20/06/2025
Во текот на месец април и мај во соработка со ГОБ „8-ми Септември“, беа успешно одржани обуки во рамки на проектот ТРАНСИМЕД – пренесување на знаење преку симулација за основно срцево-белодробно оживување и справување со анафилактичен шок.
На обуките активно учество земаа медицински сестри, техничари, рентген технолози и други здравствени професионалци. Учесниците покажаа исклучително знаење, висок степен на ангажираност и голем интерес за ваков тип на едукативен пристап. Начинот на спроведување преку симулација беше одлично прифатен, а учесниците пројавија ентузијазам и заинтересираност за идни модули и обуки од ваков тип.
Изразуваме голема благодарност до директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Др Синиша Стојановски и главната медицинска сестра Милка Карајановска за довербата што ни ја укажаа и за отворената соработка која продолжува и понатаму. Ваквиот тип на обуки не само што го подигнува квалитетот на здравствените услуги, туку и овозможува практична надградба на знаењето во безбедна средина, што директно придонесува за подобрување на пациентската нега.
Овој успех е доказ за потребата и вредноста на континуираната едукација базирана на симулација, како и за подготвеноста на здравствените работници да вложуваат во сопствениот професионален развој. Веруваме дека ова е само почеток на една плодна и долгорочна соработка која ќе носи бенефит за целиот здравствен систем.
Огромна благодарност на тимот ТРАНСИМЕД !
https://www.transsimed.eu/
https://youtube.com/?si=R5V9iFfS4qE-VzYE