17/02/2023
Синдромот на полицистични јајници (PCOS) е најчеста ендокрина патологија кај жените во репродуктивна возраст ширум светот.
Приближно 10 милиони жени во светот на репродуктивна возраст го имаат овој синдром, околу 6-12% од светската популација. Значи, околу 1 од 10 жени на репродуктивна возраст се погодени од PCOS.
Ова обично се карактеризира со:
➡️аменореа (изостанок на менструација)
➡️хирзутизам (зголемена влакнатост)
➡️дебелина, но не е задолжително
➡️инсулинска резистенција
➡️неплодност
➡️зголемување на големината на јајниците
➡️обично се иницира со зголемување на вредностите на LH, андрогените, естрогените кои соодветно доведуваат до абнормален тек на лачењето на гонадотропин-рилизинг хормонот од страна на хипофизата.
Причината што доведува до појава на синдром на полицистични јајници (PCOS) не е разјаснета!
❌ PCOS не може да се лекува дефинитивно, овој синдром НЕ ИСЧЕЗНУВА, но симптомите предизвикани од него може да се третираат
❌Жените со PCOS се повеќе склони кон:
📌Дијабетес: речиси 50% од жените со PCOS ќе развијат дијабетес или преддијабетес, нетолеранција на гликоза до 40-годишна возраст.
📌Хипертензија: жените со PCOS имаат поголем ризик за развој на покачен крвен притисок во споредба со општата популација.
📌„Лошиот“ холестерол, ЛДЛ холестерол: кај овие жени лошиот холестерол е повисок, а „добриот“ холестерол ХДЛ е помал, со што се зголемува ризикот од тромбоза, срцев удар, мозочен удар.
📌Рак на ендометриумот: ризикот од негова појава кај жени со PCOS е 2-6 пати поголем од општата популација.
Затоа е важно овие жени да водат здрав начин на живот и тоа не само поради неплодност, туку затоа што долгорочно оваа патологија има и други негативни последици.
За повеќе информации и совети закажете го вашиот преглед кај Др. Ламбе Крстески на телефонскиот број 077/688-782
B&M