Ajde da jademe

Ajde da jademe Исхрана за подобра дигестија, инсулинска резистентност и хипотироидизам
Балансиран и реален пристап без рестриктивни диети
Основач на „Ајде да јадеме“

Задоволство ми беше да дискутираме на тема што ми е омилена...
13/05/2026

Задоволство ми беше да дискутираме на тема што ми е омилена...

Во деведесет и осмата епизода на поткастот “Како си?“ на гости ни дојде Антонио Велковски - нутриционист.Содржина:00:00 Интро00:48 Антонио, како си?01:29 Што...

12/05/2026

Ѓозлеме е супер специјалитет, ама кој да сука кори?

Еве една побрза варијанта:

2 тиквички, посолени и процедени од течноста
300 g кравји кашкавал
Млад кромид
Сол, црн бибер, оригано
путер со помала масленост

500 g 'ржани или хељдини кори

Испробајте го рецептот и кажете ми дали барем малку ве потсеќа на турско ѓозлеме 😊

11/05/2026

Мојата приказна со нутриционизмот почна од Технолошко-техничкиот факултет во Велес затоа што само доброто образование и научната поткованост се главни услови за успешен нутриционист.

10/05/2026

Одлична салата-оброк за претстојниот период од:
• Варена шарена киноа
• Варен наут
• Црвен кромид, краставица, пиперка, домат
• Маслинки, фета сирење

И преливот од:
ладно цедено масло од семки од тиква од сок од
лимон, сенф и лук во прав

Значи имаме: житарка, мешунка, зеленчук, маслинки, фета и ладно цедено масло од семки од тиква.

Која би била вашата варијанта на оваа салата?

09/05/2026

Ако сакате да видите кско изгледа еден мој (хаотичен) работен ден пред викен, еве ви шанса 😁

06/05/2026

ДЕН 3 од 5 пролетен ресет

Сами составете си програма за исхрана по оваа шема:

1. Одредете си 2-3 оброци плус ужина
2. Распоредете извор на протеини, јаглехидрати и масти низ секој оброк
3. Распоредете овошје и зеленчук низ оброците
4. Испробувајте само по 1-2 нови рецепти
5. Држете се до наједноставни комбинации
6. Слушајте си го телото кога ви дава сигнали за глад и за ситост

Што ви е тешко, а што лесно од ова да го спроведете?

05/05/2026

Ако немате добар список на намирници, никогаш нема да почнете со поздрава исхрана.

Затоа купете го следново:
1. ЗА ПРОТЕИНИ: јајца, месо, млечни производи, леќа, грав, наут, грашок
2. ЗЕЛЕНЧУК: блитва, спанаќ, марула, брокула, млад кромид, кромид, моркови, тиквички, домати...
3. ЗА ЈАГЛЕХИДРАТИ: компир, житарки, овесни снегулки, леб, тортиљи, паста
4. ОВОШЈЕ: јаболка, јагоди, малини, капини, боровинки, банани...
5. ЗА ВКУС: масла, јатки и семки, сенф, лимон, зачини

Дали нешто пропуштив?

04/05/2026

Ден 01 од 5 дена пролетно ресетирање (како да си ја вратите исхраната во рамнотежа по празничен викенд)

Денес зборувам од каде да се почне 😊

Зарем заврши викендот? Ајде да си ветиме дека од утре се враќаме во форма!Спремам серијал со едноставни правила за враќа...
03/05/2026

Зарем заврши викендот? Ајде да си ветиме дека од утре се враќаме во форма!

Спремам серијал со едноставни правила за враќање на подобра исхрана по празниците 🙃

„Дали јаглехидратите смеат да се јадат само наутро ако сакаме да слабееме?“Ова е едно од најчестите прашања што ги добив...
29/04/2026

„Дали јаглехидратите смеат да се јадат само наутро ако сакаме да слабееме?“
Ова е едно од најчестите прашања што ги добивам.

Краткиот одговор е: Не.

Митот дека јаглехидратите „магично“ дебелат по 16:00 часот е токму тоа – мит. Нашето тело не вклучува автоматски аларм за складирање масти штом доаѓа попладне.

Што е многу поважно за одржување здрава телесна маса?
- Вкупен внес на калории во денот
- Доволно протеини и растителни влакна
- Квалитетен сон и менаџирање на стресот
- План кој е реален и одржлив за ВАС

И постои факт што редовно го забораваме: секоја здрава растителна намирница (зеленчук, овошје, мешунки) содржи јаглехидрати. Ако ги следиме радикалните правила од прашањето, би требало да се плашиме и од марула попладне.

Сметате дека марула ќе ве здебели???

За некого јаглехидратите се најидеални наутро, за друг се начин да остане сит и и да не грицка навечер.
Место да го гледаме часовникот, ајде малку повеќе да обрнеме внимание на квалитетот на целата чинија.

Дали и вие верувавте во правилото „без јаглехидрати по 4 попладне“? Пишете ми во коментар!

28/04/2026

GIVEAWAY со 🥳🥳🥳

На тројца од вас им доделува пакет производи!!!

За да влезете во конкуренција за награда, треба да го направите следново:

• да тагнете пријател/ка во коментар
• да следите и
• предност ќе биде ако видеото го споделите на story

Добитниците ќе бидат соопштени на 4МАЈ‼️

Address

Hristo Tatarcev 47I
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 17:00
Tuesday 10:00 - 17:00
Wednesday 10:00 - 17:00
Thursday 10:00 - 17:00

Telephone

+38971211191

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ajde da jademe posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Ajde da jademe:

Share

Category