13/02/2019
ЧУСТВО НА НЕДОСТАТОК НА ВОЗДУХ
Гушењето и чуството на недостаток на воздух кој се јавува кај старите лица или кај лицата кои имаат ослабено срце. На лицето можат да бидат приметени модри усни, на нозете може да се примени оток на двете потколеници. Болните ноќе лошо спијат или воопшто не спијат.
Кај луѓето кои се жалат на чуството на гушење, недостаток на воздух во мирување или зголемен напор со чуство на стегање на вратот. Наведените тегоби неретко се придружувани со несвестица, втроглавица или забрзан ритам на работата на срцето, кој може да биде повремен или со континуиран тек цел ден и ноќ.
Најчести причини за гушењето се: присутност на страно тело во дишните патишта, болестите на срцето, т.е. слабост на срцето, потоа акутни и хронични болести на горните и долните дишни патишта, болести на штитната жлезда, присуство на зголемени лимфни јазли или други туморски творби кои притискаат и израснуваат во дишниот состав (леукемија, лимфомни, метастатски тумори) болести на штитната жлезда, слабокрвност (анемија), психички болести (нервоза, депресија или психоза).
Гушењето и чиството на недостаток на воздух кој се јавува кај старите лица или кај лицата кои имаат ослабено срце, клинички неретко се манифестираат со вовлекување на кожата при дишењето на преминот на вратот во горниот дел од градниот кош и видливи набрекнати вени на вратот. На лицето можат да бидат прметени модри усни, а на нозете лекарот може да примети оток на двете потколеници. Болните ноќе лошо спијат или воопшто неспијат, а на креветот лежат полуседечки, неретко кај ортворен прозор. Дневното мокрење изнесува само 500 мл. Кај таквите болни би можело да стане збор за ослабено срце, а причините за таквата состојба се бројни.
Потребна е посета на лекар, зошто последиците можат да бидат многу сериозни. Срцето може да дојде во состојба во која велиме дека попуштило и тогаш се развива гушењето, кое може да доведе до смрт заради насобирае на заоатаната течност во белите дробови. Треба да се напомене дека гушењето со останатите симптоми, како болки во градниот кош, несвестици и понекогаш губење на свест, може да биде прв знак на акутен инфаркт на срце