Nutricionist Veronika Minov

Nutricionist Veronika Minov Добредојдовте на мојата фб страна каде ќе најдете совети и информации за здрава и балансиран исхрана

01/05/2026

Како последно мое видео со Accu-Chek сензорот за мерење гликемија, мораше да биде токму оваа споредба помеѓу овие две лепчиња. Зошто? Бидејќи кај нас лебот е речиси неизоставен дел од секој оброк, а особено луѓето со дијабет многу тешко се откажуваат од него.

И кај мене дома беше исто. Мајка ми не седнуваше на маса без леб и секогаш избираше интегрално лепче, мислејќи дека тоа е подобрата опција за нејзе како дојабетичар. Но кога ги пробавме овие домашни лепчиња, разликата се виде многу јасно -прво кај неа, потоа кај мои клиенти, а искрено и кај мене, особено во однос на ситост и подобар избор.

Затоа мојот совет е јасен: правете си домашни лепчиња кога можете.
На мојот профил имате многу рецепти кои можат да ви бидат вкусна и подобра алтернатива.
Вероника❤️🙏
#дијабетес

30/04/2026

Лепче од леќа наспроти интегрално лепче од цело зрно.
Ова видео го снимив предпоследниот ден додека го носев сензорот, а го објавувам сега затоа што едноставно не сакам да остане невидено. Уште одамна сум поборник за вакви лепчиња од мешунки и има добра причина за тоа.
Не е исто секое „интегрално“ лепче, ниту секоја поздрава ознака значи и подобар гликемиски одговор. Токму затоа сакам практично да покажам како различни избори можат различно да влијаат на гликемијата.
Оваа споредба навистина вредеше да се сподели.
Утре следува и видеото со интегралното лепче од продавница, за да ја видите разликата и во пракса
Вероника ❤️❤️
#дијабетес

Денешната средба во Министерството за здравство за мене не е само протоколарна средба, туку чекор кон промена која одамн...
27/04/2026

Денешната средба во Министерството за здравство за мене не е само протоколарна средба, туку чекор кон промена која одамна ѝ е потребна на нашата здравствена заштита.
Јас искрено верувам дека современото здравство не смее да биде насочено само кон лекување на последиците, туку мора многу посилно да се насочи кон превенција, едукација и рана поддршка на граѓаните.
Исхраната не е замена за медицински третман, но е една од најмоќните алатки за превенција, контрола и поддршка при многу хронични состојби: обезност, инсулинска резистенција, дијабетес тип 2, кардиоваскуларни заболувања, дислипидемија, гастроинтестинални нарушувања, автоимуни состојби и многу други здравствени предизвици.
Мојата заложба е јасна: секој пациент со хронична болест треба да има право не само на терапија, туку и на стручно водена нутритивна едукација, индивидуален пристап и конкретни насоки како преку исхраната и животниот стил да го подобри своето здравје.
Во Македонија постои образовен кадар, постојат стручни лица, постојат насоки и правила на хартија, но она што недостига е вистинска системска имплементација, правна регулација и институционално признавање на професијата нутриционист и диететичар.
Затоа се залагам нутриционистите и диететичарите да бидат вклучени во здравствените установи, во превентивните програми, во работата со пациенти со хронични заболувања, во едукација на населението и во градење на здравствени навики уште од најрана возраст.
Промената не започнува само со лекување кога болеста веќе ќе се појави. Промената започнува со знаење, превенција, правилна поддршка и систем кој ќе го препознае значењето на исхраната како дел од јавното здравје.
Благодарност до Министерството за здравство за отвореноста за разговор и за можноста оваа тема конечно да добие простор. Верувам дека ова е почеток на процес кој може да донесе вистинска вредност за граѓаните и за здравствениот систем во Македонија.

23/04/2026

Денес ја пробав една од моите омилени варијанти за појадок- оброк без дополнителен леб и без скробести прилози, каде јаглехидратите главно доаѓаат од зеленчукот.

Оброкот беше:
2 јајца со малку кромидче, подготвени како омлет со малку масло, плус свеж домат и салата од марула со маслинки.

Кај мене, овој оброк направи многу мал гликемиски одговор:
од 5.1 до 5.8 mmol/L, а потоа за околу 1 час и 30 минути гликемијата повторно се стабилизираше, падна под 5.5 и остана мирна сe до следниот оброк.

Ова е убав пример дека не секој оброк мора да прави голем „скок“ на шеќерот. Кај мене, оваа комбинација даде стабилна енергија, добра ситост и помирен гликемиски одговор.

Ваквите оброци често можат да бидат добра опција за лица со инсулинска резистенција, предијабет или дијабет, но и за секој што сака постабилна енергија во текот на денот и помал глад по оброк.

Секако, секое тело реагира различно, па затоа најважно е да следиме како конкретен оброк делува кај нас.

Токму затоа сакам да тестирам различни оброци и да мерам што навистина се случува со гликемијата во пракса- затоа што мали промени во составот на оброкот може да направат голема разлика.
Вероника❤️
#дијабетес

21/04/2026

Денес ја пробав втората варијанта на овесна каша и повторно се покажа дека не е важно само што јадеме, туку и како го комбинираме оброкот.
Вчерашната варијанта со овесни снегулки и овошје со повеќе природни шеќери ми направи скок на гликемијата од 4.9 до 7.2.
Денес, со цело зрно овес, помалку банана, повеќе шумско овошје и додадени масти од ореви, гликемијата се искачи од 5.3 до 6.9.
Значи, иако денес почетната вредност ми беше повисока, врвот беше понизок и скокот беше помал.
Тоа ни покажува дека мали промени во составот на истиот оброк можат да направат реална разлика во гликемискиот одговор.
Што сменив денес?
7 лажици цело зрно овес
200 g кисело млеко
1 лажица ореви
1/2 банана
2 шаки шумско овошје
Зошто ова е важно?
Затоа што поповолна комбинација на оброк може да значи:
помирен пораст на шеќерот во крвта, постабилна енергија, поголема ситост и помала веројатност за брз глад после јадење.
Ова е особено важно кај лица со инсулинска резистенција, предијабет или дијабетес, но и кај секој што сака да се храни попаметно и да има постабилна енергија во текот на денот.
Поентата не е да се плашиме од овесната каша туку да научиме како да ја направиме подобра верзија за нас.

Вероника

#дијабетес

20/04/2026

Варијанта 1: овесна каша и гликемиски одговор
Денес тестирав како една овесна каша влијае на гликемијата кога е направена со одредена комбинација на состојки. Кај мене гликемијата се покачи од 4.9 на 7.2 mmol/L. Ова, во мојот случај, беше умерен скок, но поентата е многу поголема од самата бројка.
Целта на овој мал експеримент е да покажам дека не е важно само што јадеме, туку и како и со што го комбинираме. Иако повторно станува збор за овесна каша, различни состојки и различни комбинации можат да дадат различен гликемиски одговор.
Многу важно: ова не значи дека истиот резултат би го имал секој. Кај некого скокот може да биде значително поголем. Тоа особено важи кај лица со инсулинска резистенција, предијабет, дијабет тип 2 или дијабет тип 1, затоа што одговорот на телото на јаглехидратите зависи и од тоа колку добро делува или колку воопшто има инсулин.
Затоа, кога гледаме вакви тестирања, не треба слепо да споредуваме бројки меѓу луѓе, туку да гледаме што се случува кај истиот човек, со различна комбинација на храна и токму тука мислм дека сензотот на Accu Chek може да помогне.
Утре ќе пробаме нова варијанта, со приближно исти калории, но со малку поразлични состојки, за да видиме дали комбинацијата навистина прави разлика. Теоријата вели дека да ,сега ја проверуваме и во пракса.
Првата варијанта беше:
7 лажици rolled oats-снегулки
200 g овчо кисело млеко (5–6% масленост)
1 средна банана
1 средно јаболко
1 супена лажица суво грозје
Приближна нутритивна вредност на целиот оброк:
околу 550–600 kcal
јаглехидрати: околу 90–95 g
протеини: околу 18–20 g
масти: околу 13–16 g
влакна: околу 11–13 g
Следува втора варијанта.
Да видиме дали истата овесна каша, со друга комбинација, ќе даде помирен гликемиски одговор.
Вероника

#Дијабетес

Денес поминав прекрасен ден на мал пикник кај местото Три круши, со членовите на Здружението на лица со дијабетес „Мост“...
19/04/2026

Денес поминав прекрасен ден на мал пикник кај местото Три круши, со членовите на Здружението на лица со дијабетес „Мост“ од Скопје - луѓе со кои одамна се дружам и со кои секоја средба носи топлина, искреност и многу важни разговори. ❤️
За ова дружење им подготвив сендвичи со лепче од леќа, урнебес салата и краставичка, како и мали бомбици од урми, кокос и јатки. Пешачевме, разговаравме, се смеевме и уживавме во природата, но истовремено зборувавме и за реалните предизвици со кои секојдневно се соочуваат лицата со дијабетес тип 1 и 2 во Македонија.
Зборувавме за исхраната, за физичката активност, за гликемијата и за она чувство на страв што често е присутно - дури и по едно обично пешачење, кога сите седнуваат и веднаш проверуваат колку им е шеќерот. Токму затоа на овие лица им е потребна континуирана поддршка, разбирање, едукација и чувство дека не се сами.🙏
Ми беше навистина чест што денес бев со нив. Секогаш си поминувам прекрасно - убаво друштво, искрени луѓе и средби што потсетуваат колку се важни заедништвото, знаењето и поддршката. 💙❤️.
#дијабетес #подршка #едукација

18/04/2026

Запомнете: речиси секогаш може да се направи подобра верзија на истиот оброк, потребно е само малку повеќе свесност и подобар избор.
Денес го пробав чоколадниот пудинг „без шеќер“. Не ми направи голем скок на гликемијата, но сепак одговорот беше поголем во споредба со варијантата со чист протеински јогурт и свежо овошје.
Тоа ни покажува дека не е доволно само на производот да пишува „без шеќер“. И таквите производи често содржат други додатоци, засладувачи и пообработени состојки кои кај некои луѓе сепак можат да влијаат на гликемискиот одговор.
Ако истиот десерт го подготвиме во домашна варијанта, на пример со јогурт, какао и внимателно избрани состојки, многу често добиваме почист состав, помалку процесирана храна и потенцијално помирен одговор на шеќерот во крвта.
Пораката е едноставна: јадете што почесто домашно, помалку процесирано и читајте состав, не само предната страна на пакувањето. Телото многу јасно ни покажува кога изборот е подобар.❤️
Вероника🙏.
#дијабет

17/04/2026

Денес тестирав една поедноставна и подобра варијанта: обичен грчки протеински јогурт без масти + свежи боровинки.
Резултатот? Гликемијата ми остана речиси целосно мирна -од 5.0 се качи само на 5.2, а потоа се врати на 5.1. Вчера со купечкиот овошен јогурт без шеќер, отиде и до 5.8mmol/L.
Она што е важно да се нагласи е дека и грчкиот јогурт што го избрав беше исто така без масти и со слична количина на протеини како купечкиот овошен јогурт кој го тестирав вчера. Значи, разликата не беше во мастите или во протеините, туку во составот: наместо додадено овошје во производот, вештачки засладувачи и пообработена варијанта, овде имав обичен јогурт на кој додадов свежи боровинки.
Тоа уште еднаш ни покажува дека секогаш може да се избере подобра и поздрава варијанта- не затоа што мора да се откажеме од вкусот, туку затоа што со малку повеќе свесност и труд можеме да направиме избор што е и вкусен, и поквалитетен, и подобар за гликемискиот одговор.
Пораката е едноставна: не е секогаш проблемот во тоа дали нешто е „протеинско“ или „без масти“, туку во целокупниот состав. Кога знаеме што бираме, многу полесно наоѓаме подобра опција..
#дијабетес

16/04/2026

CGM сензорот од Accu-Chek е одлична алатка за да видиме како одредена храна влијае на гликемијата и полесно да ја избереме подобрата опција. Иако резултатите секогаш се индивидуални и зависат од повеќе фактори, сепак даваат многу корисен патоказ.
Во овој случај, купечкиот овошен протеински јогурт направи пик до 5.8, што не е драматично и може да се смета за релативно толерантен одговор. Сепак, секогаш има простор да се провери дали постои уште подобра, поприродна опција. Токму затоа, утре ќе видиме споредба со друга варијанта..
Stay tuned
Вероника❤️❤️

15/04/2026

Ставив CGM сензор од Accu-Chek за континуирано следење на гликемијата, бидејќи дијабетот е една од темите што најмногу ме интересира и професионално, и човечки. Сакав во пракса, на себе, да видам како навистина храната влијае врз шеќерот во крвта, не само теоретски, туку и реално, во секојдневни услови.
Се што сме учеле, се што покажуваат студиите, сакав да го видам „во живо“: како реагира телото на различни оброци, кои комбинации даваат постабилна гликемија, а кои прават поголеми скокови итн. Токму затоа решив и да снимам дел од тие експерименти, па понатаму ќе споделувам и видеа со интересни споредби и практични примери.
И искрено, сметам дека секој човек што живее со дијабет во Македонија заслужува да има пристап до ваков сензор и тој да биде поддржан од системот. Зошто? Бидејќи превенцијата и добрата контрола се секогаш поевтини и помалку болни од лекувањето на последиците. Овие сензори не служат само за мерење тие едуцираат. Тие покажуваат која храна и кои навики го покачуваат шеќерот, а со тоа му помагаат на човекот подобро да избира, подобро да комбинира и попаметно да се храни.
Ова не е само технологија. Ова е алатка за свесност, превенција и подобар квалитет на живот. ❤️
П.с. Видеото е спонтано❤️
Вероника

#дијабет

Уште еднаш благодарам на Телевизија Телма за поканата да бидам гостин во утринската програма, заедно со д-р Димитар Мило...
14/04/2026

Уште еднаш благодарам на Телевизија Телма за поканата да бидам гостин во утринската програма, заедно со д-р Димитар Милошески, специјалист по спортска медицина, на тема која е навистина сериозна и актуелна – обезноста кај децата.

Во разговорот посочивме дека родителите многу често не се доволно свесни за долгорочните последици од современиот начин на исхрана кај децата однсосно недоволен внес на овошје и зеленчук, а се поголема застапеност на процесирана и нутритивно сиромашна храна. Последиците не се само естетски, туку и сериозно здравствени- од зголемен ризик за инсулинска резистенција, дијабет тип 2, покачени масти, замастен црн дроб и кардиометаболни нарушувања, до негативно влијание врз самодовербата и квалитетот на живот.

Темата е научно оправдана и поткрепена со податоци од Европската иницијатива за следење на дебелината кај децата (COSI), која е координирана од СЗО Европа. Според најновите јавно објавени податоци, во Македонија 31.2% од децата имаат вишок телесна тежина, а 13.7% живеат со обезност, што е над европскиот просек. Дополнително, кај нас е регистриран најнизок дневен внес на свежо овошје во европскиот регион, а внесот на свеж зеленчук е меѓу најниските во Европа, додека солените грицки се консумираат многу често.

Ова е јасен сигнал дека проблемот не е индивидуален, туку општествен. Затоа ни се потребни колективни и системски решенија: поголема едукација на родителите, подобри училишни менија, ограничување на нездравата храна во училишната средина, повеќе нутриционистичка едукација и заедничка акција од семејството, училиштата, здравствените работници и институциите.

Во продолжение ќе го споделам линкот од целата емисија за сите што сакаат да ја проследат темата подетално, како и линк од јавно објавените податоци (https://iph.mk/en/news/index/1715).
Верувам дека само со навремена свест, знаење и конкретни мерки можеме да направиме вистинска промена за здравјето на нашите деца.
https://youtu.be/GZ595wc28Qg?si=ZtmrxQq-XZnQqwhv

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Address

Skopje
1000

Telephone

+38972639362

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Nutricionist Veronika Minov posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Nutricionist Veronika Minov:

Share

Category