирани.
Социјалните мрежи, т.е. начинот на кој комуницирате на нив под новинарските спектакуларни наслови за "скандали", ве лишуваат од емоционална контрола, свесност и разбирање на случувањата.
Ќе го завршам постот со реченица од Библијата: „Прости им Боже, НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ“.

За нашето здравје, важно е десет пати да се размисли пред да се изрази мислење, став или коментар на социјална мрежа!

Send a message to learn more

Кои се мажите кои го одбраа Ендру Тејт за свој ментор? Кога нечие уверување постанува филозофија со свој јазик, фрази и ...
02/10/2025

Кои се мажите кои го одбраа Ендру Тејт за свој ментор?

Кога нечие уверување постанува филозофија со свој јазик, фрази и кованици како на пример “high value men" и "body count", тогаш таа филозофија добива следбеници и почитувачи.
Млади мажи, во потрага по модел за идентификација и водство во бескрајниов виртуелен свет, го пронаоѓаат Ендру Тејт и тој станува нивен ментор.
Зашто не успеале да најдат ментор во реалниот свет, во мажите кои ги познаваат и со кои живеат, е посебно прашање. Она што е важно, е дека имаат потреба од модел.
Не сите мажи ќе го одберат Тејтовскиот модел, но многу млади мажи, особено во западниот свет, да. Што е карактеристично за тој модел? Неколку карактеристики се следните: Тоа е модел на моќ, претежно стекната низ билдање мускули и лесно стекнување богатства. Тоа е модел на нереална и незаслужена самодоверба, потреба за доминација, а со тоа и барање на беспоговорна послушност. Во односот со жените, овој модел ги објективизира жените, т.е. ги споредува со автомобили. Всушност, се појавува расцепување на сликата за жената: самосвесните жени се демонизирани, а се преферирани оние кои во суштина се многу млади и со тоа незрели: скромни, убави, мили, неискусни, послушни.
Кои се мажите кои го одбираат овој модел? Најчесто се мажи кои биле понижени како момчиња, отфрлени и несигурни. Мажи кои копнеат за признание и уважување, но им се чини трнлив и опасен патот дотаму. За нив, овој модел доаѓа како машки ботокс: вештачки напумпана машкост по едноставна формула.

Она кое недостасува во овој модел, е соочувањето со себе на здрав начин. Недостасува здрава разработка на личните страдања, прифаќање на болката, слабоста и стравовите. Потоа, недостасува развивање емоционални и морални капацитети: пристојност, чесност, трпение, уважување, почит, искреност и храброст.

Искрена препорака за мажите: Ако разговарате со други мажи на тема релации и односи, разговарајте со оние кои го исцелиле во себе доживувањето на жените.
Жени, ако разговарате со други жени, разговарајте со оние кои го исцелиле во себе доживувањето на мажите.
Разговорот ќе биде многу покорисен, пообјективен и помудар, отколку ако разговарате со луѓе кои имаат во себе оптеретено, негативно доживување на спротивниот пол.

30/09/2025

Последниот ден од септември, влегуваме во есен во која ги конзервираме сите богатства во себе, полни со летната енергија која ни ги наполнила батериите; се ослободуваме од она кое веќе не ни служи, и се подготвуваме да мекнееме, но и да учиме.
Одличен момент за денешниот празник, денот на Св. Софија и нејзините ќерки Вера, Нада и Љуба.

Во денешното анксиозно време, време во кое панично се трага по максимална предвидливост и леснотија на живеењето; најважно е да често се потсетуваме дека она кое ни е всушност потребно е само верба, надеж и љубов, сите тие вткаени во/од мудроста на нашето искуство.

Send a message to learn more

23/09/2025

Интернет психотерапијата создаде каша попара од стручниот психолошки речник.
Многумина го злоупотребуваат во своите лични односи како штит или како оружје.
Време е и тоа да го демистифицираме.

https://www.facebook.com/share/p/1Eo9RcTDE6/

19/09/2025

Што е психопатија?
Можеби е време да демистифицираме една општонародно прифатена идеја за психопатијата која не е сосема точна. Народот има најразлични убедувања или претстави за психолошки поими кои не се секогаш точни, затоа одвреме навреме е добро да ги демистифицираме.

Психопатијата, во досегашната наука, не се смета за ментална болест.
Знам, ова звучи шокантно за вас, и повеќето во моментов ќе се налутите/вознемирите кога го читате ова.

Менталните болести се состојби кои доаѓаат на одредена возраст и го попречуваат нормалното функционирање на личноста: афектот е пореметен, мислењето е пореметено, однесувањето е пореметено. Тоа значи дека, зависно од тоа која е состојбата, овие луѓе се збунети, вознемирени, исплашени, дезориентирани, имаат „чудни“ идеи, „чудно“ зборуваат, и тн.
Психопатијата е стабилна. Овие личности функционираат нормално. Со други зборови, нив ништо не ги мачи, они јасно размислуваат, ја разбираат реалноста, не се збунети, одлучуваат смирено, планираат, итн. Тие точно знаат дека тоа што го прават/направиле не е во ред. Ги разбираат правилата, само не им е гајле; совеста не постои.
За да ви ја доловам сликовито разликата, може да се каже дека кога зборуваме за болест, зборуваме за софтверски проблем. Кога зборуваме за психопатија, зборуваме за пореметување на личноста, и тоа е хардверски проблем. Личноста е така склопена, и тоа склопување се случило рано и опстојува низ времето на стабилен начин. Таа личност ретко ќе дојде на психолог/психијатар, освен ако нешто не и' се случи и околностите ја наведат да се најде на столче на пациент. На психолог/психијатар, ќе дојдат нејзините жртви.

Нам ни е важно да точно знаеме што е општествено, социјално прифатливо, да ги препознаваме личностите кои не се вклопуваат во социјалните норми на време.
Исто така, важно е да знаеме и дека општеството го креира не само личносниот софтвер, туку влијае и на хардверот.
Така да, ако сакаме да се справиме со ужасни последици и трагедии, мораме да се бавиме и со целото општество и со општествената патологија.

Send a message to learn more

Некои филозофски, антрополошки размислувања го поврзуваат почетокот на цивилизираниот човек, т.е. на развојот на свеснос...
14/09/2025

Некои филозофски, антрополошки размислувања го поврзуваат почетокот на цивилизираниот човек, т.е. на развојот на свесноста со појавата на совеста и со појавата за грижата за ближниот.

Пред 6 месеци, помислив дека Кочани ќе биде капката која ќе ја прелие чашата (која се полни со години и трагедии веќе), ќе заболи толку многу што ќе се разбуди нашата граѓанска совест и грижа. Не беше така.
Она малку автентична болка и повик за промена беше брзо-брзо задушена и потрупана. Една од најголемите перверзии во човековото психолошко искуство е кога нешто ќе те заболи, а немаш право да кажеш ОФ, бидејќи некој ќе те направи будала или измамник.

Луѓето се долго време во своите психолошки подруми. Не може да се живее во подрум; таму се послушни, но безволни, апатични, депресивни и необработениот гнев го насочуваат навнатре кон себе или кон ближниот. Или пак ќе се дисоцираат, и сред еколошко - здравствена криза, одат на журка и музика!

Власта е патолошка, т.е. психопатска. Тие лажат, манипулираат, заплашуваат или поткупуваат - оние кои треба да воведат ред и да заштитат, стануваат насилниците пред кои не може да се каже ни ОФ. Освен што се криминални бидејќи немаат совест, тие се и незрели и екстремно неспособни. Не ве почитуваат воопшто. За нив, вие сте ништо. Државните интереси за нив се ништо.

И вие го знаете сето ова: редно време е да ја признаете вистината и да видите што со неа.
Или останете во подрумот, во симболичко но и буквално ѓубре околу вас; или ќе се соочите со болната непријатност на вистината и ќе се разбудите. Овде, здравјето и животите на луѓето не се почитуваат и вреднуваат.

На крај, зашто ова писание е на страна на психолошко советувалиште?
Бидејќи психологијата се бави со колективната свест и свесност, и трага по вистината. Целта на психотерапијата е да ги постави нештата на нивното вистинско место, и да ги осветли. Само од таа позиција, може да се движиме. Инаку, ќе се смрзнеме и ќе умреме.

12/09/2025

Што е поважно од здравјето и животот?
Дали „да си жив и здрав“ е само обична, куртоазна честитка за роденден и Нова година, или има суштинска смисла за нас кога го кажуваме/ни го кажуваат?

Капацитетот на еден народ да ја сфати суштинската вредност на ЗДРАВЈЕТО и ЖИВОТОТ и да се бори за истото, ќе го одреди правецот на неговиот развој: еволуција и напредок или регрес, патологија и смрт.

Send a message to learn more

Актуелна мини серија која вистински го привлече вниманието на родителите, но и на младите. Забележувам како повеќето инт...
02/04/2025

Актуелна мини серија која вистински го привлече вниманието на родителите, но и на младите.

Забележувам како повеќето интерпретации на серијата зборуваат за „токсична машкост“. Одеднаш тој термин почна често да се користи, многу работи станаа „токсични“, и тоа не е мал збор. Мислам дека тоа не ни помага, бидејќи станува јасно дека таа терминологија не лекува и не повикува на одговорност и свесност, туку само служи да демонизира. Јазикот е важен, бидејќи јазикот дава значење на нештата и создава доживувања, како што впрочем можеме да видиме и од серијата, каде обични емот-икони добиваат големо значење и праќаат (понижувачки) пораки.
Нема да се согласам дека серијата раскажува за машки проблем. Серијата раскажува за релациски проблем и предизвик.

Навидум, ништо во серијата не ни е непознато ниту ново: несигурност, затвореност, вербална и физичка агресија, збунетост, „кланови“, први симпатии, први одбивања, девијантност кај адолесценти.
Но, сепак сето ова има нова и различна димензија. Она што претходно било мала другарска кавга на голем одмор помеѓу двајца другари која траела 5 минути, сега постанува видео кое се шири на мрежите и се коментира 15 дена во цело училиште и населба.

Интернетот брзо се претвора од виртуелно „корзо“ во трет родител. Медиум во кој се креираат различни наративи кои креираат интензивни доживувања кај збунетиот и често пати ранлив адолесцент за некои најважни прашања: род, сексуалност, релации, идентитет, изглед, вредности итн. Овој трет родител станува доста моќен, авторитетен и влијателен.

Зборуваме многу за емпатија, но се чини дека колку повеќе зборуваме за неа, толку помалку таа е присутна во виртуелново корзо. Тоа е така бидејќи емоционалната поврзаност и разбирање се развива со живо, физичко присуство и контакт. Децата не можат да развиваат емпатија, самодоверба, себеспознание, социјални вештини, вештини за решавање проблеми онлајн, затворени во детската соба со лап топ-от или таблетот.

Повеќето од нас навистина ја почувствувавме болката на родителите на Џејми, маестрално одиграна и прикажана заедно со нивниот очај, збунетост, преиспитување на личната одговорност.
Родителите денес имаат голем предизвик: мораат да научат да ги растат и воспитуваат своите деца во интернет ера и сред динамичен животен стил. Ништо од ова не е лесно и едноставно, немаме формула за ова, бидејќи ни е ново: мораме да ја создадеме заедно.

Address

Јуриј Гагарин 21 1/3
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 20:00
Tuesday 10:00 - 20:00
Wednesday 10:00 - 20:00
Thursday 10:00 - 20:00
Friday 10:00 - 20:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Мандала - Психолошко катче posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Мандала - Психолошко катче:

Share