12/11/2021
Како и секоја друга работа во животот и Традиционалната Тајландска Јога Масажа, тече и се менува. Во тој тек ги бруси алатките со кои работи, прима се што е позитивно а остава зад себе се она, што може да се надргради или го обременува самиот процес, самата сеанса. Арно ама дечково што мене ми предаваше на Акедемија, е толку добар што неговава сеанса додека ја совладав ( мислев дека не ме бидува за ништо во животот ) и сега додека ја користам на одредени клиенти кои се на висок левел од конзумирање на ТЈМ ( спортисти, атлетичари, Јога вежбачи и сл) ниту еден од нив не покажува знаци дека сеансата му здодеала, дека треба да ја збогатам со нови движење и истегнувања, туку едноставно сите ја посакуваат неа, истата онаква каква прв пат ја пробале ( сме ја сработале ) Тоа само, после толку години ми покажува колку талентиран бил Ралф и колку квалитетна сеанса искомпонирал.....Тој денес котира многу високо во нашата фела во светски рамнки, пишува книги, врши истражувања и нон стоп го подобрува својот уникатен пристап, Уникатен Стил од кој ден денес застанува здивот на секој оној што го гледа или работи со него....Легенда од типче Ралф Мазрен, на кој сум му благодарен до бесвест, затоа што ме научи на некој работи за кои ниедна академија или книга ги нема во својата содржина....Простете што можеби премногу напишав, но еве ви едно кратко видео да го видите мојот учител на дело...Искрен поздрав од Вашиот ТЈМ инструктор левел 10, кун Атанас Мукоски......