07/04/2022
Коренот од куркума (Curcuma longa) кој со векови е состојка на индиското кари, исто така, има и лековити својства.
Денес, во ајурведската (хинду) медицина куркумата се употребува за неколку болести, меѓу другото, како средство за поттикнување на варењето.
Една од нејзинините активни состојки, куркумин, го поттикнува протокот на жолчката, што помага во разградувањето на мастите. Куркуминот е лековито средство и против воспаленијата и затоа ги намалува болките поврзани со артритисот.
Куркумата содржи и испарливо масло што дејствува како надворешно антимикробно средство и ја спречува бактериската инфекција на раните.
Во кинеската традиционална медицина куркумата се опишува како остра, горчлива и топла.
Билката куркума се препознава по сунѓерливите, портокалови корени и жолтите цветови во облик на трубички.
Апсолутно најголем адут на куркумата е куркуминот, растителен пигмент што е заслужен за нејзината специфична боја. Токму заради куркуминот листата од тераписки својства на куркумата е прилично долг. Имено, се покажало дека куркуминот поседува силни противвоспалителни и антиоксидативни својства. Исто така, погодна е и за дијабетичари затоа што има поволно влијание врз регулирањето на нивото на инсулин во крвта, а се покажало дека делува поволно и на кардиоваскуларниот систем намалувајќи го нивото на лошиот холестерол, истовремено зголемувајќи го нивото на добриот холестерол.
На куркумата и се припишува антивирусно, антибактериско, антимикотичко (спречува настанување на мов) и антиканцерогено делување. Исто така, откриено е дека куркумата е добра за црниот дроб бидејќи ја прочистува и ја зголемува нејзината способност за детоксикација.