If you need any further assistance or information about the clinic, feel free to contact us or make an online appointment! ПЗУ “ХИСТЕРА” Скопје – Специјалистичка ординација по Гинекологија и Акушерство
Основана во 2007год со цел да допре до секој пациент и со намера непосредно да го понуди својот широк спектар на услуги. Нашата дејност е заснована врз столбовите создадени од врвен професионализам
, знаење, долгогодишно искуство во кои постојано ги вградуваме новите сознанија и текови во светската Гинекологија и Акушерство.
Секојдневно работиме на полето на превентивата како основен предуслов за што подобро женско здравје. Изведуваме бројни дијагностички постапки за брзо и точно дијагностицирање на состојбите и заболувањата. Превземаме и изведуваме тераписки интервенции, конзервативни и радикални хируршки зафати како дефинитивни третмани на вашите проблеми.
ПЗУ “ХИСТЕРА” поседува стручен кадар, врвна опрема и просторни можности да излезе во пресрет на секој ваш проблем и адекватно да го разреши.
ПЗУ “ХИСТЕРА” се протега на површина од 160 м2 и поседува:
- Кабинет за стерилитет и инфертилитет
- Кабинет за перинатологија
- ХПВ – ласер центар
- Кабинет за гинеколошка онкологија
- Кабинет за урогинекологија
- Интервентна сала
- Дневен престој
Со почит
Др. Филип Вановски
Специјалист по гинекологија и акушерство