Yoga Life

Yoga Life Нека јогата стане дел од Вашиот живот!

08/03/2026

Денес, по повод Денот на жената, одржавме инспиративен јога час исполнет со мир, енергија и женска сила.
Во природа, со здив и движење, создадовме простор за поврзување со себе, со телото и со нашата внатрешна мудрост.
Благодарност до сите прекрасни жени кои беа дел од овој момент – вашата енергија, насмевка и присуство ја направија атмосферата навистина магична!
Кога жените се поврзуваат – се создава простор на поддршка, свесност и вистинска моќ.

Нека оваа енергија на баланс, љубов и внатрешна сила ве следи секој ден.
Честит Ден на жената!!! 🪷🧘‍♀️🪷

Денес, по повод Денот на жената, одржавме инспиративен јога час исполнет со мир, енергија и женска сила.Во природа, со з...
08/03/2026

Денес, по повод Денот на жената, одржавме инспиративен јога час исполнет со мир, енергија и женска сила.
Во природа, со здив и движење, создадовме простор за поврзување со себе, со телото и со нашата внатрешна мудрост.
Благодарност до сите прекрасни жени кои беа дел од овој момент – вашата енергија, насмевка и присуство ја направија атмосферата навистина магична!
Кога жените се поврзуваат – се создава простор на поддршка, свесност и вистинска моќ.

Нека оваа енергија на баланс, љубов и внатрешна сила ве следи секој ден.
Честит Ден на жената!!! 🪷🧘‍♀️🪷

Драги наши Јогиски Цветови,на овој ден посветен на женската моќ и влијание, Ви изразуваме восхит, почит и благодарност!С...
08/03/2026

Драги наши Јогиски Цветови,
на овој ден посветен на женската моќ и влијание, Ви изразуваме восхит, почит и благодарност!
Сакаме да Ве потсетиме колку сте битни и колку Вашата женска енергија го збогатува и оплеменува светот.
Вашето грациозно тело е земја на мудрост, Вашиот ум е океан на неизмерна снага, а Вашата душа сјае со боженствена убавина, љубов и чистота.
Дозволете Вашата интуиција и внатрешна мудрост да бидат Ваши водичи, додека се приближувате кон нови висини!

Со Вашата Јога-пракса, го отворате срцето и го прифаќте светот. Врската со Вашето вистинско "јас", станува извор на хармонија и инспирација за сите оние кои Ве опкружуваат.
Вашата волја да израснете и да процветате како лотосов цвет во животот е вистински величествен приказ на женската моќ и магија.
Вашето постоење е прекрасен подарок за светот и не заборавајте дека Вие сте креаторки на сопствената судбина!

Честит Интернационален ден на Жената, секогаш блескајте како ѕвезда во небесната висина со Вашата уникатност!

Со неизмерна љубов и почит, Вашето Јога Студио YOGA LIFE, Namaste !!!
🌹🍀❤🌼🌷⚘🌹❤🧘‍♀️🧘‍♂️🙏❤🌹

🌸ПОДАРЕТЕ СИ МОМЕНТ ЗА СЕБЕ  8- ми МАРТ ВО ПРИРОДА🌸Овој Ден на жената нека биде поинаков.Не со брзање.Не со обврски.Туку...
07/03/2026

🌸ПОДАРЕТЕ СИ МОМЕНТ ЗА СЕБЕ
8- ми МАРТ ВО ПРИРОДА🌸

Овој Ден на жената нека биде поинаков.
Не со брзање.
Не со обврски.
Туку со здив, движење и внатрешна тишина.

Ве покануваме на ✨ БЕСПЛАТЕН ЈОГА ЧАС ВО ПРИРОДА со Yoga Life✨ посветен на женската сила, и стабилност.

Под отворено небо ќе практикуваме:
🌿 Нежен Vinyasa flow да го разбудиме телото со грациозност и сила
🌿 Pranayama техники за смирување и балансирање на умот
🌿 Асани за отворање на срцевиот центар – љубов, прифаќање, самодоверба и ослободување од напнатост
🌿 Водена релаксација и момент на благодарност кон себе

Ова не е само јога час.
Ова е ритуал на поврзување.
Со природата.
Со други жени.
Со себе.

🗓 8 -ми Март
🕘 11,00 часот
📍 Парк Александар Стојчев (Позади Мајчин дом)
🎟 Учество: Бесплатно

Часот е наменет за сите жени – без разлика на искуството.
Понесете подлога, удобна облека и отворете се за ново искуство.
А, потоа заедничко јога кафе/пијалок во околните кафучиња
🌺 Овој 8-ми Март – наместо да очекувате подарок од другите, подарете си го најважниот подарок: време за себе.

Местата се ограничени.
Пријавете се и подарете си 8-ми Март што ќе го паметите. 🧘‍♀️🌿🧘🏻‍♀️

Кога те прашуваат за што сонуваш… а не е симпатија, не се пари, не е одмор, туку како конечно да ја совладаш таа „невозм...
02/03/2026

Кога те прашуваат за што сонуваш… а не е симпатија, не се пари, не е одмор, туку како конечно да ја совладаш таа „невозможна“ асана во 3 часот наутро – во твојата глава.

Ако твоите соништа изгледаат како цел јога час, добредојде во клубот. 🧘‍♀️
Некои луѓе бројат овци. Ние го броиме здивот.

Означи го оној пријател што буквално сонува во „куче со главата надолу“.

МАРТОВСКИ УПИСИ !!!🧘‍♀️ 🙏🧘Јога студио "YOGA LIFE" - нас.Аеродром бул."Ј.Сандански" бр.3/1-1 (пред Вучко) 🍀🌼🌺🌼🍀 💥БЕСПЛАТЕ...
02/03/2026

МАРТОВСКИ УПИСИ !!!
🧘‍♀️ 🙏🧘Јога студио "YOGA LIFE" - нас.Аеродром бул."Ј.Сандански" бр.3/1-1 (пред Вучко) 🍀🌼🌺🌼🍀

💥БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ЧАС

ПОЧЕТНА ГРУПА
🔸понеделник и среда - 21,00

СРЕДНА ГРУПА
🔸️ понеделник и среда - 19, 15
🔸️ вторник и четврток - 19, 15
🔸вторник и четврток - 21,00
🔹️ ️индивидуални часови по договор

072/ 221 - 192
072/318 - 884
Уписите се во тек, местата веќе се пополнуваат !

🍀 ЈОГАТА е практика на лекување и исцелување, зајакнување, смирување и охрабрување, која нуди по нешто за секого, без разлика на возраста и полот, обликот на телото или нивото на физичка активност. Уживајте во тоа да се чувствувате силно и здраво на Вашиот пат кон среќен живот!
🍀Направете ја најдобрата инвестиција и инвестирајте во Вашето психо-физичко здравје!!!
🌿🧘‍♂️❤💫❤🧘‍♀️🍀

ЉУБОВНА ФРЕКВЕНЦИЈА- ВИБРАЦИЈА*Секогаш кога плачете или напишете што чувствувате, или искажете некому, Вашата енергија с...
22/02/2026

ЉУБОВНА ФРЕКВЕНЦИЈА- ВИБРАЦИЈА
*Секогаш кога плачете или напишете што чувствувате, или искажете некому, Вашата енергија се прочистува и вибрациите се зголемуваат.
*Секогаш кога се насмевнувате, пеете или танцувате, уживајќи во животот, Вашата енергија се прочистува и вибрациите се зголемуваат.
*Секогаш кога го правите она што го сакате, вежбате и го движите Вашето тело, Вашата енергија се прочистува и вибрациите се зголемуваат.
*Секогаш кога барате прошка, простете и заблагодарете се од Вашето срце, Вашата енергија се прочистува и вибрациите се зголемуваат.
❤Кога се почитувате и искрено се сакате себеси и другите, освен што ја прочистувате Вашата енергија и ги подигате Вашите вибрации и помагате и на нашата прекрасна планета Земја да вибрира на најголемата фреквенција, а тоа е Љубовта.
🍀Зајакнете се со храброст и работете на себе, бидејќи најважната работа во вашиот живот сте ВИЕ !!!
НАПРАВЕТЕ ГО ОВА И КАЖЕТЕ СИ НА СЕБЕСИ И НА ОСТАНАТИТЕ:
"Многу ми е жал! Си простувам себеси! Ви простувам! Прости ми! Се сакам себеси! Ве сакам! Благодарна сум! "
🙏 Моќта на простувањето е во Вас !

Според науката и духовната моќ на AUM (ॐ) — не е само звук, туку вашето целосно постоење!1️⃣ Повеќето луѓе пеат AUM… Мал...
13/02/2026

Според науката и духовната моќ на AUM (ॐ) — не е само звук, туку вашето целосно постоење!

1️⃣ Повеќето луѓе пеат AUM… Малкумина го разбираат.
AUM не е само мантра. Се верува дека тоа е звукот на самиот универзум — вибрацијата од која започнало сè.

Што се случува во вашето тело кога пеете AUM?

2️⃣ AUM е составен од три звуци:
👉 A
👉 U
👉 M

Секој од нив претставува состојба на свесност и резонира во различни делови од телото.
Тука духовноста се среќава со внатрешната наука.

3️⃣ 🔴 „A“ – Будна состојба
• Вибрацијата започнува од стомакот и карлицата
• Поврзано со заземјување, стабилност и физичка свесност
• Ја претставува вашата интеракција со материјалниот свет

Кога пеете „A“…
се поврзувате со своето надворешно постоење.

4️⃣ 🟠 „U“ – Состојба на сонување
• Резонира во градите и грлото
• Поврзано со емоции, имагинација и суптилни чувства
• Ги претставува вашите внатрешни мисли и потсвеста

Тука се будат креативноста и интуицијата.

5️⃣ 🔵 „M“ – Состојба на длабок сон
• Вибрира во главата и темето
• Поврзано со тишина, мир и чиста свесност
• Ја претставува состојбата надвор од мислите и егото

Тука започнува вистинската неподвижност.

6️⃣ Но еве ја најдлабоката тајна што повеќето луѓе ја пропуштаат…
По пеењето A-U-M, постои момент на целосна тишина.
Таа тишина се смета за највисока состојба на свесност.
Не звук… туку неговото отсуство.

7️⃣ Современите истражувања исто така покажуваат дека пеењето AUM:
✔️ го намалува стресот
✔️ го смирува нервниот систем
✔️ ја подобрува концентрацијата
✔️ го балансира ритамот на дишење
✔️ создава ментална јасност

Древната мудрост ја разбирала вибрацијата многу пред науката да може да ја измери.

8️⃣ Кога правилно пеете AUM:
не создавате само звук…
ги усогласувате телото, умот и свесноста.

Тоа е медитација.
Тоа е вибрација.
Тоа е поврзаност.

9️⃣ Следниот пат кога ќе пеете AUM… не брзајте.
Почувствувајте како вибрацијата патува:
Стомак → Гради → Глава → Тишина

Тоа патување е симбол на самиот живот.

🔟 Можеби AUM никогаш не бил наменет да се изговара гласно…
можеби бил наменет длабоко да се почувствува. ॐ

❤️🙏🏻🥰
#ДревнаМудрост #духовност #јасност #духовноБудење 🙏🏻🌺🙇‍♂️

ИНСПИРАТИВЕН ЈОГА СЕМИНАР ВО  СЕПТЕМВРИ 2026  ✨ "Јога патување низ седумте енергетски центри - чакри: разбудете ја своја...
24/01/2026

ИНСПИРАТИВЕН ЈОГА СЕМИНАР ВО СЕПТЕМВРИ 2026 ✨ "Јога патување низ седумте енергетски центри - чакри: разбудете ја својата внатрешна магија" со Yoga Life ✨
❗️❗️❗️РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ❤️ 072/221-192
072/ 318 - 884

Дали сте подготвени да го ослободите својот енергетски потенцијал, да внесете хармонија и баланс во секој аспект од животот и да го продлабочите вашето јога патување, поврзувајќи се со вашата внатрешна магија?
Придружете ни се на 7-дневен јога семинар посветен на енергетските центри - чакри, каде ќе научиме како да ја балансираме телесната и духовната енергија и ќе се поврземе со внатрешната светлина.

🗓️Дата: 15.09.2026 - 21.09.2026 (вторник-понеделник)
🏖Место: Hotel Olympios Zeus 3*, Плака – Литохоро,
♦️Цена: 28.500 денари (460 €) по лице, за сместување во двокреветна соба (најмалку 20 учесници).
Резервација со уплата на 7000 денари
♦️Во цената е вклучено:
- Автобуски превоз
- 6 ноќи/ 7 дена на база на ALl INCLUSIVE - појадок, ручек и вечера (шведска маса),
- Неограничени локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе, вода
- Лежалки на плажа и базен,
- Паркинг и интернет
♦️ Туристичка такса се плаќа дополнително на рецепција 15 € по лице.

♦️Можност за факултативен излет- Посета на Метеори (последен ден, доколку е согласна цела група со дополнителна доплата)

❗️ Хотелот и местото се проверени и одлични во однос на локација, сместување, храна и услови за спроведување на јога часови и работилници.
🔥 „Тие што учествуваа – го почувствуваа и знаат. Ваша е шансата да искусите повеќе, придружете ни се!

Што да очекувате:
🧘‍♀️ Јога сесии за секоја чакра – активирање и хармонизирање на седумте енергетски центри
💨 Длабоки техники на дишење (Pranayama) – смирување на умот, поттикнување на енергијата и фокус
🕉️ Медитации за секоја чакра – откријте ја моќта на секој енергетски центар
📝 Практични работилници за Mindfulness и енергетска свесност – интеграција на принципите на чакрите во секојдневниот живот
🤝 Дружење, забава и тимски активности – споделување искуства, инспирација и создавање пријателства
🏊 Слободно време и релаксација – сончање, пливање и личен простор за хармонија

Зошто да учествувате?
✅ Балансирање на физичката, менталната и духовната енергија
✅ Продлабочување на вашата јога практика
✅ Намалување стрес и зголемување на виталноста
✅ Создавање нови пријателства и незаборавни спомени
✅ Личен развој и подобрување на целокупното здравје

За кого е намемет семинарот:
* За сите нивоа – почетници и напредни
* За оние кои сакаат енергетска хармонија и баланс
* За љубители на јога, медитација и личен раст
* За секој кој сака да ја подобри физичката, менталната и духовната енергија

✨ Започнете го вашето патување кон хармонија, енергија и личен развој! Со моќта на јогата, медитацијата и свесното присуство, почувствувајте ја секоја ваша чакра, ослободете ја внатрешната магија и постигнете внатрешен мир и баланс.

ПОДАТОЦИ ЗА ХОТЕЛОТ:
Хотелот се наоѓа во Плака - Литохоро, 7 км од селото Литохоро, во близина на Лептокарија, на 20 км од градот Катерини. Сместен на пространа, чиста, песочно - камчеста плажа, меѓу борови дрвја и бујна вегетација во природна средина, овој хотел е идеален за мирен и релаксирачки одмор.
Располага со:
Рецепција, ресторан, a la carte ресторан, базен, бар покрај базен, клима уред, ТВ, бесплатен Wi-Fi на јавните површини на хотелот, спортски активности, 2 терени за кошарка, 2 фудбалски игралишта, игралиште за одбојка на плажа, детско игралиште, детско игралиште базен, паркинг. Дозволени се домашни миленици до 12 кг со доплата.
Хотелот има 100 камени бунгалови, сместување во дво и трокреветни соби. Сите соби се опремени со бања со фен, клима, сателитска ТВ, телефон, фрижидер, сеф, wi-fi интернет, тераса.

♦️Може да поканите и Ваши пријатели !

💖 ПРИЈАВЕТЕ и бидете дел од ова трансформирачко искуство!
072/221 – 192 Биба
072/318 - 884 Наде

Моќта е сè што е потребнокога сакаме нешто да наметнеме.Инаку, малку љубов е доволназа да се направи сè друго.... Чаплин...
19/01/2026

Моќта е сè што е потребно
кога сакаме нешто да наметнеме.
Инаку, малку љубов е доволна
за да се направи сè друго.... Чаплин
Добро утро со љубов...🦋🍀♥️

🌲🎅❤️Среќна Нова година, драги јогини❤️🎅🌲Нека Новата година започне и тече во вибрацијата на *Om* – звукот на Универзумот...
01/01/2026

🌲🎅❤️Среќна Нова година, драги јогини❤️🎅🌲

Нека Новата година започне и тече во вибрацијата на *Om* – звукот на Универзумот, единството и почетокот на сè. Нека здивот биде свесен, телото стабилно, а срцето отворено.
Нека Prana Ве води со леснотија, Shanti нека внесе мир во мислите, а Santosha нека Ве потсети на убавината на сегашниот момент.

Нека секоја асана биде молитва, секоја пауза простор за благодарност, а секоја пракса чекор поблиску до внатрешната светлина и вистината во вас.
Нека патот на јогата ве поддржи со сила, нежност и доверба во себе.

Namaste!🙏✨😘

MINDFULNESS (MIND & BODY) YOGA SEMINAR -  ЈУНИ 2026 - Отклучете ја Моќта на Свесноста со Yoga Life !❗️❗️❗️РАНА РЕЗЕРВАЦИ...
25/12/2025

MINDFULNESS (MIND & BODY) YOGA SEMINAR - ЈУНИ 2026 - Отклучете ја Моќта на Свесноста со Yoga Life !

❗️❗️❗️РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ♥️ 072/ 221-192
072/ 318 -884

Дали сакате да го намалите стресот, да ја зголемите концентрацијата и да живеете свесно и хармонично?
Придружете ни се на ексклузивниот 7-дневен Mindfulness семинар со целосен пристап на умот, телото и емоциите!

Хотелот и местото се проверени и одлични во однос на локација, сместување, храна и услови за спроведување на јога часови и работилници.
✨ „Тие што учествуваа – го почувствуваа. Ваша е шансата да искусите повеќе, придружете ни се!

📅ДATA: 04.06.2026 - 10.06.2026 (четврток-среда) 6 ноќи/ 7 дена
🏖МЕСТО: Хотел Sun Beahc Platamon Resort 3* - Платамона
🏵 ЦЕНА: 26.000 ден. (420€) по лице сместување во двокреветна соба, полупансион и автобуски превоз (најмалку 20 учесници)
❗️Резервација со уплата на 7.000 денари, најдоцна до 20.01.2026
🔹️Туристичка такса се плаќа дополнително на рецепција 15 € по лице.
🔹️Доплата за лежалка - со нарачка на пијалок/храна!

♦️Можност за факултативен излет- Посета на Метеори (последен ден, доколку е согласна цела група со дополнителна доплата)

Тема на семинарот: „Свесност, присуство и хармонија: Mindfulness во секојдневниот живот"
-Презентирање на техники за работа со мисли, емоции, тело и навики
-Пренесување на mindfulness во работа, односите и секојдневни активности

Што да очекувате:
🧘‍♀️ Јога часови – засилување на телесната свесност и енергија
💨 Техники на дишење (Pranayama) – смирување на умот и баланс на емоциите
📝 Практични работилници – од mindfulness основи до интеграција во секојдневниот живот
😇 Прекрасни медитации за релаксација на умот и одмор на вашата душа,
🎉 Дружење, забава и тимски активности– поврзување со други учесници во инспиративна атмосфера
🏖 Слободно време и релаксација - сончање, пливање и личен простор за хармонија

За кого е наменет овој Јога семинар?
* За сите љубители на јога и медитација кои сакаат да ги продлабочат техниките, без разлика на кое ниво се
* За сите кои сакаат да живеат свесно и со намален стрес
* За секој кој сака да гo подобри своето физичко, ментално и духовно здравје

Зошто да учествувате?
✅ Ќе научите техники што можете веднаш да ги применувате во секојдневието
✅ Ќе го намалите стресот и ќе ја зголемите концентрацијата
✅ Ќе откриете нови начини за свесно присуство во работа и во секојдневните односи
✅ Ќе креирате личен план за mindfulness и јога кој ќе ви помогне долгорочно
✅ Ќе се дружите, инспирирате и забавувате

💚 Придружете ни се на ова уникатно патување кон присутност, мир и хармонија!

Инфо за хотелот:

🏖 Sun beach Platamon Resort се наоѓа во подножјето на митскиот Олимп, во Платамонас. Станува збор за модерна туристичка единица со прекрасни градини, во сенката на познатиот замок Платамонас, веднаш на плажата. Тоа е локација со посебна природна убавина која на најдобар начин ги спојува планините и морето. Богата со култура и историја, со блиските познати археолошки локалитети на Вергина и Дион, и места како Каламбака и Метеора и секако градот Солун со музеи и локалитети на историја и култура.

Хотелот располага со 88 соби, опремени со: клима уред, сателитска ТВ, телефон, фен, сеф, интернет.
Содржини: рецепција, ресторан, бар, паркинг и надворешен базен.
Доплата за лежачка на плажа!

Со влијанието на Сонцето, морето, прекрасната природа, чистиот воздух и синергијата на групата, ќе се чувствувате освежени и инспирирани да ги победите сите предизвици пред вас. Се гледаме на семинарот!

♦️Може да поканите и Ваши пријатели !

072/221 – 192 Биба
072/ 318 - 884 Наде

Address

Булевар Јане Сандански 3, Скопје
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 17:00 - 22:00
Tuesday 17:00 - 22:00
Wednesday 17:00 - 22:00
Thursday 17:00 - 22:00
Friday 17:00 - 22:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Yoga Life posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category