НВО Дневен центар Доза Среќа

НВО Дневен центар Доза Среќа Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from НВО Дневен центар Доза Среќа, Disability service, Ljubljanska 4, Skopje.

...велики четврток...традиционално фарбање јајца и лисната погача со лукче и магданос...
10/04/2026

...велики четврток...традиционално фарбање јајца и лисната погача со лукче и магданос...

...се спремаме за големиот празник...
02/04/2026

...се спремаме за големиот празник...

21/03/2026

По повод 21 Март – Меѓународен ден на лицата со Даунов синдром

На 21 Март, Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром – Дневен центар „Доза Среќа“ – Скопје, упатува порака за почитување на човековото достоинство, унапредување на инклузијата и обезбедување еднакви можности за секоја личност.

Овој ден претставува значаен потсетник дека лицата со Даунов синдром се нераскинлив и вреден дел од нашето општество. Тие имаат право на еднаков пристап до образование, здравствена и социјална поддршка, културен живот, спорт, вработување, активно учество во заедницата и целосна општествена видливост.

Како организација која секојдневно работи со деца, млади и лица со попреченост, како и со нивните семејства, остануваме цврсто определени во нашата мисија да создаваме простор за развој, поддршка, прифаќање и вистинска вклученост. Веруваме дека инклузијата не треба да биде само декларативна определба, туку конкретна и жива практика која се препознава во институциите, во училиштата, во културниот и спортскиот живот, во работната средина и во секојдневните односи меѓу луѓето.

На овој ден сакаме јасно да истакнеме дека лицата со Даунов синдром не треба да се гледаат низ призмата на ограничувањата, туку низ нивните потенцијали, таленти, можности и човечки вредности. Секое дете, млад човек и возрасна личност заслужува да биде прифатена, охрабрена и поддржана да се развива, да учи, да се изразува и активно да придонесува во заедницата.

Истовремено, го нагласуваме значењето на семејствата, стручните лица, воспитно-образовните институции, граѓанскиот сектор и целокупната јавност во градењето средина без предрасуди и без бариери. Само преку заедничка одговорност, емпатија и континуирана поддршка можеме да изградиме општество кое ќе биде навистина правично и хумано.

По повод 21 Март, упатуваме повик до сите институции, организации, заедници и граѓани:
да ја препознаат вредноста на секоја личност,
да ги почитуваат различностите,
да ги отстрануваат бариерите,
и да придонесуваат кон создавање општество во кое секој ќе има свое место, свој глас и своја можност.

Различни по нешто, еднакви по вредност.
Еднакви права, еднакви можности, еднакво достоинство.

Со почит,
Здружение за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром
Дневен центар „Доза Среќа“ – Скопје

Во пресрет на 21-ви Март меѓународен ден на лицата со даунов синдром..Благодарност до претседателката Гордана Силјановск...
19/03/2026

Во пресрет на 21-ви Март меѓународен ден на лицата со даунов синдром..
Благодарност до претседателката Гордана Силјановска Давкова за одвоеното време да ги ислуша нашите достигнувања , предизвици. Топлиот прием и подадена рака за поддршка дополнително ни дава мотив да продолжиме со нашата мисија .

Секоја една да биде испочитувана...1000 подароци со 1000 желби за среќа...8-ми Март...Сити мол..
09/03/2026

Секоја една да биде испочитувана...1000 подароци со 1000 желби за среќа...8-ми Март...Сити мол..

8-ми Март...Доза Среќа со поддршка против насилство...подаруваа рачно изработени букетчиња
09/03/2026

8-ми Март...Доза Среќа со поддршка против насилство...подаруваа рачно изработени букетчиња

...последни припреми за денот на нејзиното височество ...ЖЕНА...
06/03/2026

...последни припреми за денот на нејзиното височество ...ЖЕНА...

Address

Ljubljanska 4
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when НВО Дневен центар Доза Среќа posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share