Vivid - Ekspresivna Art Terapija

Vivid - Ekspresivna Art Terapija Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Vivid - Ekspresivna Art Terapija, Psychologist, Ulica Antonie Grubishikj 2, Skopje.

Студио за психологија и експресивни уметности основано од Ана Тодоровска, психолог, советник и практичар на експресивна арт терапија. 🎨 Индивидуални и групни средби, онлајн или во центарот на Скопје, населба Дебар Маало.

Вдиши, издиши и остави четката да раскаже приказна.Среда - ден за сосредоточување ☕️На оваа средба не учиме техника, тук...
21/04/2026

Вдиши, издиши и остави четката да раскаже приказна.
Среда - ден за сосредоточување ☕️

На оваа средба не учиме техника, туку присуство со себе - да се чуеме. Некаде меѓу мирисот на кафето и патот на четката, искуството добива форма. Со едноставен природен материјал – кафе – истражуваме што се појавува кога му дозволуваме на моментот да нè води. Од апстрактните облици на кафето ќе се роди приказна што чека да биде раскажана.

🎨 29 април | 18.00 - 20.00
📍 Вивид студио, Дебар Маало
👣 Не е потребно претходно искуство со цртање или сликање
🤎 Учество: 600 денари за членови / 750 денари за останати учесници

Пријави во порака.

Детали од денешниот хаос 🫟
19/04/2026

Детали од денешниот хаос 🫟

На втората средба "Небулози" црпевме инспирација од егзистенцијализмот и теоријата на апсурдот, па се родија песни, раск...
18/04/2026

На втората средба "Небулози" црпевме инспирација од егзистенцијализмот и теоријата на апсурдот, па се родија песни, раскази, колажи, алтернативни реалности... збор по збор - смисла.
Експресивното пишување како алатка за менување перспективи, празнење на умот, подобар контакт со себе, па и живеење три животи одеднаш! 🧚

Слој по слој... создаваме бесмисла. Особено ако сакаш да живееш под конец, страв ти е да згрешиш, сите алишта ти се испр...
15/04/2026

Слој по слој... создаваме бесмисла.
Особено ако сакаш да живееш под конец, страв ти е да згрешиш, сите алишта ти се испрани, имаш високи стандарди за себе и задачите на списокот ти се штиклирани, добредојде!

Тука „убавото“ не е цел. Оваа работилница е дозвола за несовршеност, неред, слобода, спонтаност, да се пуштиш во слободно истражување. Не очекуваме да направиш добро дело, напротив, што погрдо - тоа подобро!

Работиме со повеќе слоеви и различни материјали, а низ секој слој одново ќе се сретнуваме со себе. Работилницата ја води Ана Тодоровска, психолог и практичар на експресивна арт терапија.

🍭 Котизација: 900 денари (сите материјали се вклучени)
🍭 Локација: населба Дебар Маало, Скопје
📩 Пријава во порака.

Оваа сабота го истражувавме чувството на внатрешна пролет преку движење, слика, текст 🌷 Секоја сезона носи своја енергиј...
05/04/2026

Оваа сабота го истражувавме чувството на внатрешна пролет преку движење, слика, текст 🌷 Секоја сезона носи своја енергија и предизвици, а пролетта ја носи темата на раст и обнова.

Благодарност до за просторот и поддршката за настанот да се реализира.

Влегуваме во четвртиот месец од оваа година, со пролетна енергија, раздвижување и динамични работилници 🧚 Најава за прва...
30/03/2026

Влегуваме во четвртиот месец од оваа година, со пролетна енергија, раздвижување и динамични работилници 🧚 Најава за првата половина на април:

🔸 Внатрешна пролет: интермодална работилница
Што во мене е подготвено да расцути?

Работилница инспирирана од циклусите во природата, премин кон пролетта и обнова во природата. Преку водено движење, работа со бои, метафори и зборови ќе ја следиме внатрешната виталност - ќе истражуваме каде чувствуваме живот, што нè храни и што сакаме во нас да расте во наредниот период.
Пријава и детали: https://forms.gle/4AJ5UcmYYfMkHAzo6

🔸 „Небулози“ е 8 неделна програма за личен развој со експресивно пишување и одмотување на мислите во комбинација со други модалитети на израз (фотографија, цртање, сликање и сл.). Програмата предвидува вкупно 30 часа групна работа во комбинација со самостојни задачи и е наменета за возрасни лица. Имаме уште некое место, рокот за пријава е 1 април.
Пријава и детали: https://forms.gle/U58HRekRR6e7htWV6

🔸 Водена имагинација: Водената имагинација е повеќе од техника за релаксација, таа е простор да се слушнеме себеси преку слика и активација на сите сетила, да си дадеме можност за артикулација на внатрешното искуство на начин кој можеби не можеме да го опишеме со зборови. Патуваме на заеднички места, простори, можни и невозможни. Пријава во порака.

🔸 Хаос: работилница каде што ништо не е под конец, дозвола за грда уметност, дојди и направи неред. Тука „убавото“ не е цел. Ова е простор за ослободување од перфекционизам, за експериментирање без правила и за дозволување на спонтаното да излезе на површина. Ќе работиме со различни материјали и со сласт ќе правиме грешки. Пријава во порака.

Последен повик за овој брод! Останува уште некое место, рокот за пријава е 01.04.2026! 👇 https://forms.gle/MvT5t237F9hG3...
30/03/2026

Последен повик за овој брод! Останува уште некое место, рокот за пријава е 01.04.2026! 👇 https://forms.gle/MvT5t237F9hG3WHK8

🔸 Одврзуваме мисли преку смисла и бесмисла, пишан збор, слика, игра
🔸 Работиме во саботи, од 12.00 до 15.00 часот
🔸 Пишуваме за јасност, свесност и поддршка во мала група

Работилниците ги води Ана Тодоровска, лиценциран психолог и практичар на експресивна арт терапија со повеќегодишно искуство во работа со групи и психосоцијална поддршка, авторка на содржините и програмите на Вивид студио за психологија и експресивни уметности, авторка на стихозбирката „Антисвет“ (2025).

27/03/2026

Повик 📢 Отворам неколку места за работа со клиенти во рамки на супервизиски процес по принципи на Експресивна арт терапија, во рамки на мојата едукација во Египет.

Сесиите се одвиваат под редовна супервизија, што значи дека договорениот број средби ќе биде документиран и вашите дела ќе бидат споделени со супервизор, а вашиот идентитет ќе остане анонимен.

🫶 Доколку размислуваш за работа на тема која ти е важна, ова може да биде простор за тоа.

Индивидуалните средби под супервизија се со пониска цена - 1000 ден / средба, материјалите и просторот за работа ги обезбедувам јас.

Ако си заинтересиран/а, пиши ми порака 💜

25/03/2026

Која приказна си ја кажуваш себеси за својот живот?
✍️ Пишуваме за јасност, слободен израз и ментална хигиена!

Руминација е кога постојано ги вртиш истите (негативни) мисли во глава, без да дојдеш до решение. Кога ќе ги извадиме мислите од главата на хартија, го прекинуваме циклусот на вртење во круг во циклично и прекумерно размислување и стекнуваме нова перспектива!

✍️ Со помош на експресивното пишување, материјализираме светови од имагинацијата, даваме простор за можното и невозможното, а со тоа одново го истражуваме својот личен наратив.

8 средби | 8 можности за нова перспектива
🔗 Добредојде: https://forms.gle/Z6q2To1WNjvoiChCA
💌 или пиши порака за да го резервираш своето место во групата

Прекумерно размислување, лична рефлексија, животна транзиција, емоционална збунетост, умствена магла или креативна потра...
23/03/2026

Прекумерно размислување, лична рефлексија, животна транзиција, емоционална збунетост, умствена магла или креативна потрага - резонираат со тебе? Добредојде! 🪁

„Небулози“ е простор за кога нешто во тебе се движи, а сè уште нема форма. Преку пишување, ќе му дадеме јазик на внатрешниот свет. 8 неделна програма за личен развој преку експресивно пишување – за повеќе јасност, свесност и креативност во живеењето.

Пријавата за четвртата група е во тек!
Резервирај место во порака или на: https://forms.gle/3dT43Ft2Y6aVKQDr6

Се среќаваме на:
✍️ 5,18 и 25 април / 9,16 и 23 мај / 6 и 13 јуни
✍️ Од 12.00 до 15.00 часот
✍️ Мала група од 4 до 6 лица
✍️ Населба Дебар Маало, Скопје
✍️ Котизација: 1000 денари од средба со вклучени материјали

Работилниците ги води Ана Тодоровска, лиценциран психолог и практичар на експресивна арт терапија со повеќегодишно искуство во работа со групи и психосоцијална поддршка, авторка на содржините и програмите на Вивид студио за психологија и експресивни уметности, авторка на стихозбирката „Антисвет“ (2025).

Детали од денешното сликање со кафе ☕🤎✨
18/03/2026

Детали од денешното сликање со кафе ☕🤎✨

Address

Ulica Antonie Grubishikj 2
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Vivid - Ekspresivna Art Terapija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Vivid - Ekspresivna Art Terapija:

Share

Category