Natasha Spasova - PЕАТ Processor

Natasha Spasova - PЕАТ Processor ПЕАТ - психотерапевтски метод на Живорад М. Славински за отстранување на негативен енергетски набој.

02/03/2023
12/02/2023

Наташа Спасова -дипломиран дефектолог; консултативен психолог; магистeр по социјална работа и политика; терапевт за личен раст и развој; лиценциран ПЕАТ процесор на оваа метода; мајка и сопруга.
Мојата животна приказна и патот по кој чекорам денес cе доказ дека прифаќањето на сопствената целовитост е патот кон полновреден начин на живеење. Знам што значи кога се негираат и кога не се прифаќаат „тешките“ делови од себе и со какви последици се соочуваме кога сме „несвесни“.
Несвесните дејства, стремејќи се да станам поразлична, единствена, препознатлива и призната, видена и оценета па дури и совршена се мое повеќегодишно животно искуство.
Трудот што го вложив за да задоволам нечија волја, да решам се што можам, да помагам за доброто на другите, ме однесе до патот на неутралнaта чувствителност и непрепознатливоста на самата себе си. И кога сите мислеа дека сум позитивна, насмеана, ведра и енергична, тоа стана маска за надворешните “проценувачи”. Ме прифатија затоа што беа добро, затоа што моето време беше нивно време и кога се доведов до ситуација да бидам слаба, тоа беше неприфатливо.
Во тој момент имав две можности: целосно да потонам или да излезам на површина работејќи на себе, ослободувајќи се од старите верувања и механизми, за да поставам нови, сопствени стандарди кои водат до посреќен живот. Сфатив дека не можам да ги променам другите и околината, но можам да се променам себе си.
Во изминатава деценија поминав низ различни програми за личен развој, но целосен пресврт ми се случи по хипнотерапијата (QHHT методата) со Валентина Апостолоска- Ѓоргиеска, која што ми овозможи да спознаам која сум, од каде доаѓам, зошто сум овде, кој е мојот потенцијал и која е мојата животна мисија.
Во мојата понатамошна потрага по смислата на животот, дојдов до сознанието дека некои долгорочни проблеми можат да се решат за многу краток временски период, а чувството за духовен раст ме поттикна да бидам дел од изучувачите на ПЕАТ техниките. Така станав сертифициран ПЕАТ процесор, целосно посветена да им помагам на другите, да го пренесам моето неколкугодишно акумулирано знаење, затоа што знам дека секој има право на слободен живот по сопствени стандарди, бидејќи вистината е една, лична и единствена.
Со методите на ПЕАТ, со кои што работам, се решаваат различни проблеми во краток временски период како што се: анксиозност, панични напади, гнев, опсесивност, тага, физички болки и нарушувања, алергии, но и тешки фобии како што се : страв од летање, страв од затворен простор, страв од јавен настап, страв од смрт, отстранување на најтешките трауми во животот, адикција - зависности, недостаток на самодоверба и самопочит, срамежливост, постојано одложување на обврските и активностите, проблеми со учењето, отпор, агресија, ....
Јас ја користам секоја можност што ми овозможува да ја развијам мојата целовитост и да го подобрам квалитетот на моето живеење.
Ред е и вие тоа да го сторите за вас.

Address

Ulica Tajmishka Br. 10
Skopje
1000

Telephone

+38972212930

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Natasha Spasova - PЕАТ Processor posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Natasha Spasova - PЕАТ Processor:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram