Hiperbaricna komora - Kislorodni Tretmani Skopje

Hiperbaricna komora - Kislorodni Tretmani Skopje kislorodni tretmani vo Skopje kislorodni tretmani vo baro komora -Skopje

Успешен третман на хронична рана кај дијабетичар по ампутација.На фотографијата е прикажан напредокот кај пациент со хро...
08/05/2026

Успешен третман на хронична рана кај дијабетичар по ампутација.
На фотографијата е прикажан напредокот кај пациент со хронична дијабетична рана на стапалото, по претходно извршена ампутација на мал прст. Првичната состојба беше обележана со длабоки улцерации, изразено воспаление, нарушена циркулација и бавно заздравување, типични карактеристики кај дијабетичари со периферна невропатија и нарушена микроциркулација.
Со текот на третманите се забележува:

- значително намалување на длабочината на раната,
- исчезнување на некротични односно инфицирани сегменти,
- подобрена гранулација на ткивото,
- намалено воспаление и црвенило,
- постепено затворање и епителизација.
Овој прогрес е конзистентен со очекуваниот одговор на ткивото при хипербарична оксигенација на 2.5bar, каде заситеноста со кислород го поттикнува заздравувањето, ја подобрува циркулацијата и ја намалува инфекцијата.
Применет индивидуален HBO протокол:
- 10 третмани
- 90 минути времетраење на 1 третман
- Притисок 2.5bar
- 10 минути компресија
- 10 минути декомпресија

Ова е само еден од примерите како хипербаричната оксигенација третира комплексни дијабетични рани, особено кога е комбинирана со правилна локална нега.
Доколку имате прашања или ви е потребна консултација , нашиот тим е секогаш достапен.
Тел за контакт: 078262566

Улогата на хипербаричната оксигенација во физичката подготовка и третман на спортски повреди.Хипербарична оксигенација Х...
03/04/2026

Улогата на хипербаричната оксигенација во физичката подготовка и третман на спортски повреди.
Хипербарична оксигенација ХБО2Т е поинаков тип на тренинг со кој се постигнува зголемување на физичките перформанси и намалување на интезитетот на спортските повреди.
Третманите се изведуваат континуирано пред и по интензивни физички натпревари, со што се намалува заморот кај спортистите, како резултат на забрзана елиминација на млечната киселина и зголемена продукција и активност на енергетските ензими. Едноставно кажано, се случува енергизирање на организмот и намалување на продуктите на метаболизмот кои предизивкуваат замор и го забавуваат процесот на опоравување. Организмот во услови на интезивна оксигенација го остварува својот максимален потенцијал, кој се манифестира со зголемена сила и повеќе минути активна игра во текот на натпреварот.
Третманите спроведени како примарни или дополнителни тераписки избор во акутната фаза на повредата, го намалува отокот, болката и спречува настанување на инфекција, со што се создаваат услови за побрзо опоравување и враќање на спортистот во активна фаза. Во околината на повредата клетките добиваат зголемена концентрација на кислород, со што се спречува процесот на изумирање и настанување на трајно оштетувања на мускулите, лигаментите и тетивите.
Третманите се изведуваат еднаш или два пати на ден (во зависност од повредата) 5 дена во неделата, со времетраење од 75-90мин. на 2.4-2.5 бари притисок. Зошто е таков протоколот и кои се конкретните бенефити од тој протокол:
1. Драстично зголемување на концентрација на кислород во плазмата.
2. Кислород стигнува и до исхемични (оштетени) регии каде циркулацијата е нарушена. (ова е клучно кај тешки повреди со компромитиран проток)
3. Намалување на едемот преку вазоконстрикција без намалување на кислородната достапност и подобра микроциркулација.
4. Ангиогенеза (создавање на нови крвни садови во микроциркулација) Нешто што е невозможно да се постигне на понизок притисок!
5. Активирање на фибробласти – колаген.
6. Антиинфламаторно дејство.
HBOT е силна алатка во периоди на интензивен тренинг или натпреварувачка сезона, кога телото е под зголемен стрес.

Улогата на хипербаричната оксигенација (HBO2T) кај тинитус и акутна глувост: Како помага, кога и како треба да се корист...
27/03/2026

Улогата на хипербаричната оксигенација (HBO2T) кај тинитус и акутна глувост: Како помага, кога и како треба да се користи, каков е протоколот и основни информации.
Наглото губење на слух или појава на шум (во рок од неколку часа или денови) е состојба што бара итна реакција.
Најдобри резултати се постигнуваат ако терапијата започне во првите 7–14 дена.
Како помага HBO2T?
- Го зголемува кислородот во внатрешното уво
- Ја подобрува микроциркулацијата
- Со зголемување на притисокот на кислород во кохлеата се влијае на сензорните клетки во внатрешното уво. Овие клетки немаат дирекна васкуларна перфузија и нивната оксигенација зависи исклучиво од размена на кислородот по пат на дифузија.
Стандарден протокол:
• Притисок: 2.5 bar
• Времетраење: 90 минути
• 10-20 третмани, 5 пати неделно (понекогаш повеќе)
Најважно во процесот на третирање на тинитус и акутен губиток на слухот е периодот на започнување со третманите. Овие случаеви треба што поскоро да се стават во комора за ефектите да бидат поефикасни,дефинитивни и перманентни. Секое доцнење ја намалува шансата за враќање на слухот и целосно намалување на шумот.
Ограничен ефект кај:
-хроничен тинитус (подолг од 6 месеци)
Ако имате нагло губење на слух или нов тинитус , не чекајте. Раната интервенција прави огромна разлика.
За повеќе информации 078262566

Честопати промените на нашата кожа ги опишуваме на начин со кој го истакнуваме нејзиното значење во физичката компонента...
19/03/2026

Честопати промените на нашата кожа ги опишуваме на начин со кој го истакнуваме нејзиното значење во физичката компонента на убавината. Но, ја согледуваме и поврзaноста на изгледот на кожата со дисбалансот или хармонијата од нашиот организам.
Од аспект на кожата, подобрената оксигенација значи побрза регенерација, подобра микроциркулација и поефикасно создавање на колаген.
Со постигнување на интензивна оксигенација во клетките и елиминација на токсини, кожата станува сјајна и со подобрена текстура. Хипербаричната оксигенација е едноставен и природен начин што го стимулира создавањето на колагенот кој е толку потребен на вашата кожа, давајќи и младешки сјај и еластичност.
Стимулацијата на супероксид дисмутазата, моќен антиоксидантен ензим, го забавува процесот на стареење на клетките на кожата и организмот во целина. Ефектите кои се постигнуваат се долготрајни и се резултат на зголемена експресија на цитопротективни и антиоксиданти гени.
Овие ефекти може да се манифестираат како посвеж изглед, порамномерен тен и подобрена структура на кожата, особено кај кожа со намалена виталност или знаци на стареење.
Хипербаричната оксигенација претставува сериозен научно базиран пристап кој делува на подлабоко, клеточно ниво,нешто што ретко се постигнува со класични anti-aging методи.
Протокол: Во сите истражувања на светско ниво, овие ефекти се постигнуваат со третмани во времетраење 60 до 90 минути, на притисок од околу 2.5 бари, спроведени во континуитет низ неколку недели.

Основи на хипербаричната оксигенација и најважни информации:Хипербаричната оксигенација (HBO2T) е метода при која пациен...
20/02/2026

Основи на хипербаричната оксигенација и најважни информации:
Хипербаричната оксигенација (HBO2T) е метода при која пациентот дише 100% медицински кислород во хипербарична комора, каде притисокот е повисок од нормалниот атмосферски притисок. Оваа комбинација овозможува драматично зголемување на количината на кислород што се раствора во крвната плазма , процес што е невозможен во нормални услови. Во нормални околности, најголемиот дел од кислородот се транспортира преку хемоглобинот. Но во хипербарични услови, кислородот се раствора директно во плазмата, што му овозможува да стигне и до најтешко достапните и хипоксични ткива.
***БЕНЕФИТИ:
1. Зголемена оксигенација на ткивата дури и кога периферната циркулација е компромитирана.
2. Стимулација на ангиогенеза – создавање на нови крвни садови.
3. Намалување на воспалението и подобрување на клеточниот метаболизам.
4. Антибактериски ефект, особено против анаеробни бактерии.
5. Забрзано заздравување на рани, вклучително и дијабетични улкуси.
6. Подобрување на клеточната енергија преку оптимизирање на работата на митохондриите.
7. Cнабдување на клетките со доволно кислород за митохондријална продукција на ATP
8. Длабоко навлегување на кислородот во ткивата под висок притисок.

***ЗОШТО ПРИТИСОКОТ Е КРИТИЧНО ВАЖЕН:
Во најголем број индикации, особено кај хронични рани, воспаленија, дијабетични улкуси и системска хипоксија, стандарден и најчесто потребен притисок е 2.5 БАРИ!
Зошто 2.5 БАРИ?
1.На ова ниво(или “длабина”), растворливоста на кислородот во крвната плазмата драматично се зголемува.
2.Кислородот продира до ниво на митохондрии, каде е најпотребен.
3.Се постигнува антиинфламаторен, антибактериски и регенеративен ефект кој НЕ може да се постигне на понизок притисок.
4.Се создава доволна концентрација на кислород за да се активираат процесите на природна регенерација на ткивата.
Зошто третман на понизок притисок нема ист ефект? Многу едноставно, растворливоста на гасот во течност е правопропорционална со притисокот.

***ВАЖНОСТА НА КОРИСТЕЊЕ 100% МЕДИЦИНСКИ КИСЛОРОД:
Мора да се знае дека вистинска хипербарична оксигенација како метода е можно да се изведе само со 100% медицински кислород! 100% кислород = 100% здравје

***КОНТИНУИТЕТ НА ТРЕТМАНИТЕ :
Еден од најважните елементи на хипербаричната терапија е континуитетот. HBOT не делува како еднократна процедура. Стандардна фрекфенција од 5 дена со 2 дена пауза овозможува:
1. Стабилно ниво на оксигенација.
2. Постојан антиинфламаторен ефект.
3. Континуирана стимулација на ангиогенеза.
4. Постојан притисок врз анаеробни бактерии.
5. Забрзан процес на клеточно заздравување.
6. Продолжено дејство и перманентна промена.
Со континуитетот, експоненцијално се зголемува ефектот од терапијата. Со секој следен третман телото „се надградува“ врз ефектите од претходните, што доведува до значително поизразени резултати по втората и третата недела на континуирана терапија.

Ве измачува нечистиот воздух ?Ситните честички во воздухот лесно продираат во клетките, го нарушуваат нашето здравје и п...
28/12/2025

Ве измачува нечистиот воздух ?
Ситните честички во воздухот лесно продираат во клетките, го нарушуваат нашето здравје и предизвикуваат сериозни проблеми. При недоволна количина на кислород, способноста на организмот да ги зачува и заштити клетките е сериозно нарушена и телото не е во можност ефикасно да ги елиминира токсините.
Изберете едноставен начин како да си помогнете во личната борба против загадениот воздух.

Зголемена концентрација и помнењеХипербаричната оксигенација е најефикасен начин за зголемување на концентрацијата на ки...
13/12/2025

Зголемена концентрација и помнење

Хипербаричната оксигенација е најефикасен начин за зголемување на концентрацијата на кислород во сите телесни течности, со што се надминува недостатокот на кислород во клетките
АНТИСТРЕС
Со зголемување на протокот на крв во мозокот и зголемување на концентрацијата на кислород, значително се подобрува мозочната активност.
Ефектите се евалуираат со психолошки тестови кои покажуваат значително намалување на заморот, анксиозноста и интезитетот на главоболките. Клиентите кои претходно имале поплаки на енергетска исцрпеност и намалена способност за изведување на секојдневните обврски, по спроведените третмани даваат податоци за подобрен сон, зголемена концентрација, помнење и подобрена ефикасност во извршување на работните обврски.Хипербаричната оскигенација се користи во третманот на посттрауматското стресно растројство.

Специјализиран HBO2T-центар - Скопје учество на специјалистички семинар - "Примена на хипербарична оксигенација кај дија...
02/10/2025

Специјализиран HBO2T-центар - Скопје учество на специјалистички семинар - "Примена на хипербарична оксигенација кај дијабетес и хронични рани."
Белград, Септември 2025

Хипербарична оксигенација е ефективна компонента на комплексното третирање на шеќерната болест, не само при доцните компликации туку и во раната фаза на болеста со цел спречување на развојот на компликациите.

Кислород - тоа значи живот.Во нашиот организам кислородот е количински најзастапен хемиски елемент (со > 65%), неопходен...
21/09/2025

Кислород - тоа значи живот.

Во нашиот организам кислородот е количински најзастапен хемиски елемент (со > 65%), неопходен е за живот, клуч е за добро здравје. Сите телесни функции, почнувајќи од мозочните се до елиминаторните, на некој начин се регулирани и од кислородот. Еден од најдобрите начини да се одржува здравјето е постојано и доволно снабдување со кислород на секоја клетка во телото. Како што е голема количината на кислород во организмот, така е голема и од него создадената енергија (90%). Кислородот помага во метаболирањето на храната, оксидирањето (“согорувањето”) на токсините и штетните бактерии, учествува во дишeњето на 75 милијарди клетки во организмот, важен е за клеточната регенерација (обновување).
Хипербаричната оксигенација(ХБО2Т) се препорачува за: сите кои напорно работат (психички и физички), оние кои живеат во загадена околина, пушачи, спортисти т.е. за секого затоа што никој не е поштеден од загадувачкиот ефект на околината.
Хипербаричната кислородна терапија е најефикасен начин за зголемување на концентрацијата на кислород во сите телесни течности. Третманите се изведуваат во хипербарични комори кои обезбедуваат услови познати како суво нуркање, при што се вдишува 100% кислород.Тајната на хипербаричните кислородни третмани е моќната оксигенација и детоксикација од отровите што најмногу му штетат на нашето тело. Промовира релаксација, го стимулира процесот на регенерација на оштетените клетки, го зајакнува имунитетот, ги отстранува токсините и метаболните отпадни продукти и му помага на организмот да се врати во состојба на рамнотежа и благосостојба.

Зголемена концентрација и помнењеХипербаричната оксигенација е најефикасен начин за зголемување на концентрацијата на ки...
03/08/2025

Зголемена концентрација и помнење

Хипербаричната оксигенација е најефикасен начин за зголемување на концентрацијата на кислород во сите телесни течности, со што се надминува недостатокот на кислород во клетките
АНТИСТРЕС
Со зголемување на протокот на крв во мозокот и зголемување на концентрацијата на кислород, значително се подобрува мозочната активност.
Ефектите се евалуираат со психолошки тестови кои покажуваат значително намалување на заморот, анксиозноста и интезитетот на главоболките. Клиентите кои претходно имале поплаки на енергетска исцрпеност и намалена способност за изведување на секојдневните обврски, по спроведените третмани даваат податоци за подобрен сон, зголемена концентрација, помнење и подобрена ефикасност во извршување на работните обврски. Во одредени хипербарични центри во САД, хипербаричната оскигенација се користи во третманот на посттрауматското стресно растројство.

HIPOOKSIJA ??При недоволна количина на кислород, способноста на телото да ги зачува и заштити клетките е сериозно наруше...
23/07/2025

HIPOOKSIJA ??
При недоволна количина на кислород, способноста на телото да ги зачува и заштити клетките е сериозно нарушена и затоа телото не е во можност ефикасно да ги елиминира токсините. Функцијата на недоволна оксигенација на организmot ги поттикнува бактериите, габите, вирусите, микробите и патогените микроорганизми да се развијат и да се прошират. Сите овие штетни агенси, како и токсините, не можат да опстанат во животната средина богата со кислород.

Address

Jane Sandanski Br. 7/1 Lokal 3 Aerodrom
Skopje

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

+38922460029

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Hiperbaricna komora - Kislorodni Tretmani Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Hiperbaricna komora - Kislorodni Tretmani Skopje:

Share