18/10/2025
✨ Женски Јога Ретрит – Будење на внатрешната кралица ✨
📍 Копаоник, хотел Горски
📅 20 – 23 ноември 2025
Драги жени, со љубов ве покануваме на посебен јога ретрит во срцето на планината Копаоник, во прекрасниот хотел Горски – место каде што природата, тишината и женската енергија се спојуваат во едно.
Овие четири дена се посветени на тебе – на твоето тело, дух и душа.
Ќе се движиме со јога, ќе се опуштиме во топлината на спа центарот, ќе се поврземе со други жени и ќе ја разбудиме внатрешната кралица – нежната, мудра и силна енергија која секоја од нас ја носи.
🌿 Во цената од 400 евра е вклучено:
– 3 ноќевања во хотел Горски
– Доручек и вечера
– Секојдневни јога часови и работилници
– Користење на СПА центар
– Женско дружење и трансформативно искуство
🚗 Превоз:
Превозот не е вклучен во цената. Секоја одиме посебно со коли, а ќе се организираме меѓусебно за споделен превоз за поудобно и полесно патување.