Ph.D. AnaChuchkova

Ph.D. AnaChuchkova Psychologist
Educational Psychology
Social psychology

Малку поинаква работилница ❤️ КОЛАЖ
21/02/2026

Малку поинаква работилница ❤️ КОЛАЖ

21/02/2026

Ние не сме “една приказна” , ние сме колаж од преживеани вистини ✨
Во 17:30 започнува работилницата “Голема и мала траума “
Се гледаме ❤️
fans

Ана Чучкова е едукатор, автор на детски терапевтски приказни и креатор на психолошки работилници насочени кон личен раст...
06/02/2026

Ана Чучкова е едукатор, автор на детски терапевтски приказни и креатор на психолошки работилници насочени кон личен раст и емоционална свесност. Во својата работа ги спојува психологијата, искуственото учење и креативниот израз, создавајќи безбеден простор во кој луѓето можат да се сретнат со себе, да разберат што носат во себе и да направат чекор кон поавтентичен живот.

✨ Работилница „Колаж“
„Колаж“ е искуствен метод што користи слики, зборови и симболи за да им помогне на учесниците да ги препознаат своите внатрешни состојби, потреби и животни насоки. Преку креативниот процес се отвора простор за нови увидувања, зајакнување на личните ресурси и поврзување со сопствената приказна — без притисок, без „точни“ одговори, туку со љубопитност и прифаќање.

📅 21-ви во 17:30 часот
📍 Сончоглед

Доколку чувствувате повик да застанете за момент, да се слушнете себеси и да составите нов дел од вашиот личен колаж — добредојдени сте.

05/02/2026

“Некои грешки не нѐ учат на вина, туку нѐ потсетуваат дека љубовта знае да биде поблага од правилата.“

Можеш ли да детектираш од каде доаѓа навистина твојот стрес ? Стресот често не се доживува како реакција на еден настан,...
02/02/2026

Можеш ли да детектираш од каде доаѓа навистина твојот стрес ?

Стресот често не се доживува како реакција на еден настан, туку како општа и дифузна состојба на напнатост. Иако лицето е свесно дека е под стрес, изворот често останува нејасен, што придонесува за негово хронично одржување.
На пример, лице може да пријави постојан замор и раздразливост, без да препознае дека примарниот стресор не е обемот на обврските, туку долготрајниот конфликт меѓу личните потреби и надворешните очекувања. Во такви случаи, стресот не произлегува од „преоптовареност“, туку од внатрешна несогласеност. Истражувањата укажуваат дека именувањето и поврзувањето на стресот со конкретен психолошки контекст го намалува субјективното доживување на напнатоста и ја зголемува психолошката контрола
Лоцирањето на изворот на стрес претставува суштински чекор во психолошката саморегулација.
Многу често се потребни неколку сеанси за едно лице да успее да го лоцира , дефинира и посочи примарниот стрес т.е некоја неусогласеност со личните потреби .
Чичко Грос во 2015 рекол “
„Ефективната регулација на емоциите вклучува не само управување со самиот одговор, туку и процесот преку кој се менува значењето на настаните што предизвикуваат стрес.“ - што значи врзувањето меѓу емоционалната регулација и стресот, не треба само да се „потиснува“ или избегнува реакцијата, туку се работи за активно менување на начинот на кој го интерпретираме стресорот.

Книгата можете да ја нарачате дирекно од  книжарницата на International Slavic University • Меѓународен Славјански Униве...
30/01/2026

Книгата можете да ја нарачате дирекно од книжарницата на International Slavic University • Меѓународен Славјански Универзитет. 032610603

28/01/2026

“Лажната грижа

Често луѓето ја мешаат љубовта со грижа, а всушност станува збор за две сосема различни нешта. Љубовта подразбира прифаќање, почит и доверба, додека лажната грижа најчесто произлегува од страв, потреба за контрола или несигурност. Таа се појавува како предупредување, како совет што не е побаран, како корекција на туѓата природа, а се оправдува со реченицата „јас само се грижам“.

Во партнерските односи, лажната грижа често функционира како маска зад која не стои љубов, туку потреба другиот да се обликува според туѓите граници. Наместо да слуша, таа исправува. Наместо да поддржува, ограничува. Наместо да создава простор за раст, создава чувство на вина и сомнеж во сопствените чувства, избори и радост.

Лажната грижа не ја толерира живоста кај другиот. Таа се вознемирува од смеата, од спонтаноста, од слободата. Под изговор дека штити, таа всушност смирува — но не за доброто на врската, туку за да го намали сопствениот внатрешен немир. Таквата грижа сака мир, но мир постигнат преку потиснување на другиот.

Љубовта, пак, не бара да се намалиш за да бидеш прифатен. Таа не те „чува“ од твојата природа, ниту се плаши од твојата сила или радост. Љубовта не коригира постоење — таа го признава. Таа не спасува од животот, туку оди покрај тебе низ него, без да те држи за рака ако не сакаш, и без да те пушти кога ти треба поддршка.

Кога некој навистина сака, неговата грижа не те стега, туку те зајакнува. И токму тука е разликата: љубовта те прави поголем во себе, а лажната грижа — помал.”
#колаж

П.С.
Се уште има место во групата за КОЛАЖ ❤️

22/01/2026

КОЛАЖ – пишување што лечи, а не објаснува
Започнуваме на 21 фебруари во 17:00ч. Скопје
(Групата е ограничена на 10 едуканти)
Колаж не е обично пишување.
Тоа е простор каде што фрагментите од животот конечно смеат да постојат без ред, без оправдување и без „мора“.

Методот Колаж е наративно-психолошка техника што преку кратки текстови, слики, симболи и тишини им помага на луѓето:
• да ги интегрираат своите искуства
• да го слушнат она што долго било замолчено
• да пишуваат без страв од форма, грешка или оценка

Овде не се „поправа“ приказната.
Овде се препознава.

Колаж е за оние што чувствуваат многу,
за оние што преживеале,
за оние што сакаат да се вратат кон себе – тивко, автентично и со почит.

⏰ Погоден за личен развој, терапевтска работа, едукација и креативни процеси.
Не бара писателско искуство – само искреност.
Автор на методот и ментор : проф. Ана Чучкова

“Кога го гледаш доброто во другиот,често не го гледаш него —туку сопствената способност да љубиш, да простуваш, да верув...
18/01/2026

“Кога го гледаш доброто во другиот,
често не го гледаш него —туку сопствената способност да љубиш, да простуваш, да веруваш.
Тоа е убавина и ризик во исто време.
Затоа што доброто што го гледаш не мора секогаш да живее таму каде што си го сместила.
Понекогаш е твое, само одразено.
Но тоа не те прави наивен
Те прави жив.
Со отворено срце во свет што често е затворен.
И кога ќе научиш да го гледаш доброто —
и да не се изгубиш себеси во него —тогаш си цел .
Кога губиш ?
Не.
Не губиш веднаш.
Но ризикуваш.
Затоа што кога го гледаш доброто во другиот и сакаш и тој да го види, ти правиш уште еден чекор повеќе од љубовта — чекор кон одговорност што не е твоја.

Тука се случуваат три можности:
1. Ако другиот е подготвен –
ти не губиш.
Стануваш огледало и сведок. Понекогаш тоа е лековито.
2. Ако другиот не може или не сака да го види –
ти почнуваш да се трошиш.
Не затоа што си згрешилтуку затоа што се обидуваш да носиш туѓо.
3. Ако упорно сакаш да му го „докажеш“ доброто –
тогаш да, губиш нешто од себе.
Тишината, леснотијата, границата.
Клучното прашање не е:
„Дали губам?“
туку:
„Дали останувам со себе додека гледам?“

Љубовта не бара другиот да прогледа.
Таа бара ти да не ослепиш.”
#АЧ
#колаж

ШТО Е „КОЛАЖ““Колаж е авторска, наративно-психолошка метода на пишување која користи фрагменти, симболи и недореченост з...
12/01/2026

ШТО Е „КОЛАЖ“
“Колаж е авторска, наративно-психолошка метода на пишување која користи фрагменти, симболи и недореченост за интеграција на искуства што не можат да се поднесат линеарно. Не се стреми кон целосна приказна, туку кон поднослива вистина.” -Проф. Ана Чучкова
👇 Повелете инфо за работилница ❤️
Работилница: „КОЛАЖ – ПИШУВАЊЕ БЕЗ ОПРАВДУВАЊЕ“
Ве покануваме на работилница по авторско и рефлексивно пишување, наменета за сите кои чувствуваат дека некои искуства не можат да се раскажат линеарно, гласно или до крај.

„Колаж“ е метод на фрагментарно пишување што овозможува изразување без притисок за објаснување, анализа или завршена приказна.

ШТО Е ОВАА РАБОТИЛНИЦА?
Ова не е курс по креативно пишување и не е психотерапија.
Ова е безбеден простор за пишување преку фрагменти, симболи и недоречени реченици, со јасни граници и почит кон личниот ритам.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?
– За луѓе што пишуваат (или сакаат да почнат)
– За оние што чувствуваат внатрешен замор од објаснување
– За психолози, студенти, уметници и сите што сакаат тивка, длабока работа со текст
– Не е потребно претходно искуство

ШТО ЌЕ РАБОТИМЕ?
– Кратки, водени пишувачки вежби
– Работа со симболи и фрагменти
– Пишување без анализа и без толкување
– Споделување само ако учесникот сака

ВАЖНО
Секој учесник има право:
– да застане
– да молчи
– да не чита
– да не објаснува

Работилницата не отвора трауми, туку создава простор за подносливо присуство.

ПРАКТИЧНИ ИНФОРМАЦИИ
Времетраење: 90 минути
Група: мал број учесници

Многу пријателства остануваат исти и кога не сте се виделе 20 години . Но,кај некои се појавуваат “улоги-бариери” Еве ка...
04/01/2026

Многу пријателства остануваат исти и кога не сте се виделе 20 години .
Но,кај некои се појавуваат “улоги-бариери”
Еве како изглда

Најчудно е кога ќе сфатиш дека не сте се оддалечиле затоа што не сте се виделе,
туку затоа што сте станале некој.
Луѓето од спомените не нѐ губат —
ние ги губиме нивните очи со кои некогаш нѐ гледале без тежина
Пред дваесет години немаше бариери.
Сега има улоги.
Не боли тоа што сум се сменила.
Боли што повеќе не можам да бидам обична во нечии сеќавања.
Кога ќе станеш „важна“,
некои луѓе те гледаат од другата страна на себе.
А вожноста што ти ја дават е од личното нивно мерило за важност
Илустрација од
#Детски терапевтски приказми и игри

02/01/2026

Среќата не е да ти е лесно.
Среќата е да си во мир со тоа што си, дури и кога носиш тежина.
Таа доаѓа тивко — кога не се напушташ себеси.
🥂✨🥂✨🥂

Address

Kosturski Heroi 42
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ph.D. AnaChuchkova posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Ph.D. AnaChuchkova:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category