Здружение Алергико

Здружение Алергико Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Здружение Алергико, Medical and health, Skopje.

Здружени заедно за иднина без алергии
United together for allergy free future

Линк за регистрација 👇Link for registration https://docs.google.com/forms/d/1XNQs4Q4ChOsU816KsSoLxVmKBwCE9rB4V9VU6XZNrsw/edit

📌Алергијата на храна се почесто е присутна помеѓу нашите мали пациенти.📌Нутритивната алергија претставува имунолошка реа...
18/04/2026

📌Алергијата на храна се почесто е присутна помеѓу нашите мали пациенти.
📌Нутритивната алергија претставува имунолошка реакција која може да настапи набрзо или по неколку часа по конзумирање на одреден вид на храна.
📌Симптомите можат да се манифестираат од повеќе системи на организмот како:
✔️кожа- осип и црвенило ✔️респираторен систем- кашлица и гушење
✔️гастроинтестинален систем-чувство на нешто во грлото, хиперсаливација, повраќање, дијареа
✔️кардиоваскуларен систем- намален крвен притисок
✔️анафилакса како најинтензивна и животозагрозувачка реакција
📌Најчести алергени од храна се : млеко, јајца, риба, морски плодови, јаткасти плодови, кикирики, пченица, соја и сусам.
❗Препораките од референтните педијатриски протоколи препорачуваат
рано воведување на алергените во исхраната кај доенчињата и чест секојдневен внес на истите
❗На овој начин ќе се зголеми толерантноста кон алергените и ќе се превенира појава на алергија на храна кај децата


Здружението АЛЕРГИКО ви посакува Среќни Велигденски празници 🙏💫⛪️
12/04/2026

Здружението АЛЕРГИКО ви посакува Среќни Велигденски празници 🙏💫⛪️

🌍7ми Април- Светски ден на здравјетоЗдравјето е најголемо богатство што го имаме. На овој ден се потсетуваме дека грижат...
07/04/2026

🌍7ми Април- Светски ден на здравјето
Здравјето е најголемо богатство што го имаме. На овој ден се потсетуваме дека грижата за себе не е луксуз -туку потреба.
Вложувањето во здравјето денес, значи подобро и поквалитетно утре.🌏

📣Со големо задоволство сакаме да објавиме почеток на едно ново пријателство и соработка со Nacionalno udruženje "Alergij...
31/03/2026

📣Со големо задоволство сакаме да објавиме почеток на едно ново пријателство и соработка со Nacionalno udruženje "Alergija i ja"!
❤️Голема благодарност до Snežana Šundić Vardić - претседател на здружението, кое долги години активно и неуморно работи во интерес на пациентите со алергиски болести на територијата на Република Србија.
#ЗаедноСмеПосилни💪
#ЗаједноСмоЈачи 💪
🤝

📌Викендов во Белград се одржа   Spring meeting на кој присуствуваа врвни експерти од областа на алергологијата со фокус ...
29/03/2026

📌Викендов во Белград се одржа Spring meeting на кој присуствуваа врвни експерти од областа на алергологијата со фокус на глобалните протоколи за превенција, дијагностика и лекување на алергиските болести.
✔️На состанокот беа произнесени предизвиците и недостатоците со кои се соочуваат лекарите и пациентите на Балканските простори, со цел нивно надминување.
✔️На овој состанок беа присутни и претставници од Здружението АЛЕРГИКО, бидејќи континуираната едукација, надградување и меѓусебна соработка се единствениот начин за унапредување на здравјето кај пациентите со алергиски болести.




Др.Бојана Силјановска, специјалист- Оториноларинголог со долгогодишно искуство во областа на педијатриската оториноларин...
21/03/2026

Др.Бојана Силјановска, специјалист- Оториноларинголог со долгогодишно искуство во областа на педијатриската оториноларингологија, ни споделува практични насоки за правилно користење на назалните спрејови при алергиски ринит 🌿🌳🌺


Честит Рамазан Бајрам на сите пациенти и родители со желби за здравје, среќа и радост во нивните домови 🌜🕌🌛
20/03/2026

Честит Рамазан Бајрам на сите пациенти и родители со желби за здравје, среќа и радост во нивните домови 🌜🕌🌛

Благодарност до ELLIA аптеки❤️
15/03/2026

Благодарност до ELLIA аптеки❤️

🌹На светот му требаат повеќе жени кои се осмелуваат да сонуваат, да водат и да менуваат. Продолжете да инспирирате !🌷Сре...
08/03/2026

🌹На светот му требаат повеќе жени кои се осмелуваат да сонуваат, да водат и да менуваат. Продолжете да инспирирате !
🌷Среќен 8 ми Март драги дами во посакува здружението Алергико

🍀Алергискиот ринит претставува состојба која се манифестира со затнат нос, чешање и течење на носот како и често кивање....
06/03/2026

🍀Алергискиот ринит претставува состојба која се манифестира со затнат нос, чешање и течење на носот како и често кивање.
✔️Алергискиот ринит се јавува како резултат на алергиска реакција од имуниот систем при контакт на организмот со полени од дрва и треви, прашина, животински влакна, мувла и др. алергени.
✔️Најчесто е сезонски и се јавува на пролет или есен, но кај голем дел од пациентите симптомите може да се манифестираат преку целата година.
#алергискиринит

Во пресрет на сезоната на полени неколку корисни совети со чие придржување поленската алергија нема да ви биде  непријат...
02/03/2026

Во пресрет на сезоната на полени неколку корисни совети со чие придржување поленската алергија нема да ви биде непријател и ќе уживате во пролетта 🌸🌸🌸:

🌹Пред излегување од дома исчистете го носот со пропишаниот спреј и нанесете ја препорачаната терапија.
🌪️Не излегувајте кога дува силен ветер
🍀Одбегнувајте да шетате кога е свежо косена тревата а ако морате носете маска
🌦️Најбезбедно време за прошетка надвор е откако ќе преврне
🌷 Во сезоната на полени проверувајте навечер
🌻Не ја изнесувајте гардеробата и постелнината надвор
🌸Редовно носете со себе антихистаминици при престој во природа
🩺Терапијата земајте ја онака како што ја препишал вашиот лекар

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение Алергико posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Здружение Алергико:

Share