25/02/2022
ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД НЕСОНИЦА, СТРЕС, ЖЕЛУДОЧНИ ТЕГОБИ И МНОГУ ПОВЕЌЕ СО ТИНКТУРА ОД ОМИЛЕНАТА БИЛКА НА ПЧЕЛИТЕ МАТОЧИНА (Melissa Officinalis) – Билката расте во близина на кошници со пчели во градините, ливадите и шумите, таа е една од ретките билки кои истовремено се лековити, мирисни, украсни, ароматични, медоносни.
Во народната медицина се цени и се користи уште многу одамна.
Пчелите го обожуваат, па затоа носи име маточина, а го нарекуваат и мелиса, матичник, лимонче, лимунка, пчелина метвица, мачина трева…
Листот од маточина особено се цени поради неговото мирисливо, испарливо етерично масло.
Докажано е дека маточината ја подобрува концентрацијата и поттикнува подобро размислување и побрзо решавање на текстуални и сликовити задачи, содржи танини, поради што листот наоѓа примена како благо и пријатно средство за смирување на дијареја, присуство на горчливи и опорни материи ја објаснуваат употребата на листот од маточина во фукнција на јакнење на организмот.
Направени се повеќе студии за да се испита лековитото дејство на маточината, особено за тоа како делува врз стрес, несоница и напнатост и сите ја потврдиле неговата ефикасност.
Исто така, се смета дека поради антиоксидантите кои ги штитат клетките од оштетувања, маточината им помага на заболените од Алцхајмерова болест.
Маточината е блага, добра и пријатна лековита билка која се препорачува при проблеми во системот на органите за варење (против надуеност на цревата, желудочни тегоби, гадење, повраќање) и поради присуството на танини во неговиот состав, коишто имаат атсрингентно дејство значително помага при дијареа. Маточината е одличен природен лек за јакнење на срцето и нормализација на работата на внатрешните органи, ублажување на ноќните стравови и депресија. Одлична е и за подобрување на расположението.
Францускиот билкар Морис Месеж рекол: „За мене оваа билка е кралица на сите стимулирачки билки. На несреќните љубовџии, нервозните, анксиозните, на оптеретени жени, на оние со многу проблеми им ја советувам оваа волшебна билка која го обновува организмот, ја враќа снагата и радоста во животот.“
Плиниј го препорачувал за лекување на очи, Хилдегард за лекување на депресија, Парацелзиус го нарекол еликсир на животот, а постојат белешки дека и на Шекспир, исто така, му била омилена билка.
Цена на производот:
80мл - 500 денари
200мл - 1000 денари
Цена на достава:
Се движи од 100 до 150 денари (цената за достава ја одредува каргото, а не ние).