27/11/2025
✨ Започнува Божиќниот пост ✨
Период кога многумина избираат да се хранат поедноставно, почисто и со повеќе внимание кон себе.
Постот не значи лишување – напротив.
Тоа е можност телото да се одмори од преработена храна, да внесеме повеќе растителни влакна, витамини и минерали, и да додадеме балансирани, топли и вкусни оброци во секој ден.
✔️ Мешунки и житарки за енергија
✔️ Зеленчук во сите бои за имунитет
✔️ Семки, јатки и добри масти за ситост и хормонален баланс
✔️ Риба во деновите кога е дозволена
Најголеми предизвици кај многумина?
– Преголема количина леб и пржена храна
– Недоволно протеини, па доаѓа слабост и глад навечер
– Небалансирани оброци без план
Ако сакаш постот оваа година да ти биде здрав, вкусен и лесен за следење, одбери:
📌 Персонализирана 15-дневна или 30-дневна програма за пост
📌 Мени прилагодено за добро здравје и совршен дневен ритам
📌 Има и солени и слатки опции, без еднолични јадења
Пиши ми во инбокс ако сакаш да добиеш програма – ќе биде подготвена според твоите потреби и дневни рутини.