Genea Labоratorija - Генеа Лабораторија

Genea Labоratorija - Генеа Лабораторија ✔️ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА
✔️МОЛЕКУЛАРНА ЛАБОРATOРИЈА
✔️ЗАСТАПНИК НА CENTOGENE И SWISS STEM CELL

Како дијагностичка биохемиска лабораторија и партнер на Centogene Германија, со почетоци како дел од Поликлиника Ложанковски, Генеа лабораторија постои веќе 6та година работејќи во служба на обезбедување врвни здравствени услуги во областа на хематолошки, биохемиски, имунолошки и микробиолошки анализи, според врвни сертифицирани стандарди, протоколи и трендови од модерната медицина.

Нашиот главен фокус е здравјето и благосостојбата на нашите пациенти, стремејќи се пациентите да добијат целосна и најдобра услуга на едно место, низ непосреден, професионален и персонализиран пристап.

Инвестираме во врвна опрема и искусен кадар, со цел максимална ефикасност и прецизност во анализите и систем на неколкукратна контрола, со персонализиран пристап и овозможување на максимално задоволство и безбедност.

Во рамки на партнерството со Centogene, лидер на пазарот во генетски испитувања, Генеа овозможува олеснет пристап до целосниот спектар на методи, тегнологии и анализи на човечката генетика.

Како дел од нашите услуги нудиме индивидуални и групни PCR тестирања, со опција за издавање на сертификати за патувања и други намени, водејќи се според светски стандарди и протоколи.

На располагање имаме и мобилен тим кој оперира низ територијата на Скопје и е на повик за спроведување на групни тестирања на барање на нашите клиенти.
Грижата за здравјето на нашите пациенти е на прво место. Кон поздрав свет преку иновативност и креирање на релации на доверба, сигурност и трајни вредности.

Честит Велигден🐣Ви посакуваме топли празнични денови, исполнети со љубов и спокој во домот.Здравјето и среќата  нека бид...
12/04/2026

Честит Велигден🐣
Ви посакуваме топли празнични денови, исполнети со љубов и спокој во домот.
Здравјето и среќата нека бидат ваши постојани придружници🍀

Со почит, ваша Генеа!

📌Известување за работно време❗️За сите информации и консултации, нашиот тим е достапен на ☎️078 26 22 20 и 023 220 505. ...
11/04/2026

📌Известување за работно време❗️
За сите информации и консултации, нашиот тим е достапен на ☎️078 26 22 20 и 023 220 505.
Секогаш во служба на вашето здравје🍀

🌸 Со доаѓањето на пролетта започнува и сезоната на алергии!🤧 Ова е период кога многумина се соочуваат со непријатни симп...
06/04/2026

🌸 Со доаѓањето на пролетта започнува и сезоната на алергии!
🤧 Ова е период кога многумина се соочуваат со непријатни симптоми предизвикани од различни алергени во околината.

🧬 Алергиите претставуваат комплексен имунолошки одговор на организмот – сигнал дека телото реагира на супстанции со кои сме биле во контакт, како полен, прашина, храна или други надворешни фактори.

✔Токму затоа, точната и навремена дијагностика е од клучно значење.
✔Соодветната терапија, заедно со прилагодување на животниот стил и секојдневните навики, може значително да ги намали симптомите и да го подобри квалитетот на живот.

📖 Дознајте повеќе за тоа зошто се јавуваат алергиите, кои типови на алерготестови постојат и кога е најдобро време да се направат.
➡Во Генеа се изведуваат сите видови на имунолошки испитувања со најсовремени методологии и опрема, овозможувајќи брза, сигурна и прецизна дијагноза.
✅Во моментов се актуелни и промотивни цени за испитување по панел (респираторен, педијатриски и нутритивен) во износ од 2.000 денари.

👉 Прочитајте повеќе на https://genea.mk/што-се-алергии-2/

🌿АПРИЛСКИ ПРОМОЦИИ – Пролетта е време за нови почетоци и за грижа за вашето здравје🌿🤧 Алергии + пролет = навистина магич...
02/04/2026

🌿АПРИЛСКИ ПРОМОЦИИ – Пролетта е време за нови почетоци и за грижа за вашето здравје🌿

🤧 Алергии + пролет = навистина магична комбинација и предизвик
Алергијата може да се манифестира со обично солзење, кивање, чешање и осип на кожата, па сè до посериозни заболувања и компликации, како што се астма и други кожни, респираторни и гастроинтестинални заболувања.
Доколку се сомневате на можна алергиска реакција, направете имуно-алерго испитување на 30 различни алергени (респираторен, педијатриски и нутритивен):
✅Промотивна цена на секој панел поединечно: 2.000 ден.

🌸 Анти-Mullerian хормон (AMH) - еден од клучните параметри за проценка на оваријалните резерви и одредување на репродуктивниот потенцијал кај жената, како и за проценка на статусот на менопауза и скрининг за полицистични јајници.
Мерењето на AMH се препорачува и во процесите на вештачко оплодување, за одбирање на најсоодветна терапија.
✔Примерок од крв може да се земе во било кој период од денот, дури и ако пациентката прима хормонална терапија.
✅Испитувањето на AMH месецов е достапно по промотивна цена од 3.200 ден.

🩸Кога станува збор за утврдување на железо-дефицитарна анемија и точните нивоа на железо во организмот, феритинот како крвен протеин е главен параметар и индикатор.
Со проценка на нивоата на феритин, во комбинација со параметрите TIBC, трансферин и B12 во организмот, се дава прецизна слика и точни препораки за лечење.
✅Овој месец достапен е пакет за испитување на анемија, со вклучен трансферин, феритин, TIBC и Б12 по промотивна цена од 2.000 ден.

📞 Повеќе информации и консултации на: 023 220 505 или 078 26 22 20

📢Важно известување за сите наши пациенти, околу процедурата пред земање на примерок за спермограм анализа.✅Здравјето и б...
31/03/2026

📢Важно известување за сите наши пациенти, околу процедурата пред земање на примерок за спермограм анализа.
✅Здравјето и безбедноста се секогаш наш приоритет!

❗ Што ви кажува телото пред да се појави дијабетес?⚠️ Инсулинската резистенција често се развива тивко – без јасни симпт...
23/03/2026

❗ Што ви кажува телото пред да се појави дијабетес?
⚠️ Инсулинската резистенција често се развива тивко – без јасни симптоми, но со сериозни последици ако не се открие навреме.

✅ HOMA-IR индексот е едноставна, но многу прецизна лабораториска метода која го мери односот помеѓу гликозата и инсулинот наутро на гладно.
Овој параметар овозможува рано откривање на нарушен метаболизам, дури и кај лица кои се чувствуваат сосема здраво. Со висока точност, HOMA-IR може да укаже на ризик пред да се појават преддијабетес или дијабетес.

📌 Се препорачува кај:
• лица со зголемена телесна тежина, особено со маснотии во пределот на стомакот;
• лица со фамилијарна историја на дијабетес;
• жени со полицистични јајници (PCOS);
• лица со покачен шеќер или гранични вредности;
• лица со висок крвен притисок или нарушени масти во крвта;
• лица со замастен црн дроб;
• лица со хроничен замор, глад за благо или нагли падови на енергија.

📌 Особено е корисна:
• како скрининг кај навидум здрави лица;
• при планирање на бременост или во тек на бременост;
• кај лица изложени на хроничен стрес и недоволен сон;
• како контрола кај веќе дијагностицирана инсулинска резистенција.

⏰ Кога да се направи?
– наутро, на гладно
– како дел од редовен превентивен преглед
– кога има симптоми што упатуваат на хормонален или метаболен дисбаланс

💡 Инсулинската резистенција може да се контролира – со правилна исхрана, редовна физичка активност, квалитетен сон и намалување на стресот. Раното откривање значи поголема контрола и превенција.

➡️ Овој месец, анализата е достапна по промотивна цена од 900 ден.

Честит Бајрам на сите припадници на исламската вероисповед!Тимот на Генеа ви посакува радост, спокој и убави моменти со ...
20/03/2026

Честит Бајрам на сите припадници на исламската вероисповед!
Тимот на Генеа ви посакува радост, спокој и убави моменти со вашите најблиски, исполнети со благосостојба и заедништво🙏

🧬 Интолеранцијата на храна е состојба кога имунолошкиот систем создава одбранбена реакција во организмот при внес на одр...
16/03/2026

🧬 Интолеранцијата на храна е состојба кога имунолошкиот систем создава одбранбена реакција во организмот при внес на одредени намирници.
❗ Најчести симптоми се болки во абдоменот, грчеви, гадење, повраќање, гастритис, дијареа, но и други нетипични знаци како замор, главоболка, болки во зглобовите, осип на кожата и слично.
❗ Кај луѓето кои страдаат од интолеранција на храна, се попречува целосното варење на храната и доколку не се дијагностицираат и третираат навремено причинителите, истата може да води кон постепено труење на организмот и други полесни или потешки форми на воспаленија,
🧪 Затоа е неопходно да се направат низа тестови за да се добие вистинската дијагноза и навремена терапија.

✅Во Генеа Лабораторија е достапно имунолошко тестирање и панел за испитување на интолеранција на 108 типови на храна, по специјална промотивна цена за месец март од 7.700 ден.
💳 Можност за плаќање на рати, со 0% камата и трошоци.
💯 Лесна, брза и едноставна постапка, при самото доаѓање кај нас во лабораторија.
📞 Повеќе информации и консултации на 023 22 05 05 и 078 26 22 20.

❗Инсулинската резистенција не почнува со дијабетес. Почнува тивко.🔬 HOMA-IR (Homeostatic Model Assessment for Insulin Re...
12/03/2026

❗Инсулинската резистенција не почнува со дијабетес. Почнува тивко.
🔬 HOMA-IR (Homeostatic Model Assessment for Insulin Resistance) е лабораториска метода за откривање на рана инсулинска резистенција преку односот на гликоза и инсулин наутро на гладно.

⚠️ Висок HOMA-IR значи:
• Поголем ризик од преддијабетес и дијабетес;
• 5x поголем ризик од метаболен синдром;
• 70% поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања.

📌Ова испитување се користи и како скрининг за замастен црн дроб, хормонални нарушувања и метаболни промени.
📌Драстично зголемување на ХОМА-ИР индексот за време на бременоста е знак за гестатиционен дијабетес .
✔ Навременото тестирање значи навремена превенција.

✅ HOMA-IR анализата овој месец е достапна по промотивна цена од 900 денари.
☎Повеќе информации и консултации: 023 220 505 или 078 26 22 20.

🌸На меѓународниот ден на жената, упатуваме искрена честитка до сите жени и им оддаваме признание за нивната сила, знаење...
08/03/2026

🌸На меѓународниот ден на жената, упатуваме искрена честитка до сите жени и им оддаваме признание за нивната сила, знаење и секојдневен придонес во секоја општествена сфера.

🤝Создавањето средина во која нивниот глас се слуша, нивната работа се вреднува, а нивната безбедност е приоритет, е одговорност на сите нас.
💯Веруваме дека вистинското зајакнување започнува со почит, еднакви можности и средина во која гласот на секоја жена се слуша.

🎀ДЕНОВИ НА ПОПУСТИ 🌸Во пресрет на 8ми Март, Генеа лабораторија на сите припаднички на понежниот пол кои ќе дојдат во лаб...
05/03/2026

🎀ДЕНОВИ НА ПОПУСТИ

🌸Во пресрет на 8ми Март, Генеа лабораторија на сите припаднички на понежниот пол кои ќе дојдат во лабораторија, им овозможува 20% попуст на сите лабораториски услуги и анализи.

📅 Промоцијата е активна од 06.03. до 09.03.
➡Дополнителен попуст не се пресметува на постоечките пакети, како и за матичните клетки и пренатални тестови.

📞 За повеќе информации ви стоиме на располагање на
078 262 220 и 02 3220 505.
🌐 Ценовникот на сите наши услуги е достапен на www.genea.mk.

🌍 Светски ден на дебелината – 4. мартДебелината не е избор – таа е хронична и комплексна состојба што значително го згол...
04/03/2026

🌍 Светски ден на дебелината – 4. март
Дебелината не е избор – таа е хронична и комплексна состојба што значително го зголемува ризикот од сериозни здравствени проблеми, како што се тип 2 дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, како и одредени типови на канцер. Според Светската здравствена организација, повеќе од 1 милијарда луѓе во светот живеат со дебелина.

⚖️ Што е важно да разбереме?
Дебелината не е прашање на „волја“ или „карактер“.
Таа е резултат на повеќе фактори – генетика, хормонален баланс, начин на живот, стрес и животни околности.

✔️ Затоа наместо стигма, потребни се поддршка, информираност и стручен пристап;
✔️ Редовни здравствени контроли;
✔️ Следење на шеќер, липиден статус и крвен притисок;
✔️ Постепени и одржливи промени во навиките;
✔️ Редовна физичка активност.

❎Стигмата и осудата НЕ помагаат.
✅Раната дијагностика, поддршката и стручниот пристап – помагаат.
#ЗдравјеБезСтигма #Превенција #ГрижаЗаСебе

Address

MK, Mito Hadzivasilev Jasmin Street 43
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 20:00
Tuesday 07:30 - 20:00
Wednesday 07:30 - 20:00
Thursday 07:30 - 20:00
Friday 07:30 - 20:00
Saturday 07:30 - 13:30

Telephone

+38978262220

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Genea Labоratorija - Генеа Лабораторија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Genea Labоratorija - Генеа Лабораторија:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category

За Нас

ЛАБОРАТОРИЈА ГЕНЕА е производ на долгогодишно искуство во лабораториската практика, потребите на пациентите и докторите, визијата да поставиме нов пример за стандардите на квалитет и доверба се со цел да ја донесеме лабораториската медицина поблиску до точната и навремена дијагностика. Довербата што ни ја даваат пациентите проткаена со нашата немилосрдна посветеност нѐ насочуваат континуирано да ги развиваме хематолошките, биохемиските и имунолошките анализи, но и да се развиеме во уште едно ново поле – молекуларното тестирање. Живееме во уникатно време каде иднината е денес, затоа и генетските тестирања ги доближуваме поблиску преку светски познатата генетска компанија CENTOGENE (www.centogene.com).