Acibadem Sistina Hospital

Acibadem Sistina Hospital Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Acibadem Sistina Hospital, Hospital, Скупи, Skopje.

Од 17 до 19 април 2026 година во Скопје се одржа III конгрес на Македонското здружение за анестезија, реанимација и инте...
25/04/2026

Од 17 до 19 април 2026 година во Скопје се одржа III конгрес на Македонското здружение за анестезија, реанимација и интензивна нега (МЗМСАРИН), со меѓународно учество. Во рамки на конгресот беа презентирани 30 стручни предавања, презентации, работилница и стручна панел-дискусија.
Одговорната сестра на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување при КБ „Аџибадем Систина“, дипл. мед. сестра Марина Николоска, како и дипл. мед. сестра – специјалист анестетичар Андроники Бибовска, беа дел од Организацискиот и Стручниот одбор, додека 12 медицински сестри и техничари присуствуваа како слушатели. Како гостин предавач на конгресот се претстави и доц. д-р Дарко Саздов, специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување, со темата „Пишување и објавување трудови во сестринската пракса“, која е особено актуелна и бара соодветна подготвеност и вештини.
Прочитајте повеќе ⬇️ https://bit.ly/mzms2026

📍 Рамни табани📺 Емисија „Сè за најмалите “ MРТ📅 25.4.2026⏲️ 12:10 часот
24/04/2026

📍 Рамни табани
📺 Емисија „Сè за најмалите “ MРТ
📅 25.4.2026
⏲️ 12:10 часот

Проф. д-р Игор Кафтанџиев беше дел од 7. Конгрес на Хрватската трауматолошка асоцијација со интернационално учество, кој...
24/04/2026

Проф. д-р Игор Кафтанџиев беше дел од 7. Конгрес на Хрватската трауматолошка асоцијација со интернационално учество, кој се одржа на 17 и 18 април 2026 година во Опатија. На конгресот, проф. д-р Кафтанџиев настапи како поканет предавач со две стручни предавања под наслов: „Менаџмент на скршеници на проксималниот крај на бутната коска кај геријатриската популација“ и „Менаџмент на перипростетични скршеници на бутната коска по апликација на тотална протеза на колкот“.
Прочитајте повеќе ⬇️ https://bit.ly/igor-katftandziev

☀️ Витаминот Д – сончевиот витамин кој е клучен за вашето здравје!Во последниве години, покрај витаминот Ц, сè повеќе се...
23/04/2026

☀️ Витаминот Д – сончевиот витамин кој е клучен за вашето здравје!

Во последниве години, покрај витаминот Ц, сè повеќе се зборува за позитивното влијание на витаминот Д. Овој витамин има огромна улога во нашиот организам и учествува во многу важни процеси кои влијаат на имунитетот, коските и целокупното здравје.

Доколку чувствувате замор, слабост, болки во мускулите или намален имунитет, можно е вашето ниво на витамин Д да е намалено.

🔬 Проверете го нивото на витамин Д во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по промотивна цена од 1.800 денари.

📍 Улогата на нутритивната поддршка по отстранување на крајници кај деца📺„Добро утро, секое утро“, Алфа ТВ📅 24.4.2026⏲️ 7...
23/04/2026

📍 Улогата на нутритивната поддршка по отстранување на крајници кај деца
📺„Добро утро, секое утро“, Алфа ТВ
📅 24.4.2026
⏲️ 7:30 часот

🧠Неврохируршкиот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ првпат изведе мозочна фрејмлес-биопсија со примена на најс...
23/04/2026

🧠Неврохируршкиот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ првпат изведе мозочна фрејмлес-биопсија со примена на најсовремен Vertek-систем за невронавигација. Станува збор за еден од најпрецизните пристапи на биопсија, која се изведува преку минимален отвор и без поставување на класична метална рамка фиксирана на главата.
Прочитајте повеќе ⬇️

Неврохируршкиот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ првпат изведе мозочна фрејмлес-биопсија со приме...

Во пресрет на месецот на медицинските сестри, во симулацискиот центар на КБ „Аџибадем Систина“ почна реализација на симу...
23/04/2026

Во пресрет на месецот на медицинските сестри, во симулацискиот центар на КБ „Аџибадем Систина“ почна реализација на симулациската вежба „НАМАЛИ РИЗИК - ЗГОЛЕМИ БЕЗБЕДНОСТ (RISK DOWN – SAFETY UP)“.
Заедничката соработка иницирана од главната сестра на болницата, Билјана Дилевска и д-р Весна Атанасовска, помошник-директорка на СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, наиде на позитивна реакција и од вработените во болницата и од инструкторките во училиштето.
Симулацијата е целно дизајнирана специјално за потребите на учениците од III година, насока медицински сестри/техничари и нивните потреби за препознавање на основните ризици во болничката соба.
Прочитајте повеќе ⬇️

Во пресрет на месецот на медицинските сестри, во симулацискиот центар на КБ „Аџибадем Систина“ почна реализац...

Во просториите на Клиничката болница ,,Аџибадем Систина” се одржа стручен состанок во организација на болницата и Здруже...
22/04/2026

Во просториите на Клиничката болница ,,Аџибадем Систина” се одржа стручен состанок во организација на болницата и Здружението на дерматовенеролози на Македонија. Состанокот го отвори д-р Андреј Петров, специјалист и редовен професор по дерматовенерологија, кој го презентираше Одделот за дерматовенерологија. Тој ги истакна современите дијагностички и терапевтски можности, широкиот спектар на услуги, како и врвната технологија со која располага одделот. Со искусни специјалисти, одделот обезбедува точна дијагноза, ефикасен третман и континуирана поддршка на пациентите.
Прочитајте повеќе⬇️

Во просториите на Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“ се одржа стручен состанок во организација на болницата и З...

Марио Илиевски, фудбалер и главен напаѓач на ФК Приштина, беше успешно опериран во Клиничката болница „Аџибадем Систина“...
22/04/2026

Марио Илиевски, фудбалер и главен напаѓач на ФК Приштина, беше успешно опериран во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по повредата на Ахиловата тетива на десната нога, здобиена за време на фудбалски натпревар.
Хируршката интервенција ја изведе д-р Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Прочитајте повеќе⬇️

Марио Илиевски, фудбалер и главен напаѓач на ФК Приштина, беше успешно опериран во Клиничката болница „Аџибадем Систи...

22/04/2026

🎙️ Денес во „Телма амбуланта“ за „репродуктивна долговечност“ зборува м-р д-р Александар Бојаџиев, специјалист по гинекологија. Дали се поместуваат репродуктивните граници?

Денес со почеток во 14:00 часот, во амфитеатарот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе се одржи стручен состанок в...
22/04/2026

Денес со почеток во 14:00 часот, во амфитеатарот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе се одржи стручен состанок во организација на болницата на тема: „Радиотерапијата во Македонија - сегашност и иднина“. Состанокот е акредитиран од Лекарската комора на РСМ.

Вистинските лекари оставаат трага - не само во здравјето, туку и длабоко во срцата на луѓето. Со овие зборови започнува ...
21/04/2026

Вистинските лекари оставаат трага - не само во здравјето, туку и длабоко во срцата на луѓето. Со овие зборови започнува искрената благодарност и длабоката почит што семејството Имери ѝ ја упатува на д-р Радица Муратовска-Делимитова - личност која со својата посветеност, човечност и професионалност направила повеќе од лекување. Ова е приказна за доверба, грижа и вистинска хуманост.

„Но она што ја прави навистина посебна не е само нејзиниот професионализам, туку и нејзиното големо срце. Таа не беше покрај нас само како доктор, туку и како вистинска поддршка - како човек кој секогаш наоѓа време да сослуша, да утеши и да советува, дури и кога не беше на работа. Во моменти на страв и неизвесност, нејзиниот глас и нејзините зборови ни даваа мир и сила. Тешко е со зборови да се опише колку многу значи некој кој не само што лекува, туку и искрено се грижи. За нас, таа не е само доктор - таа е човек кој стана дел од нашето семејство. Од срце, Хареа и Блини ѝ упатуваат најголема благодарност на нивната сакана докторка. Зашто, вистинскиот лекар не лекува само со знаење, туку со љубов, посветеност и човечност - а токму тоа ја прави незаменлива“ - сподели Албана.

Address

Скупи
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Acibadem Sistina Hospital posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Acibadem Sistina Hospital:

Share

Category