D.med Medical

D.med Medical ПЗУ Специјална болница D.med Medical

ПЗУ Специјална болница D.med Medical
| Нефрологија со дијализа
| Кардиологија
| Гастроентерохепатологија
| Дерматовенерологија
| Биохемиска лабораторија
| Медицина на трудот|
D.med Medical е интернационална здравствена установа која спроведува Германски стандарди и протоколи при дијагностика и лекување во следните дејности:
🟦 висококвалитетни индивидуализирани дијализни третмани во соработка со ФЗОРСМ
🟦 кабинет за нефрологија и хипертензија (дијагностика и преддијализно водење)
🟦 кабинет за гастроентерохепатологија (дијагностика и ендоскопија)
🟦 кабинет за кардиологија (дијагностика со современа апаратура)
🟦 кабинет за дерматовенерологија и естетика
🟦 дневна болница
🟦 медицина на трудот (детални, навремени и прецизни систематски прегледи)
🟦 модерна биохемиска лабораторија во соработка со ФЗОРСМ

Болницата поседува Сертификат за квалитет според стандардот ISO 9001:2015, ICS, IQNET сертификат.

22/03/2026

Здравјето на дигестивниот систем е основа за целокупното здравје.

Во D.med medical обезбедуваме специјалистички прегледи по гастроентерохепатологија, со современа дијагностика и експертски медицински тим.

📞 За информации и закажување термин: +389 76 360 030
📍 D.med Medical - ул. Ѓорче Петров 7, Скопје

Честит Рамазан Бајрам
20/03/2026

Честит Рамазан Бајрам

Eid Mubarak from all of us at D.med Healthcare Group 🌙

Високиот крвен притисок често нема симптоми, но може да остави сериозни последици по срцето, мозокот и бубрезите.Затоа р...
20/03/2026

Високиот крвен притисок често нема симптоми, но може да остави сериозни последици по срцето, мозокот и бубрезите.
Затоа раната детекција е клучна.

Во D.Med medical, под водство на д-р Стевица Томески, специјалист кардиолог, се врши прецизна и неинвазивна проценка на артерискиот притисок како дел од превентивен кардиолошки преглед.

📞 За информации и закажување термин: +389 76 360 030

Пациентите на хемодијализа имаат потреба од континуирана интернистичка грижа и прецизен медицински надзор.д-р Оливера За...
18/03/2026

Пациентите на хемодијализа имаат потреба од континуирана интернистичка грижа и прецизен медицински надзор.

д-р Оливера Зарковска е дел од интернистичкиот тим во D.Med, кој ја следи целокупната здравствена состојба на пациентите, ја прилагодува терапијата и навремено препознава можни компликации, со цел поголема безбедност и стабилност на третманот.

Во D.Med medical, интернистичката поддршка е дел од секојдневната грижа
со посветеност, знаење и човечки пристап.

📞 За информации јавете се на: +389 76 360 030
📍 ул. Ѓорче Петров 7, Скопје

Срцевите заболувања често се развиваат тивко, без јасни симптоми. Затоа раното откривање е клучно за навремена терапија ...
17/03/2026

Срцевите заболувања често се развиваат тивко, без јасни симптоми. Затоа раното откривање е клучно за навремена терапија и спречување на сериозни компликации.

Со редовни кардиолошки прегледи можете:
- да го намалите ризикот од сериозни последици
- да добиете навремена и ефективна терапија
- да го забавите развојот на болеста
- да го зачувате здравјето на вашето срце

Во D.med medical добивате стручна медицинска грижа, современа дијагностика и индивидуален пристап за секој пациент.

📞 Закажете преглед:
+389 76 360 030
+389 2 203 3530

📍 ул. Ѓорче Петров 7, Скопје

13/03/2026

На се потсетуваме дека здравјето на бубрезите оди многу подалеку од самото лекување.

Годинешната тема, „Здравје на бубрезите за сите: Грижа за луѓето, заштита на планетата“, ја истакнува силната поврзаност во нашата група помеѓу медицината, технологијата, развојот, организацијата, луѓето и животната средина.

Иднината на нефрологијата лежи во интеграцијата на раната превенција, напредните медицински технологии и посветените здравствени професионалци, истовремено градејќи одржливи здравствени практики кои ги штитат и пациентите и нашата планета.

Затоа што заштитата на бубрезите, во суштина, значи заштита на животот – денес и за идните генерации.


По повод Светскиот ден на бубрезите, потсетуваме колку е важно да се грижиме за нивното здравје.Вашите бубрези секојднев...
12/03/2026

По повод Светскиот ден на бубрезите, потсетуваме колку е важно да се грижиме за нивното здравје.

Вашите бубрези секојдневно работат за вас - дали се грижите за нив?

Бубрежните заболувања често се развиваат без јасни симптоми, но навремените тестови можат да направат голема разлика.

Доколку имате дијабетес, висок крвен притисок, дебелина или семејна историја на бубрежни заболувања, не одложувајте со проверката.

Едноставни проверки како мерење на крвен притисок, тест на урина и тест за креатинин можат навреме да откријат проблеми.

Грижете се за здравјето на вашите бубрези - закажете преглед навреме.

📞 Информации и закажување: +389 76 360 030

Дали долго време немате направено нефролошки преглед?Редовната нефролошка контрола овозможува навремено откривање на буб...
10/03/2026

Дали долго време немате направено нефролошки преглед?

Редовната нефролошка контрола овозможува навремено откривање на бубрежни заболувања, следење на здравјето на бубрезите и превенција на компликации.

Прегледите ги изведува д-р Елена Бабаљ Бансколиева, специјалист нефролог, со индивидуален пристап и стручна медицинска процена.

📞 Закажете термин: +389 76 360 030

По повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената, D-Med medical упатува искрени честитки на сите жени.Ви посакуваме здравје...
08/03/2026

По повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената, D-Med medical упатува искрени честитки на сите жени.
Ви посакуваме здравје, сила и многу убави моменти. ❤

Ве информираме дека на 21.03.2026 година, во D-Med medical, ќе се одржи кардиолошки преглед со д-р Дејан Ристески, субсп...
05/03/2026

Ве информираме дека на 21.03.2026 година, во D-Med medical, ќе се одржи кардиолошки преглед со д-р Дејан Ристески, субспецијалист кардиолог и аритмолог, кој ќе биде ангажиран како кардиолошки консултант.

Прегледите се наменети за проценка на кардиоваскуларното здравје, навремена дијагностика и следење на нарушувања на срцевиот ритам како и подесување на пејсмејкер на срце.

Со цел навремена организација и обезбедување на термин, потребно е претходно закажување.

📞 Информации и закажување: +389 76 360 030

Кога станува збор за тироидното здравје, прецизноста е најважнаНарушувањата на тироидната жлезда често се развиваат тивк...
28/02/2026

Кога станува збор за тироидното здравје, прецизноста е најважна
Нарушувањата на тироидната жлезда често се развиваат тивко, но имаат големо влијание врз целокупното здравје - енергијата, тежината, срцевиот ритам и хормоналната рамнотежа.

Во D.med medical, клиничката и лабораториската проценка ја спроведува стручен медицински тим, меѓу кои и д-р Јулија Даниловска Саздова, специјалист по интерна медицина, со индивидуален пристап и јасен план за следење и третман на секој пациент.

Раното откривање значи сигурност, контрола и подобар квалитет на живот.

📞 За информации и закажување: +389 76 360 030
📍 ул. Ѓорче Петров 7, Скопје

Address

Ulica Gjorce Petrov Br. 7
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 19:30
Tuesday 07:30 - 19:30
Wednesday 07:30 - 19:30
Thursday 07:30 - 19:30
Friday 07:30 - 19:30
Saturday 07:30 - 19:30

Telephone

+38975210842

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when D.med Medical posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to D.med Medical:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category