04/01/2025
ХЕЛИО МЕДИКА 2 го збогатува тимот со М-р по психолошки науки од областа на клиничка и советодавна психологија, Маја Пендароска.
Да и посакаме топло добредојде.
Ги нудиме следните услуги:
• невропсихолошка дијагностика
• когнитивен тренинг и стимулација
За подетални информации контакт Хелио Медика 2 - 075/423-218
_______________________________________________________________________
• Невропсихолошка дијагностика подразбира широк спектар на невропсихолошки тестови со кои што се проценуваат когнитивните способности како што се помнење, внимание, фокус и концентрација, визуоспацијални способности, говорно – јазичен статус, егзекутивни способности и бихејвиорални отстапувања.
• Овој вид на тестирање се спроведува кога се јавуваат симптоми на когнитивна дисфункција поврзана со стекнати заболувања или повреди на мозокот кај благо когнитивно нарушување (БКП), деменција (Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест..), мозочни удари (исхемија/хеморагија), трауматски повреди на мозокот, хируршки интервенции (крварења, мозочни тумори), мултиплекс склероза, епилепсија како и разлики во склоп на физиолошко стареење и деменција.
• Најчести симптоми кои се јавуваат се: проблеми со краткотрајната меморија – често поставување на исти прашања, отежнато помнење на свежи настани, тешкотии при иницирање на разговор, намален фонд на зборови, отежнато именување на предмети, намалено внимание и концентрација, дезориентираност, намалена способност за планирање, започнување на активности и решавање на проблеми, отежнато манипулирање со финансии, промени во расположението, конфузност, социјално повлекување, промени во сонот и апетитот.
• Тестовите и техниките се неинвазивни, а добиените резултати се интерпретираат и се издаваат во писмена форма.
• Со добивање на невропсихолошкиот наод се детектира присуството, етиологијата и степенот на когнитивниот дефицит.
• Доколку вие или членови на вашето семејство се соочувате со некои од горенаведените симптоми важно е да реагирате и да побарате стручна помош.
• Навремената дијагностика помага да се превенира прогресирањето на болеста, се создава можност за когнитивен тренинг и стимулација, а самото тоа овозможува да се подобри квалитетот на самостојно живеење.
_______________________________________________________________________
• Когнитивниот тренинг и когнитивната стимулација се применуваат кај лица со невролошки заболувања или мозочни повреди. КТ е нефармаколошки третман кој се состои од структурирани индивидуално приспособени вежби и активности кои ги стимулираат когнитивните функции (внимание, помнење, ново учење, јазик, извршни функции) и го забавуваат когнитивното пропаѓање. Се применува кај благо когнитивно нарушување, деменција, мозочни удари, повреди на главата, се со цел поефикасно функционирање во секојдневниот живот.