Денови на психологија
Национална платформа на психолози на Р.Македонија за унапредување на менталното здравје
Денови на психологија е иницијатива на Комората на психолози со цел самоафирмација и промоција на психологот, неговата дејност и улога на чувар и заштитник на менталното здравје и процесите на менталното здравје во заедниците во кои психологот делува. Оваа иницијатива најчесто се реали
зира во месец Ноември. Првата едиција се реализираше во Ноември, 2017, по повод десет годишнината од функционирањето на Комората на психолози како професионално тело кое ги застапува интересите на сите психолози во Р. Македонија.
Денови на психологија иако се иницирани од Комората на психолози, идејно и логистички ќе бидат реализирани од сите заинтересирани lлиценцирани психолози и институции од каде што тие доаѓаат. На овој начин, секој заинтересиран психолог ќе предложи и спроведе акција преку која ќе ја презентира личната и професионалната грижа за менталното здравје во заедницата и пошироко. Предложената акција претставува промоција на психологот и е негов придонес во унапредувањето на менталното здравје во одредениот сектор каде тој функционира и ја развива дејноста.
Секој заинтересиран психолог својата акција ја предлага во дефинирани области на: Здравство, Човечки ресурси, Образование, Приватна пракса и Социјална заштита. Акциите можат да бидат одредени презентации на релевантни теми, работилници, предавања, дискусии, истражувачки проекти, јавни акции, гостувања во медиуми, пишан текст, мапирање на потребите за психолошка дејност на заедницата и артикулација на наодите. За пријавените акции, психологот ги користи сопствените и ресурсите на институцијата и заедницата.
Пријавените акции и психолози ќе влезат во националната агенда на настани и на тој начин истите ќе бидат промовирани национално преку нивно поставување и артикулирање на платформата на соработка на социјалните медиуми.
Сите оние кои што ќе земаат учество во оваа национална платформа, освен промоцијата на психолошката улога и дејност и придонесот во артикулација на прашањето на ментално здравје, ќе им бидат доделени и сертификати за учество од страна на Комората на психолози, потребни за унапредување на професионален развој.
Денови на психологија се реализира на база на нашите способности, нашата креативност, нашето време и професионалност и нашиот капацитет за взаемно делување. Притоа, ние ги користиме и ресурсите на заедницата, институциите во кои работиме, и можностите кои ги имаме. Учеството во оваа платформа ни овозможува и поврзување и грижа едни за други и промоција на нашата професија како исклучително значајна за заштитата и унапредување на менталното здравје и добросостојба на граѓаните на Р.Македонија.
Психолошката акција е непрофитна дејност на пријавените психолозите, наменети за граѓаните и заедницата се реализира волонтерски. Ресурсите кои ги инвестираат, се ресурсите кои ги имаат и кои ги користат.
Денови на психологија 2017 се реализираше под слоганот „Грижа за Себе е грижа за Тебе”
Хаш - тагови на ДП2017 се:
#грижазасебеегрижазатебе #деновинапсихологија2017 #менталноздравје
Организацискиот Одбор на Денови на Психологија 2017:
Радмила Живановиќ, претседателка, radmila.zivanovic@gmail.com,
Фросина Денкова Зафировска, frosinadenkova@gmail.com,
Светлана Илоски, svetlanailoski@gmail.com,
Андреа Велинова, velinovaandrea@gmail.com
Марија Ангелеска, m_nedelkoska@yahoo.com,
Љубица Попова, ljubica.popova@yahoo.com,
Мирјана Јовановска Стојановска, mstojanovska2002@yahoo.com
Тина Кочовска, gocevskatina@gmail.com
Денови на психологија 2018 се реализираше под слоганот „Одблиску со психолозите: Ајде да зборуваме За...“
Хаш - тагови на ДП2018 се:
# #деновинапсихологија2018 #менталноздравје
Организацискиот Одбор на Денови на Психологија 2018:
Денови на психологија 2019 се реализираше под слоганот Ајде да зборуваме....видливото и НЕВИДЛИВОТО Насилство
Хаш - тагови на ДП2019 се:
# #деновинапсихологија2019 #менталноздравје
Организацискиот Одбор на Денови на Психологија 2019:
Хаш - тагови на ДП2020 се:
# #деновинапсихологија2020 #менталноздравје
Организацискиот Одбор на Денови на Психологија 2020:
Графички дизајн на кампањата 2017-2019:
Вили Стоилова, stoilovavilii@gmail.com