Им помагам на луѓето лесно да излезат од несакана сегашност, страдање и како најбрзо да станат моќни креатори на својот живот, без да губат години за надминување на страдање .
Сето ова преку уникатни методи и знаења кои ми помогнаа и на мене Здраво јас сум Валентина.
Автор, хипнотерапевт, ментор (сопруга, мајка, претприемач, другарка, пријател и поддржувач на генијални идеи)
Кај мене доаѓаат луѓе кои веќе инвестираат во себе со цел да допрат до знаење кое ќе го применат за подобрување на себе и својот живот.
И јас некогаш живеев во страдање, неверувајќи на животот со страв од други луѓе, во гнев, нервози, стрес бидејќи не знаев подобро.
Живот без деца беше едно време мојата судбина, преживеав 2 нервни слома, болест, тешки повреди поради сообраќајна несреќа, клиничка смрт.
Како да се возев во брод без компас, во бури и невреме какви само животот може да ни даде.
Започнав да истражувам уште од моите тинејџерски години за реалноста.
Зошто ми се случува тоа што ми се случува.
Дали е се судбина и предодредено или ние влијаеме врз настаните.
Имав и одредени т.н натприродни искуства во форма на астрална проекција (спонтано излегување на свеста од телото)
И не знаев како да се справам со тоа.
Не смеев ни многу да зборувам за тоа бидејќи моите родители и околината дополнително се вознемируваа.
Секако најсилното искуство блиску смртта направи сериозно да започнам да барам помош, знаење, учења од луѓе кои знаат повеќе.
Но како да бев спречена, се редеа лоши настани и повторно се најдов како во пекол. Особено кога по многу кратко боледување почина мојот татко. Тоа беше како еден вид шок, неверување кој го одведе мојот живот во самотија.
Потоа следеше настан во обратна насока.
Позитивен шок, се оствари мојот сон на мое огромно изненадување. Станав мајка.
Никако не можев да го сфатам животот и сите случувања во него.
Мојата немир, нервоза, анксиозност, панични напади, страв и тага се зголемија, никако не сфаќав од каде доаѓа сето тоа.
Одлучив да барам мудрост. Да барам луѓе кои имале слични проблеми и ги решиле. Тоа ми беше единствениот параметар.
Луѓе кои страдале, паталци кои се справиле со овие предизвици и живеат слободно. Така започна мојата инвестиција во сопствен развој, развивање вештини за пловење низ бури и излез на оаза.
Тоа не е само инвестиција на парични средства. Тоа се безброј вежби, промена на начин на размислување, промена на животни навики.
Во кратки црти, промена на внатрешен идентитет .
Споделување на искуство со другите е тема на која долго размислував.
По долго размислување решив да не го ускратувам моето знаење на луѓе на кои сум им е потребно. И секако не мора да губат години работа за да дојдат до резултат.
Така со годините станав практичар на повеќе методологии за справување со состојби на страдање и имам многу вештини да споделам со луѓето,
Да сфатат и научат дека може да си го средат животот по своја мерка
и да опстојуваат во добро здравје, добри односи со луѓето, добри финансии.
Јас грешев, Ти користи.